Балкан
Откако ниту една претходна мерка не помогна плаќањето данок малку од малку да пркне, Грците сега ќе пробаат оваа навика да ја всадат преку користење картички. Повеќе
Само неколку дена по посетата на Џинпинг на Грција (која ние ја проследивме преку субмисивниот говор на домаќинот), кај нашите соседи веќе има плодови од договорената поблиска соработка меѓу двете земји. Во Атина се уапсени 4 лица заради медитирање. Медитирале на начин кој на Кинезите ама ич не им се допаѓа. Повеќе |
Со сета мудрост карактеристична за грчка радикална десница, група грчки националисти за викендов закажаа правење скара (нормално свинска) веднаш до еден од бегалските кампови во земјата. Повеќе |
Макрон беше единствен ЕУ лидер кој стави вето на почетокот на преговорите на Македонија за членство во Унијата. И многу е веројатно дека ова вето во блиска иднина ќе остане непроменето. Повеќе |
Словенечката влада, која упорно не дава никакви официјални податоци за набавката, беше исцинкарена од сопствениот регистар за следење на трошењето на буџетот кој потврди дека владата платила 2 милиони евра за четири нови блиндирани возила. Повеќе |
Нео-нацистичката партија го скрати бројот на вработени во седишето во Атина, а низ земјата ги испозатвори своите канцеларии. Ова е делумно затоа што нивната галама главно издиша, а делумно и затоа што добар дел од другите партии ги приближија своите ставови кон некогаш незамисливото однесување. Повеќе |
Американскиот претседател деновиве по иницијатива на локалците доби споменик во Словенија, кој повеќе е од типот „важно е чест да направиме“. Повеќе |
Албанските власти со булдожер ги израмнија сметките со сопственикот на ресторанот кој му нанесе невиден резил на албанскиот туризам откако сите ја видоа снимката како качен на хауба пробува да упадне во кола на негови гости од Шпанија додека овие панично се надеваат дека ќе наидат на полиција. Да беше кај нас, сопственикот ќе можеше да се жали „Ме рушите затоа што сум Албанец.“ Повеќе |
Нели требаше да биде обратно? Во Европската унија лани легално се доселиле 228.000 граѓани на земјите од западен Балкан - Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Косово. Од ослободената, нормализирана и блескава Македонија е бежанија поголема од она од Босна, Србија, Косово или Црна Гора. Повеќе |
За време на студентскиот бунт против грчката воена хунта од 1973-та, командант на грчката армија наредува упаѓање на тенкови во кампусот на атинскиот Политехнички универзитет. Загинуваат 23-студенти. Заради ова повеќе од 40 години во Грција на сите безбедносни структури им беше забранет пристап во универзитетските кампуси во земјата. До пред некој ден. Повеќе |