Фантастична тројка за победа го фрли Обрадовиќ во транс

Во дербито на колото во Евролига Панатинаикос ја совлада Валенсија на гости 86:83 со тројка буквално во последна секунда. Двете екипи речиси 20 пати се сменија во водство, резултатски се бркаа цел натпревар а на крај драмата ја реши еден шут. Најџел Хајс-Дејвис погоди од огромна далечина за делириум меѓу играчите на Панатинаикос и клупата. Жељко скокаше како ретко кога.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Panathinaikos BC (@paobcgr)

Најефикасни кај Панатинаикос беа Џерајан Грант со 14 поени, три скока и две асистенции. Кендрик Нан уфрли 13 поени со по два скока и асистенции а Најџел Хајс-Дејвис запиша 11 поени со две асистенции. Кај Валенсија ТиЏеј Шортс беше прв стрелец со 15 поени и седум асистенции а Армони Брукс уфрли поен помалку.

Интересно е што Американецот погоди речиси ист шут од далечина за два поени погоди и лани во доигрувањето во серијата кога ја урна Валенсија.

 

25 ноември 2026 - 08:51