Вести

Елитниот Кембриџ се поднови. Со чучавци.

Локалната власт во градот Кембриџ потроши милионска сума за серија јавни вецеа со концепт чучавци. Направено е тоа за да се задоволеле некои специфични културолошки преференци на дел од туристите кои го посетуваат градот. Локалците сега мрчат затоа што треба да платат за да чучнат. 

Старите далноводи се одговорни за катастрофалните пожари во Грција

Застарената надземна електрична мрежа е одговорна за најразорните шумски пожари во Грција во текот на оваа сезона. Бројот на пожари од далноводи е релативно мал, но огнот вообичаено избувнува на непристапно место со сува вегетација и ветровите лесно го шират во катастрофа. На Грција ѝ требаат 35 милијарди евра за да закопа кабли во должина од 120.000 километри.

Чудо во Германија:

Црквите губат верници, но добиваат повеќе пари

Стотици илјади верници секоја година ги напуштаат католичките и протестантските цркви во Германија, но црквите сепак добиваат повеќе пари од задолжителните даноци. Зголемувањето на просечните плати и прогресивниот даночен систем значат дека намалениот број регистрирани верници секоја година издвојуваат повеќе пари за црквата.

Речник

Неписмените работници во САД заработуваат како просечните во Британија

Иако младите Британци се квалитетно образувани, тоа не им е гаранција дека на пазарот на труд лесно ќе најдат работа и ќе добијат плата соодветна за знаењата и вештините што ги стекнале. Економската стагнација ги пренасочува кон работни места за кои се преквалификувани и им ги зголемува фрустрациите поради тоа што заработуваат помалку од неписмени работници од САД.

Никој во ЕУ не знае кој ќе го плати заемот од 90 милијарди за Украина

Првите транши од заемот на Европската Унија за Украина во вредност од 90 милијарди евра почнаа да се исплаќаат од јуни. Иако некои земји-членки се изземени од финансиските обврски поврзани со заемот, се поставува прашањето: кој на крајот ќе го сноси товарот? Очигледно, ниту самата Европска комисија не го знае одговорот.

Го извлекле Трамп од „Ер форс 1“ во камионче за храна?

Доналд Трамп тајно ја напуштил Турција минатиот месец со воен авион, а не со претседателскиот „Ер форс 1“, во кој патувале неговата придружба и новинарите. Таква тајна операција за заштита на претседателот на САД била спроведена само неколку пати досега. Причината биле сериозните закани за атентат врз Трамп од страна на Иран, тврдат извори на „Вашингтон пост“.

Длабоките џебови на зелените активисти

Иако јако држат до имиџот на бунтовни и правдољубиви аутсајдери кои се инвестираат себе си во спас на планетата, зелениот еко-активизам е една од најдобро финансираните активности во Америка. Најсимпатично е што добиваат пари и од нафташи, кои во последно време се „шампиони на чистите енергии“.

Партизански филмови, некогаш дежурната забава за Денот на Републиката

На 29-ти ноември 1943-та одлучено е Југославија да биде уредена како република - укинати се правата на Петар II Караѓорѓевиќ - а на Јосип Броз му е доделена титулата маршал. Од таа република денес имаме: неколку поранешни републики, еден хит од „Забрањено пушење“ и еден куп партизански филмови без кои не можеше ни да се замисли еден ваков празник.

Украина троши повеќе муниција за еден ден отколку НАТО во Авганистан за еден месец

Во Авганистан НАТО силите знаеле да испукаат и до 300 артилериски проектили на ден, без притоа да му ја мислат за противвоздушна одбрана. Украинците дневно испукуваат илјадници артилериски проектили а плус на нив им треба и противвоздушна одбрана.

Маск простува, Твитер елитите никогаш

Илон Маск (не без прашање) реши да спроведе генерална амнестија на банираните Твитер профили, а меѓу помилуваните е и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Ваквите потези наидоа на негодување кај елитите кои се плашат дека обичниот народ нема капацитет сам критички да ги свари вестите и информациите што ги добива.

Америка треба да излезе од НАТО за да стави крај на војната во Украина

Конгресот може да стави крај на војната во Украина и да добие Нобелова награда за мир со започнување на повлекувањето на САД од НАТО, со што ќе ја трансформира Алијансата од моќен офанзивен даб во мал желад кој не ја вознемирува Русија.

Како (правилно) се отпушта од работа?

Секирата на масовното отпуштање, освен што ги крати отпуштените, прави шубе и кај оние што ќе останат на работа. Менаџерите треба да знаат дека 1% отпуштени значи 31% што сакаат да си одат. „Преживеаните“ вработени имаат корпус деликти дека тие не се непогрешливи.

Британија „тивко“ увезува милиони фунти руска нафта

Само во јуни и јули годинава, на британските пристаништа е испорачана руска нафта во вредност од 94 милиони долари. Нафтата само на хартија нема руско потекло.

Германија изгуби трпение за зелените

Зелените радикали во Германија, во четвртокот го пробија заштитниот бедем и час и половина го попречуваа работењето на аеродромот во Берлин. За тоа, што не беше отсекогаш случај, не наидоа на разбирање. Сепак, впечатокот е дека нив дури и покомотно им е кога се неразбрани. 

Трудо го растурил Конвојот на слободата по команда на Бајден

Заради страв дека блокадата на канадско-американската граница ќе ги затвори сите автомобилски фабрики во североисточен САД и општо трговијата, Бајден го притиснал Трудо да ги активира вонредните овластувања и присилно да го растури Конвојот на слободата кој протестираше против задолжителните вакцини.

Катарска катарза

Тоа непеење на химната на поробувачот е најважен, и можеби единствен вистински настан во првите денови на овој катарски Мундијал, и ако иранските репрезентативци останат непоколебливи во својот чин на отпор и солидарност кон оние што без причина и без вина страдаат и трпат дома во татковината, тоа ќе остане најважниот настан на овој несреќен Катар, што и да се случува понатаму на фудбалските терени. 

Брисел гори

Престолнината на Европската Унија и на Белгија е во целосен хаос и нереди откако вчера почнаа уличните прослави победата во мечот од СП Катар 2022 меѓу Белгија - Мароко. За тие што не гледаа фудбал, вчера не победи Белгија.

Се зезнавме ли што се исправивме на две нозе?

Исправањето на две нозе не била лесна и едногласна одлука на еволуцијата. Не бадијала цели четири милиони години сме се фемкале околу тоа, вагајќи ги компромисите на тој процес. Следниот пат кога ќе ве стегнат синуси, сетете се дека тие дренажни канали се свртени нагоре, контра гравитацијата.

Критичниот агол на писоарот

Во недостаток на други предизвици, американски оддел за флуидна механика решил да истражи кој облик на писоар најмалку „прска“. Имаат фаворит иако експертите за флуидна механика ја потценуват способноста на сељачиштата да му најдат слаба страна и на идеално дизајнерско решение. 

Русија може да предизвика надградена и проширена енергетска криза

Нуклеарната енергија беше неочекуваниот херој на првата енергетска криза од почетокот на годинава, за привремената утеха на ЕУ во нуклеарките да биде разбиена од податокот дека пак Русија е доминантен извозник на нуклеарно гориво.

Во Херсон, Украина не е на чисто кои се нејзини

Откако успеаа да го вратат градот под свое, обидите на Украинците да создадат некаков нормален живот во Херсон наидуваат на два проблема, прво, како да го направат тоа без десетиците илјадници Руси што избегаа од таму, и уште поважно „како да го направат тоа со оние што останаа во градот“.

Унгарија цела да е

Дипломатиите на сите соседи на Унгарија, од Србија до Украина, се на готовс откако унгарскиот премиер на еден пријателски фудбалски натпревар се појави со шал на кој е исцртана историската мапа на „Голема Унгарија.“

Незгодниот ковид успех на Никарагва

Западните либерални медиуми и локалната опозиција во Никарагва не можеа повеќе да му се сипаат на сандинистот Даниел Ортега кога овој процени дека државата не може да си дозволи луксуз да ја замрзне економијата.. Колку тогаш беа бучни, толку сега се безгласни кога кога стигнува завршниот есап на пандемијата, и жртвен и економски.

На вакцинираните сега отпаѓа најголемиот дел од смртните случаи од ковид-19

58% од смртните случаи во САД од ковид во август годинава биле луѓе кои се вакцинирани или бустирани против пандемијата, и ова е само продолжување на тренд кој трае цела измината година.

Вилко го отсвири последниот акорд

На 75 годишна возраст почина Вилко Џонсон, поет и музичар кој ја свиреше гитарата како машин-ган. Помладите можеби повеќе го знаат како немиот џелат од Game Of Thrones. Другите го памтат од Др. Филгуд. Оние кои беа панкери пред панкот.

Човекот што го изврши масакрот во ЛГБТ клубот е небинарно лице

5 загинати и 19 повредени е исходот од масакрот во ЛГБТ ноќниот клуб во Колорадо спрингс, во кој 22-годишно лице почна да пука во гостите што вечерта на 21-ви беа во клубот. Во официјалните судски документи за случајот, убиецот навел дека е небинарно лице.

Како и зошто Албанија стана мета на Иран?

Израел му се израдува на Еди Рама. Му се израдува затоа што избрка неколку ирански дипломати. Ги избрка заради истрагата за сајбер нападите во Албанија кои водеа кон Техеран. Зошто Техеран би организирал сајбер напади на Албанија? Како што знаете, сите вакви прашања завршуваат во Вашингтон. 

Папата го смени врвот на Каритас

Заради „слабости во менаџментот“ папата го смени целото раководство на хуманитарната организација на римокатоличката црква. Каритас годишно собира хуманитарна помош вредна меѓу две и четири милијарди евра. Франциско назначи ВД управник.

По две години игнорирање, Си-би-ес ја потврди сторијата за лаптопот на Хантер Бајден

Американската новинска мрежа деновиве објави дека ја потврдува автентичноста на податоците од лаптопот на Хантер Бајден, 769 дена откако Њујорк пост ја објави веста.

Дуда уцвика од војна со Русија

Тоа што со месеци е храбра фасада на Полска и експертско сскање од типот „сега е моментот да се реши Русија“, целосно се распадна во неколку минути телефонски разговор меѓу полскиот претседател Анджеј Дуда и двајцата руски пранкери Вован и Лексус, нему претставени како Емануел Макрон.