Медиуми

Италија: Зико или Австрија?

Покоeн Александар Тијаниќ беше новинар од калибар каков што одамна не се произведува на овие регионални простори. Немаше факултет завршено, ама беше Ноам Чомски (ок, не баш најсреќна споредба во Епстин ерата) за оние кои му завидуваа на дрскоста, луцидноста и јазикот - жилет. Му начекaвме едно видео како млад јунец, опишува зошто во Италија,  фудбалот е најважна но не меѓу споредните работи на светот. 

Македонските реклами низ годините

У-жи-ва-ње! Драгоцени 60 (два пати по 30) минути со куп реклами од минатите децении. Драгоцен адвертајзинг, но и емотивен времеплов во кој ќе се потсетите (зависи колку години имате) на едно чудо реклами и познати ликови во нивните помлади денови. Во овој поглед денес сме на бандаж: Пелистерка некогаш ја рекламираа ракометарките и Северина, денес ја рекламираат Боки и Ритко.   

Хуснија ја отвори зимата како пупка

Не барајте други прогнози за тоа каква зима нè очекува. Ја имаме вистинската. Отприлика ова време, октомври, ја прашуваат Хуснија од „Ноќна мора“ какво време доаѓа. Хуснија погледна во празна шоља турско кафе и даде прецизна - да попрецизна не може да биде - дијагностика. Додуша, ова се случуваше во 2005-та година ама легендите викаат дека времето се повторува на секои 20 години.  

Сите станаа Информер

Со српските про-режимски медиуми е лесно и знаеш на што си: Александар Вучиќ е бог и нема тука што многу да се мозга. Ама оние кои, за разлика од претходниве, се сметаа за професионални, објективни и непристрасни, долготрајната политичка криза во Србија зачната со паѓањето на настрешпницата во Нови Сад, миц по миц ги доведе до исто пропагандно ниво, само обратно. 

Гоца, стегни му ти кисче

Од „длабокото новинарство“:

Упс!

Како е „undo“ во програма во живо?

Нормализација на глупоста

Ако августовските инциденти во Србија се само загревање за очекуваното есенско крешендо, ќе биде јако невесело. Двете Србии се толку замразени меѓу себе, што е нејасно како таа температура може да се спушти. Демонстрантите одеа прво по куќи на луѓе, па фатија да кршат простории на СНС. Хмм, така ли изгледа подобрата Србија? Медиумите се соодветно групирани и нема нешто што ќе им го начне наративот. Вклучително хрватските.

Пропаганден алгоритам

Консензуален е заклучокот дека медиумите одиграа посебно срамна улога во крвавите војни во поранешна Југославија. Во подготвување на атмосферата, одржувањето на огнот, долевањето бензин на огнот... Не се тоа којзнае колку префинети пропагандни финеси и разлики. Матрицата е иста, само треба да се заменат улогите кој е агресор а кој жртва.