Технологија

Имигрантите зад бумот на ВИ во САД

Во новата глобална војна за технолошка доминација, Белата куќа ја штити домашната вештачка интелигенција како национално богатство на САД. Всушност, економијата на ВИ има глобални корени. Многу од гигантите во Силициумската долина, вредни стотици милиони долари, се основани од странци кои воделе бизнис пред да дојдат во Америка. 

Лабораториите за ВИ отпуштаат програмери, вработуваат филозофи

Пред десет години на почетокот на револуцијата на ВИ студентите по хуманистички науки беа предупредени: ако сакате да бидете конкурентни на пазарот на трудот, научете да програмирате. Ова не се покажа како добар совет. Денес, програмерите се тие што се плашат дека вештачката интелигенција ќе им ги земе работните места, а технолошките компании вработуваат филозофи.

Скенер каков што досега немало

Midjourney - компанијата за вештачка интелигенција која стана позната по генерирање слики од текстуални инструкции, својот оддел за медицински хардвер го промовираше со демонстрација на  функционален прототип на скенер за цело тело, различен од сè што некогаш постоело. Ве потопуваат во вода и после една минута сè е јасно за вашите органи, ткива, крвни садови, коски, мускули и распределба на масти.

Гугл предупредил луѓе за земјотресот во Венецуела

Милиони луѓе во Венецуела на своите андроид телефони добиле предупредување од Гугл непосредно пред да ги погоди катастрофалниот земјотрес во кој настрадаа стотици ако не и илјадници луѓе. Предупредувањето дошло само неколку секунди пред земјотресот. Можеби не секогаш доволно да се спаси жива глава но доволно за да се постави старото прашање: може ли технологијата да нè спаси?

Мета сака да отвори кладилница за своите 3 милијарди корисници

Газдата на Мета сака да се вклучи во бизнисот на пазари за предвидување што им донесе многу пари на Полимаркет и Калши. Платформата „Арена“ на Марк Закерберг би била одвоена од Фејсбук и Инстаграм, но би ги опфатила нивните 3 милијарди корисници. Во почетокот ќе може да се кладат со „дигитални жетони“, со план потоа системот да се префрли на вистински пари.

Кинезите градат „зелени“ централи, но чуваат и јаглен за дата-центрите

Додека Европа се фали со своите „зелени“ политики и го обвинува Пекинг за загадувањето на планетата, Кинезите ја изградија најшироката и најмоќна инфраструктура за генерирање струја од сонце и ветер. Но, и во тој поход знаат за граници. Не се откажуваат целосно од централите на јаглен сè додека не се знае колку струја ќе трошат огромните компјутерски центри за податоци.

ВИ за неколку месеци ќе може да осакатува влади и бизниси

Служби за кибернетска безбедност на пет западни влади во заедничко соопштение предупредуваат дека системите со ВИ веќе се доволно моќни да уриваат системи на влади и бизниси. Временската рамка се мери во месеци. И проблемот не е само Mythos на Антропик. Модели со слична моќ да разбиваат криптографски заштити имаат и фирми од Кина и Јапонија.

Моќната алатка на Антропик ја проби заштитата на НСА

Администрацијата на Трамп ја забранила новата алатка со ВИ на Антропик откако директно сведочела како го пробива заштитниот систем на Агенцијата за национална безбедност на САД. Иако тестирањето било спроведено во строго ограничени услови, случајот отвори прашања дали е загрозена безбедноста на критичните агенции и дали властите можат да го запрат развојот на ВИ.

Ја снимаат колата, читаат сè за патниците

Со години, владите ја уверуваа јавноста дека читачите на регистарски таблички не се ништо повеќе од алатки за откривање украдени возила и за ловење опасни криминалци. Камерите што ги снимаат табличките сега може да добијат сензори што ќе можат да ги идентификуваат возачите и патниците и да откријат сè за нив преку нивните мобилни телефони.

Путин има проблем со чипови

Русија се гордее со долгата традиција на математичка и информатичка велесила. Но, поради војната во Украина веќе заостанува цела деценија зад САД и Кина во технолошката револуција за развој на ВИ. Иако прави обиди да ги задржи талентираните инженери, Русија нема доволно пари за развој на сопствена технологија и за хардверот што ја задвижува вештачката интелигенција.

Трамп покажа кој пали и гаси со ВИ

Вашингтон штотуку го потсети светот кој навистина ја држи моќта во ерата на вештачката интелигенција. Забраната на двете супермоќни алатки за хакирање на Антропик одекна како тревога за будење во Европа и во Британија да градат сопствени алтернативи ако сакаат да се ослободат од технолошката зависност и да опстанат во новата индустриска ера.

Украина стана махер за воени иновации

Војната може да поттикне значителни иновации (или пропаганда, зависи како ја читате веста од британски Телеграф), а тоа го покажува и руско-украинскиот конфликт. Министерството за одбрана на Украина соопшти дека за само еден месец произвеле 175 нови системи за оружје, од кои 95 проценти се комплетно од домашно производство. На Америка ѝ требаат десет години за да скоцка два нови.

Милеи сака ВИ да има свои фирми во Буенос Аирес

Додека цел свет бара начин како да ја регулира вештачката интелигенција, а притоа да не го запре нејзиниот развој, Аргентина оди во спротивна насока и тоа „ол ин“ – сака да ѝ дозволи на ВИ да поседува и да управува компании во кои не мора воопшто да има луѓе. Целта е да ги привлече технолошките гиганти да развиваат нови модели без никакви ограничувања.

Невозможно е да се оправда астрономската вредност на SpaceX

SpaceX на Илон Маск задутре треба да излезе на берза со пазарна капитализација од 1,75 билиони долари. Таа астрономска сума практично е невозможно да се оправда со финансиска математика. За да ја оствари реално, компанијата треба да ги зголеми своите приходи 60 пати и да се развива поспектакуларно од кој било друг потфат во историјата на капитализмот.

Мета сака со паметни очила да снима лица

Мета во своите „смарт“ очила поврзани со мобилните вградува алатка со ВИ за препознавање биометрија на лица. Компанијата на Закерберг се брани дека технологијата сè уште е во фаза на истражување и дека нема намера да ја загрози приватноста на луѓето. Досегашните искуства со Мета сепак ја оправдуваат превентивната тактика да се предупреди додека не стане прекасно.

Кина отвори подводен дата-центар за ВИ

Додека големите компании од Силиконската долина бараат локации, струја и вода за своите огромни погони за ВИ, Кина веќе го отвори подводен центар за податоци, целосно под вода, природно разладуван од морето и напојуван со струја од ветерници над површината. Изградбата е поскапа, но таквиот систем долгорочно заштедува една четвртина од струјата.

Антропик: Запрете ја ВИ пред да мутира како вирус

Вештачката интелигенција се приближува до критично ниво во кое може самата да се надградува без контрола од луѓето. Ова не е апокалиптично предупредување од некој скептик, туку од Антропик, водечката компанија за развој на ВИ. Ја повикува целата индустрија да го запре развојот пред да се изгради заштитен бедем од неконтролирано мутирање.

Лидерите на ВИ бараат построги мерки против вештачки генетски материјал

Лутите противници од врвните компании за вештачка интелигенција се здружија во предупредувањата дека технологијата што самите ја развиваат може да им помогне на терористи да создадат биолошко оружје. Од Конгресот на САД бараат да воведе строга контрола на синтетизиран генетски материјал, која напредната ВИ може лесно да го направи убиствен.

Кинеска против НАТО авијација: 9-0

Кинеските ловци девет пати во низа ги победиле најдобрите европски авиони во симулирани дуели. Резултатот од 9-0 се прифаќа со блага резерва, но сепак претставува успех за кинеската воздухопловна индустрија, која продава ловци на Блискиот Исток. Ништо ново за еурофајтерите, со кои се опремени европските земји од НАТО. Тие редовно губат и од американските Ф-35.

Гигантите на ВИ се вртат кон хуманоидни роботи

Силиконската долина помина неколку години учејќи ја вештачката интелигенција да зборува. Најголемите компании сега сакаат да ѝ дадат тело за да крева, сортира, да гради и да влезе по домовите. Лаборатории се тркаат да изградат хуманоиди, специјализирани роботи и софтверски мозоци што би ги наведувале автономно во реалниот свет.

Сечата на програмери станува сè посериозна

Технолошките компании како да се тркаат која ќе отпушти повеќе програмери, заменувајќи ги со вештачка интелигенција. Тие што останале, работат под стрес, очекувајќи да станат технолошки вишок. Отпуштањата се стихијни, за да се задржи довербата од инвеститорите дека иднината е во ВИ. Проблемот е што вештачката интелигенција сè уште не е продуктивна за бизнисите. 

На Мета ѝ простија данок од 3,3 милијарди долари

Фирмата на Закерберг дала привлечна понуда за изградба на огромен центар за податоци во рурална област во Луизијана – инвестиција од 10 милијарди долари, стотици нови работни места и нов далновод. Ќе добие многу повеќе – за почеток, простен данок од 3,3 милијарди долари. На домаќините ќе им се „оддолжи“ со поскапо домување и три пати повисоки сметки за струја.

НАСА го избра Безос за да постави база на Месечината

Вселенската компанија Blue Origin на Џеф Безос го доби проектот од речиси половина милијарда долари за почетната фаза од планот на НАСА за изградба на постојана база на Месечината. За овој проект конкурираше и SpaceX на Илон Маск. НАСА брза да испрати астронаути на Месечината и да изгради база за да ја претрка Кина, која планира да го направи истото до 2030 година.

Се испили првото пиле од вештачко јајце

Биотехнолошката компанија Колосал успеала да изведе здрави пилиња од ембриони инкубирани во вештачка капсула наместо во јајце. Ова е прв чекор од амбициозните планови на „Колосал“ да ја врати во живот изумрената гигантска птица моа, за која нема соодветен сурогат. Сè уште нема такви планови, ама да потсетиме: и диносаурусите доаѓаат на свет од јајце.