Архива

Од зелка и каранфилче до козји бели дробови - кратка историја на мамурлакот

Луѓето со векови се обидувале да ги ублажат последиците од прекумерното пиење, користејќи сè од бадеми, зелка и дуња до повраќање, физичка активност и необични „лекови“. Но современата наука сè уште нема сигурен лек за „денот потоа“.

Се сеќавате ли на акробацијава на Халанд?

Не е ова потег кој така ретко се заборава. Начинот кој ја изведе оваа завршница е страшен и нетипично да се реши човек за финиш со нога. Неверојатно е дека поминале 4 години. Халанд против своите. Лудило.

Туризмот не може да направи држава богата

Туризмот низ југот на Европа се велича како модерна „тешка индустрија“ и моќен двигател на економскиот раст. Но, ниту една земја во историјата не се збогатила од туризмот, ниту пак некогаш ќе се збогати, забележува аналитичарот Марко Јукиќ. Производството и иновациите се единствениот одржлив пат за трансформација од туристичка дестинација во економски фактор.

Гол со посвета за Даниел Николовски

Емотивни сцени во Боговиње. Фудбалерот на Дрита, Рамадан Шерифи постигна гол против Јехона, а потоа го соблече дресот под кој носеше маица со ликот на Даниел Николовски, кој на само 21 година загина пред два дена во сообраќајна насреќа. Николовски токму ова лето напарави трансфер во Дрита Боговиње. Покрај за Тетекс, има настапувано и во Германија и Хрватска.

Индиско решавање телеком проблеми

Луѓето од едно село во Утар Прадеш две години се жалеле до нивниот телеком оператор дека услугата им е шкарт. Плаќале за 5G но и интернетот и разговорите стално им сецкале. По долго инсистирање, компанијата пратила човек да ја испита ситуацијата. Овие сега не им го враќаат додека не им се решат проблемите. Немаме појма за кој оператор се работи ама ене го во магента маица.

На миленијалците симпатично им се пишува

После сите тестови низ кои што мораа да поминат (Вие сте прва генерација која...), после пандемија и економска криза во едно (живееме во времиња без преседан), после труд и работа што веќе не се вреднуваат на иста скала, доаѓа период на свестување и со него и свесно чување на мирот.

Рубен ја утна малку на прес

Стратегот на Милан сакаше да направи компарација, ама се збуни па тргна вака да објаснува: Очекувам моите играчи да го разберат тоа. Тоа е како кога имате авионска несреќа, од тоа нешто учите...

Пакт на Шкотска, Велс и Северна Ирска за отцепување од Обединетото Кралство

Премиерите на регионалните влади на Шкотска, Велс и на Северна Ирска потпишаа историска декларација со која се обврзуваат да ја напуштат Британија. Тврдат дека овие три региони имаат неотуѓиво право сами да одлучуваат за својата иднина и го предупредија Енди Барнам дека ќе замине во историјата како последниот премиер на Обединетото Кралство.

Голема семејна поддршка за одбојкарите од своите деца

Македонската одбојкарска репрезентација мина тешко резултатски по првите 3 кола на Европското во Софија. Но, шансите за осминафинале не се загубени. Следните предизвици се Португалија и Израел. Нашите одбојкари имаат мотивација плус, бидејќи на лице место ги бодрат нивните ќерки и синови.

Една денска запивка со Леми

Рики Ворвик од групата The Almighty се присетува како се договориле со Леми од Моторхед да се видат во хотел во Лос Анџелес. Дење, но во собата на Леми веќе било замрачено од дим од цигари и алкохолни испарувања. Којзнае колку Џек Даниелса подоцна, Рики се нашол себе како лежи во локва крв и осетил остар здив до неговото лице. Леми е.  

Комо ги викнал највозрасните навивачи во ложа за Лига на шампиони

Комо кој првпат во историјата игра во Лига на шампиони и во 1. коло го совлада Ред Бул Лајпциг со убедливи 4-1, решил да ги испочитува највозрасните членови.  Ги исконтактирале, ги поканиле во ложата, им дале пригодни подароци на самиот влез. „Кога ја слушнав химната на Лига на шампиони, солзи ми надојдоа“, вели еден. 72 највозрасни навивачи на Комо ја имале таа прекрасна привилегија. Секоја чест за италијанскиот клуб!

Унапредете го режисерот на УС опен

Врвна игра со кадри во финалето на УС опен кое го доби Александар Ѕверев. Прво го ловат часовникот на кој стоеше 0:07, а потоа го даваа славниот Пирс Броснан, кој го играше агентот 007 во четири филма на Џејмс Бонд. Еднаш се случува ова, нема реприза.

Канада ќе плати дел од европските милијарди за Украина?

На Брисел му се отвори можност како да ги задоволи барањата од Зеленски за уште десетици милијарди евра помош, згора на 90-те што едвај ги собра за да ги покрие буџетските дупки на Украина за две години. Канада е заинтересирана да учествува во заемот, во замена за „асоцијативно членство“ во ЕУ и трговски привилегии на европскиот пазар.

Обамејанг растура во Депортиво и на 37 години

Пјер-Емерик Обамејанг, некогашниот фудбалер на Милан, Дижон, Лил, Борусија Дортмунд, Арсенал, Барселона, Челси, Марсеј и Ал Кадсија, сега прави дар-мар за Депортиво А Коруња.

Како да се спасиме од луѓе што не знаат да прават муабет

И тоа не оние што ќутат и не придонесуваат, туку со поглупите: Тие што држат монолог на секоја средба, тие што те прекинуваат додека ти зборуваш и тие што кукаат и те посипуваат со трауми, за после седум саати да речат „еј, а бе те удавив, ти кажи што правиш.“

Женската репрезентација на САД фуриозно до светска титула

Женската кошаркарска репрезентација на САД ја продолжи неверојатната доминација на најголема светска сцена. Американките во големото финале на Светското првенство во Берлин ја совладаа Франција 97:79 и ја освоија петтата титула по ред а вкупно 12-та титула светски шампион. Французинките се држеа одлично во првиот дел и покажаа дека макар делумно можат да им парираат на неверојатните Американки.

Драмата на Сасуоло - Јуве која ја реши 20 годишен Црногорец

Сасуоло и Јувентус одиграа супер интересен натпревар во 4. коло од Серија А. До 65-та минута беше 0:0, а потоа паднаа дури 5 гола. Вистинската драма почна во 89-та минута кога домаќините поведоа со 2:1, за во 91-ва минута, Косоварот Едон Жегрова да го израмни резултатот. Точка на мечот во 94-та минута, стави Василије Аџиќ, детето на Јуве кое од летовото игра како позајмен играч во Сасуоло.

Како изрика Најк?

Прашање на денови е кога после 18 години, Најк ќе испадне од престижниот американски берзански индекс S&P 100. Пред помалку од пет години компанијата вредеше 264 милијарди долари, денес пет пати помалку. Вредноста на нејзините акции има паднато за околу 80%. Компанијата што некогаш создаваше култура, сега почна да дели купони за попуст.

Зошто за Ѕверев треба да се има посебен респект?

Александар Зверев веќе 25 години живее на инјекции затоа што е дијабетичар и прима инсулин секој ден уште од 4 годишна возраст. Денес, на 29-годишна возраст, тој стана двократен гренд-слем шампион и со тоа е огромна инспирација за децата со дијабетис. Има и фондација наменета токму за нив.

Најемотивен говор на сезоната - дијабетичарот Зверев го посвети триумфот на мајка му

Конечно после речиси две децении професионален тенис, Александар Зверев игра сезона од соништата. Тој е рекордер во светскиот тенис по загубени финалиња на големите турнири но во 2026-та стигна до пехар на Ролан Гарос а сега и на УС Опен. Вели дека Бог ги погледнал колку многу напорно работеле. Се заблагодари и посебно на најсканата личност.

Нов фантастичен гол на Лео Меси, се знае кому го посвети

Лионел Меси со уште една магија блесна во МЛС лигата во САД но неговиот учинок не беше доволен за Интер Мајами да го победи Нешвил во натпревар кој заврши 2-2. Аргентинецот во 62' минута постигна прекрасен гол со удар од околу 18-19 метри. Како и претходните неколку голови, така и овој светскиот шампион од 2022-ра го посвети на неодамна починатиот татко.

Александар Ѕверев е нов шампион на УС опен, ова е негова година

Германецот ја освои втората гренд слем титула сезонава, откако во финалето на отвореното првенство на САД го совлада Американецот Бен Шелтон со 6:3, 7:6, 5:7, 6:2.

Џабе играч повеќе 70 минути, Јунајтед изгуби од Сити

Во дербито на колото во Премиер лига, во градското дерби на Манчестер, Сити како гостин го совлада Јунајтед на „Олд ТрафорД“. После цели три години без триумф и без постигнат гол на овој терен, „граѓаните“ победија со голот на Ерлинг Халанд во 60' минута. Судиите прво досудија офсајд но по гледање ВАР го признаа голот. Претходно Фил Фоден доби црвен картон уште во 23-та минута па Сити до крајот играше со играч помалку.

Мемоарите на канадскиот ѓубреџија-социолог: „Подолу од дното не можеш да паднеш“

Симон Паре-Пупар дваесет години работел како собирач на отпад, откако првично се вработил за да си ги плати студиите. Во своите мемоари го опишува невидливиот свет на луѓето кои секојдневно го собираат отпадот на потрошувачкото општество, но и парадоксалната слобода, гордост и припадност што ги пронашол во професијата која повеќето луѓе ја гледаат со презир.

Амодеи, Алтман и Хасабис бараат дозвола да царуваат со развојот на ВИ

Аnthropic, OpenAI и Google од јули одржуваат состаноци за формирање заедничко тело кое ќе воведе стандарди за ВИ и бараат поддршка од владата, со гаранции дека САД нема да ја изгубат глобалната доминација. Амодеи всушност бара приватни компании да добијат законска дозвола да ја регулираат ВИ и да бидат судии дали ги почитуваат правилата што самите ги поставиле.

Мозокот на 11 септември уште не бил на судење

Америка дочека да ја одбележи 25-годишнината од нападите на 11 септември, но човекот обвинет дека го испланирал заговорот сè уште не дочека да види судски процес. За него презумцијата на невиност значи 20 години да е зад решетки во Гавнтанамо. А и да стигне во судница, нејасно е што ќе разбере бидејќи мозокот најверојатно му е чорба.