
Сè започна од еден обичен визир на мојата кацига, нежно зелена боја... Признавам, не ја носам баш секое возење со моторот, ама, во голем дел се потпирам на моето големо искуство, разумна проценка и почитување на правилата... Нејсе, од Аереодром кон Центар, прво, за малку ќе ми влезеше под тркала еден копиљ на тротинет кој како мравка се протнуваше меѓу колите за да избие прв на семафорот кој, иако црвен, го прелета како змија по најчудната траекторија seen so far.
Не ми беше тешко да го стасам и паралелно возејќи да го прашам зошто за него не важи црвено светло како за сите нас? Неверојатно огавно ми одбруси нешто што за среќа не го дослушнав, инаку писаниево ќе завршеше тука негде, па ке продолжеше во полициски билтен, но...но, само сакав да му кажам дека за себе исто колку и за сите останати во сообраќајот е важно да..ме избегна со вешт маневар и се изгуби уличките низ Пролет... Ми остана грутка, читам дека секој ден по еден копиљ дневно гине под нечии тркала.. нејсе, си има Мајка и Татко, си помислив, а каков е тој порив за инаетење и покажување сила, не разбрав....
Да е посочна приказната, на семафорот кај Собрание, уредно по лента, зад такси возило, на најзеленото на свет, он закочи како да го укасал шкорпион или да добил мозочен удар! На 2 метра зад него, успев да закочам и да го избегнам, и да го заобиколам и да поминам, жими мајка, на трепкаво зелено, ама на трепкаво зелено, бре , ни на жуто ни на црвено! Кој Ви е мој бре, на зелено почнааа да кочат, аман? Па сејф сити само казнува, не сече гениталии, ќе убиеш некој позади тебе, ИДИОТЕ НЕОПЕАН: Важи за сите кои Сејф сити го сањаат ноќе како Баба Рога!
Успаев да чујам само сочно отпоздравување од таксистот неандерталец, без желба да застанам и да го враќам на фабрички ресет евентуално да преполага за возачки....
Продужив да возам и на дупкине на автобуската кај Рекорд, ми се откачува и распаѓа визирот од кацигата, успевам да застанам на страна и да го најдам сите (ТРИ) штрафчиња од страна за да не ги изгубам. Продолжив да возам со кацига во рака зашто покрај краткиот обид да ја заштрафам, сфатив дека ќе ми требаат наочарите, маса, мал штрафцигер итн, па решив да продолжам уште 400 м до дома..
Пред Блгарското посолство, ме стаса! Ме бркал, па ме стасал. Полициско восило со лед ротација и еден напрчен службеник, мислиш, лови нарко бос сред Сицилија... И покрај мојот обид да му објаснам дека имам реална причина да не ја носам кацијата на глава пошто дури тогаш ќе бидам опасност во сообраќајот, му дозволив тој мене на симпатично мачоистички надмен начин да ми објаснува дека без кацигата, јас сум заканата по сообраќајот... Потпишав, уредно се заблагодарив, и нормално, продужив без кација на глава, овој пат од инат.
Значи, прашањево ми е, дур чекам бојлерот да стопли, дали вечерва да продужам со мотор, или да си фатам пешки накај Дебар маало, иам нешо работа натаму, а и ене кај е ...