Конечна српска победа над Клинтон

Кога Америка и НАТО ја бомбардираа Србија и особено нејзините мостови (а во Црна Гора осамна графитот: „Бомбардујте и нас, нијесмо ми шугави“) во едно село крај Јагодина се изроди неочекуван отпор на локалното население чии првоборци беа спремни да го бранат своето дрвено мовче до последниот промил алкохол во својата јуначка крв. 27 години подоцна- железно мовче!  

Како од министерка да се вратиш на „Гоца, нокти, евтино“?

Дуда Буржујка од кај Кесиќ има одлична песна за оние кадровски полуфабрикати кои  напредуваа за време на долгото владеење на Александар Вучиќ и се навикнаа на удопствата на своите функции за сега да мора да се вратат на фабрички подесувања. Мета е развластената кадровска елита на СНС но пораката важи и за овдешните крлежи кои прелесно се уфилмуваат и мислат вечно ќе им трае.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.