Најбарана професија во Силициумската долина: контраразузнавачи

Уште пред Џенсен Хуанг да настрада во „шпионскиот“ скандал, технолошките компании во Силицумската долина почнаа засилено да ангажираат искусни контраразузнавачи за да им ги заштитат деловните тајни. Сега само им порасна цената. Поранешни директори во агенции како ЦИА и НСА добиваат место во управни одбори и плати до половина милион долари.

Поставувањето „медени стапици“, во каква што наводно се уловил директорот на Nvidia, Џенсен Хуанг, е само една од низата тактики за откривање деловни тајни. Со оглед на жестоката трка за доминација во областа на ВИ, оваа технологија се смета за прашање од национална безбедност на САД.

Пред еден месец инженер на OpenAI беше уапсен откако беше фатен како поставува уред за прислушување во сала за состаноци. Министерството за правда соопшти дека приведениот комуницирал со член на саудиското кралско семејство.

Компаниите за вештачка интелигенција ангажираа голем број експерти за безбедност. Доаѓаат висококвалификувани лица од владиниот сектор... Побарувачката ја надминува понудата на кадри со соодветно искуство, објаснува Кристофер Фалкенберг, поранешен агент на Тајната служба на САД.

Nvidia годинава вработила 16 експерти во секторот за контраразузнавање, но тие не успеале да го заштитат Хуанг. Управниот одбор покрена внатрешна истрага, но смета дека националната безбедност или деловните тајни на компанијата не биле загрозени.

Податоци од фирмата за следење на работната сила Revelio Labs покажуваат дека OpenAI, Anthropic и Nvidia објавиле огласи за вработување на лица со разузнавачко искуство, нудејќи плати што се движат од од 200.000 до 500.000 долари. Anthropic во текот на оваа година вработил 33 вработени на контраразузнавачки функции, во споредба со 14 минатата година и 9 во 2024 година. Во својот советодавен совет за национална безбедност ги ангажираше поранешниот заменик-директор на ЦИА, Дејвид Коен, и поранешниот директор за кибернетска безбедност на НСА, Дејв Лубер.

Бројот на вработени во секторот за контраразузнавање во OpenAI се зголемил од девет во 2025 година на 22. Покрај тоа, во 2024 година, OpenAI за член на својот Управен одбор го назначи Пол Накасоне, поранешен директор на Агенцијата за национална безбедност (НСА).

Ерик О’Нил, поранешен контраразузнавачки оперативец на ФБИ, изјави за „Fortune“ дека заштитата вклучува поуки до директорите да препознаваат манипулации - и охрабрување на вработените да интервенираат кога шефот не слуша.

Пристапот ретко почнува со тоа што некој ќе побара од директор да предаде тајни. Може да почне на конференција, на коктели, дури и на апликација за запознавање. Предупредувачките знаци можат да бидат суптилни: врска што се развива невообичаено брзо, постојани прашања за чувствителни деловни прашања или барања за средба со влијателни колеги. Овие знаци потешко може да се препознаат кога лицето под надзор е човек од доверба на директорот, објаснува О’Нил.

16 ноември 2026 - 08:43