Ако во септември 2021 на вакцинираните отпаѓаат 23% од жртвите од ковид, во јануари и февруари годинава тоа расте на 42%.
„Мислам дека веќе не можеме да кажеме дека ова е пандемија на невакцинираните, изјавува за Вашингтон пост Синтија Кокс, заменик претседателката на Кајсер фамили фондацијата.
За Кокс ваквите статистики се сосема очекувани бидејќи моментално сме во фаза кога има повеќе вакцинирани од невакцинирани, плус затоа што старите лица како најризична група за смрт од ковид-19 се и групата која е најверојатно да е вакцинирана.
Од Пост објаснуваат дека иако невакцинирањето и понатаму претставува голем ризичен фактор за смрт од ковид-19, ефикасноста на вакцините бледее со тек на време, заради што е неопходно редовно земање на засилувачите за да се намали ризикот. Самиот Фаучи го искористи својот последен брифинг во Белата куќа пред пензионирањето, за да ги поттикне Американците да одат редовно на ревакцинирање.