Кошарка

Четири споредби кои најдобро ја отсликуваат доминацијата на Дончиќ

Лука Дончиќ има историски старт во новата сезона и по првите 11 меча е апсолутен лидер во лигата со 38,6 поени по натпревар, 7,6 скока и 7,6 асистенции. Процентот на шут за три поени му 40.8%, со просек од 5,5 погодени тројки по меч или вкупно 60 комада. На две средби постигна 50+ поени. Со него на теренот, Лејкерс имаат вкупна кош-разлика од +165 и се први на Запад.

Лејкерси газат, ново МВП издание на Дончиќ со 32 поени

Лука Дончиќ одигра уште една доминантна партија со која го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа против Милвоки Бакс од 123-112.

Генијалниот потег на Поповиќ врз Шек

Тактиката на Грег Попович е позната под името „Hack-a-Shaq“. Се работи за користење на слабата точка на легендарниот центар, кој беше незапирлив под кошот, но имаше многу низок процент на реализација од линијата за слободни фрлања (околу 52.7% во кариерата). Каков цар.

Слободно фрлање на сезоната

26-годишниот американски кошаркар Скајлер Викс пред крајот на трета четвртина од мечот меѓу Хапоел Холон и Вехта во рамки на 4. коло од кошаркарската Лига на шампиони. Пробал да ја одбие топката од табла и да смисли некои поени.

Циркусот на дуелот Денвер Нагетс - Хјустон Рокетс

Во дербито на вечерта Хјустон Рокетс го совладаа Денвер Нагетс 110 - 100. Кевин Дурент забележа 23 поени со 12 скока и 8 асистенции, Алперен Шенѓун имаше 20 поени со 11 скока и 8 асистеннции а Џабари Смит Џр. 14 поени со 7 скока. Кај Нагетс Џамал Мареј беше најефикасен со 38 поени а Јокиќ запиша дабл-дабл со 25 поени, 16 скока и 9 асистенции. Во еден интервал натпреварот заличи на патувачки циркус.

Гледај на животот лагано како Џејмс Харден

37-годишниот Џејмс Харден со години важи за еден од подобрите напаѓачи, офанзивни играчи во НБА лигата но во исто време и за еден од оние кои мува не ги лази во одбрана. Човекот пет пари не дава да го брани својот кош.

Доминацијата на Вембанјама во 53 секунди

Виктор Вембанјама е чудо од дете и втор највисок кошаркар во моментов во НБА со 224 см. Не се чува на моменти, а замислете да имаше маса како Шек. Против Феникс пружи страшна партија од неверојатни 40 поени, 11 скока, 9 блокади и 3 асистенции за само 25 минути. Погледне што сè успеа да направи за помалку од 1 минута. Забивање и три блокади.

Нова сјајна партија на Дончиќ, со импресивни потези

Лос Анџелес Лејкерс игра маестрално од почетокот на сезоната и има 10 победи и само 2 порази. Шест триумфи по ред има тимот, а Лука Дончиќ е предводник на „езерџиите“. Синоќа имаше 32 поени, со 8 скока и 10 асистенции, му фалеа само две фатени топки за да забележи нов трипл-дабл.

Луда партија на Вембанјама, со чудесно положување од линијата за слободни

Францускиот центар го предводеше Сан Антонио до убедлив триумф на гостувањето кај Феникс Санс (122-96) за деветта победа во низа. Му фалеше само една блокада за да запише трипл-дабл.

Симиќ доминира во Америка, 24 поени против Портланд

Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ одигра спектакуларен втор натпревар во американската колеџ-кошарка NCAA, предводејќи го својот тим Тексас-Арлингтон Маверикс до драматична победа против Портланд со 89-85.

Нова магија во Ел Еј: Дончиќ испука 53 поени со лудорија од кош од своја половина

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Комедија од шут за тројка, Батлер и Кари пукнаа од смеење

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го победија Мајами Хит со резултат 120-100. Стеф Кари беше прв стрелец на мечот со 29 поени. Резервистот Чарлс Баси го заврши натпреварот со 8 поени и 7 скока. Можеа да бидат и двоцифрен број на поени, ама се посрамоти, па сеир му фатија и неговите соиграчи.

Потребна е тишина...

На денешен ден во 1996-та година во рамки на Евро Купот, во некогашната „лименка“, култната сала „Јане Сандански“ во Аеродром, МЗТ Скопје направи сензација која одекна во европската кошарка. Аеродромци го совладаа големиот и најтрофеен европски гигант Реал Мадрид, тогаш предводен од Жељко Обрадовиќ и со Дејан Бодирога во составот.

Гледач погоди судијка со топка, Дончиќ го „избрка од сала“

Лука Дончиќ игра во сензационална форма па синоќа со 40 поени ги растури Сакраменто Кингс во триумфот 116-103 на ЛА Лејкерс. Дончиќ имаше уште и 9 скока и 7 асистенции. Во еден момент еден гледач од прв ред зад кошот, посилно од што треба ја фрли топката кон судијката и ја погоди. Редарите го избркаа без размислување од сала.

Убав гест на тимот на Кочов, така се почитува навивач

Германскиот кошаркарски клуб Кемниц Најнерс, каде што како помошник-тренер работи македонскиот стратег Ѓорѓи Кочов, привлече големо внимание во јавноста со својот господски потег за време на гостувањето во Подгорица против Будуќност во рамките на Еврокупот. Гостите имаа поддршка од само еден навивач кој неуморно сам го бодреше својот клуб на трибините во текот на целиот натпревар. На крајот го загубија мечот, но сите до еден од играчи до стручен штаб му се заблагодарија за поддршката.

Јокиќ го збриша Торонто за 201. трипл-дабл и сруши нов историски рекорд во НБА

Трикратниот МВП, Никола Јокиќ, продолжува да ја испишува историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.

Вембанјама го уништи Далас со епски дабл-дабл од 52 поени и 24 скока

Француското чудо од дете, Виктор Вембанјама, одигра натпревар за паметење. Постигна рекордни 52 поени во драматичната победа на Сан Антонио Спарси против Далас Маверикс од 112-111.

Леброн залута во публика па си пивна вино од еден гледач

За време на дуелот кој неговата Филаделфија '76 го доби 126-107 против Чикаго Булс, Леброн Џејмс постигна 15 поени, со 7 скока и 9 асистенции.

Фантастично деби на Симиќ во САД, за влакно не запиша дабл дабл учинок

Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ имаше одличен старт во своето ново и прво американско поглавје.

Не баш нормален начин на слободно фрлање

20-годишната Кендал Пурјер која игра за кошаркарскиот тим на Универзитетот Јужна Флорида, го има најлудото исфрлање топка при слободни фрлања. Вакво нешто не се видело. Видеово е од слободни фрлања при победата на нејзиниот тим 80:54 против Фурман.

Дончиќ е незапирлив, четврти меч гази со 40+

Лос Анџелес Лејкерс продолжува со одличните игри на стартот од новата сезона, откако на домашен терен целосно го надигра и демолираше тимот на Мајами Хит со конечни 138-117. 

И Лука знае да изненади со додавања како Никола

Дончиќ го растури Торонто со 45 поени, 15 скока, 6 асистенции, 5 украдени топки и 8 тројки. Попримил нешто од чудните пасови на Јокиќ. Погледнете како го најде Вокер Кеслер.

Лука Дончиќ го развали Торонто со 45 поени и 15 скока!

Фантастичниот лидер на Лос Анџелес Лејкерс се погрижи неговиот состав да ја забележи и 5. сезонска победа на седум натпревари. Овојпат Лејкерс беше подобар од Торонто Репторс 131-125

Кошаркар на Широки Бријег џогирал во село, некој мислел дека е мигрант и го пријавил во полиција

Кошаркарот на ХКК Широки Даниел Луис се нашол во необична ситуација на еден утрински тренинг во Кочерин, селце покрај Широки Бријег каде што живее. Додека трчал пред натпреварот против Црвена звезда во регионалната АБА лига, некој наводно помислил дека е мигрант па го пријавил во полиција, пишува Херцеговина.инфо.