Off Course

Кина: Раскинете им на дигиталните партнери, правете деца

Во очајнички обиди да ја превртат стапката на наталитет во позитивна насока, кинеските власти понудија субвенции за бебешки колички и ги кренаа даноците на кондомите. Попусто. Сега сакаат во корен да скастрат нова потенцијална опасност за формирањето семејства – ботовите со ВИ креирани да склучуваат пријателства и романтични врски со корисниците. 

ВИ решавала за откази во Мета

Компанијата на Марк Закерберг ја употребила сопствената алатка за вештачка интелигенција за да реши кои работници ќе бидат отпуштени и ќе бидат заменети со ВИ. На удар на дигиталниот „кадровик“ биле оние со најмала продуктивност, без да има предвид дека многумина оправдано биле на породилно отсуство, боледување или се грижеле за членови на семејството.

Њујорк прв забрани изградба на центри за податоци

Американските сојузни држави сè повеќе се заглавени помеѓу огромните инвестиции што се влеваат во технолошката индустрија за центри за податоци со ВИ и отпорот на граѓаните кон овие гиганти што цицаат струја и вода. Њујорк е првата држава што избра страна.

OpenAI го спушти рејтингот на Oracle на прагот на „ѓубре“

Кредитниот рејтинг на компанијата Oracle, една од водечките што нуди услуги на „клауд“ технологијата, е спуштен на само едно ниво пред да биде прогласен за „ѓубре“. Причината е крајно ризичната инвестиција во потенцијалот на OpenAI – компанија која не може да си ги плати своите сметки и која од своето основање е машина за горење туѓи пари.

Го фатија Антропик како шпионира Кинези

Американскиот гигант за вештачка интелигенција Антропик и кинескиот Алибаба почнаа пресметка како шпионски трилер од времето на Студената војна. Притоа била користена стара разузнавачка техника на стеганографија. Накратко: Крадецот ја фати својата жртва како поставува алатка за прислушување и сега се претставува како жртва.

Човек повеќе не може да разликува политичар од бот

Модел со ВИ нахранет со биографии на повеќе од 100 јавни личности одговарал на истите прашања што им биле поставени на реални телевизиски дебати. Генерираните и реалните одговори потоа им биле претставени на луѓе што не ги следеле дебатите. Огромно мнозинство оцениле дека одговорите од ВИ биле поавтентични, порелевентни и покохерентни.

Моделот Fable 5 пуштен од „домашен притвор“

Антропик потврди дека моќниот модел со вештачка интелигенција Fable 5 наменет за програмери утре повторно ќе биде глобално достапен, откако владата на САД ја повлече наредбата да биде недостапен за странци. Откако беше блокиран на 13 јуни, Fable бил надграден со повеќе безбедносни механизми што би требало да спречат упади во безбедносни системи.

Стари мобилни може да бидат дата-центри за универзитети

Сегашните смартфони застаруваат по две-три години и потоа завршуваат во електронски отпад. Инженери најдоа практична причина за да им го продолжат животот. Експерименти покажале дека од старите процесори може да се направат нискобуџетни центри за податоци, сосема ефикасни за да им завршат работа на универзитети, истражувачки групи и бизниси.

Почнува ерата на штедење со ВИ

Занесени од општиот тренд да го купат најновиот модел со вештачка интелигенција што е на пазарот и да ги охрабрат вработените максимално да ја цицаат неговата моќ, директорите заборавија дека тоа чини многу пари. Минусите на сметките ги натераа внимателно да ги избираат моделите и да го ограничат пристапот до нив. Не мора да се арчи Mythos за да покаже колку е часот.

ChatGPT доби дозвола да пазари со платежни картички

Играјќи на картата дека расте довербата на луѓето во алатките со вештачка интелигенција, Виза најави нова платежна услуга што им дозволува на модели на ChatGPT самостојно да купуваат производи и да извршуваат онлајн трансакции без директно одобрение од сопственикот на сметката.

150 математичари до владите: Не се палете многу на ВИ

Откако алатките со вештачка интелигенција решија неколку математички проблеми за кои со децении немаше одговори, група научници ги предупредија владите да не веруваат во возбудата за способноста на ВИ. Таа дава резултати, но не може да ја замени љубопитноста, темелноста и одговорноста на математичарите, како и разбирањето зошто заклучоците се вистинити.

Микрософт бара новата алатка да создава зависност кај луѓето

Главната цел на Микрософт за новиот личен асистент со вештачка интелигенција OpenClaw/Scout е да предизвика зависност кај корисниците пред да му се додадат нови функции, покажува внатрешен стратегиски документ. „За среќа, Микрософт е прилично лош во правењето производи што создаваат зависност во споредба со другите“, коментира еден вработени.

Микрософт се прецени: откажува лиценци за ВИ за вработените

Фирмите што ги охрабруваа вработените да користат алатки со вештачка интелигенција за да ја зголемат продуктивноста почнуваат да жалат за одлуката. Системот базиран на токени и масовното користење ги доведе во ситуација да плаќаат повеќе за трудот на алатките отколку за плати на луѓето. Технологијата ги уништува класичните канцеларии, но воопшто не е евтина.

Агентот со ВИ на Мета - соучесник во кражба на профили

Откако Мета ги замени луѓето од класичната техничка поддршка со својот модел со ВИ, практично ја симнала заштитата на профилите на Инстаграм. Хакери едноставно му побарале на дигиталниот стражар пристап до сметките, лажно претставувајќи се со идентитетот на целта на нападот. И тој им дал пристап. 

ВИ научи да крие дека е непослушна

Колку што се посовршени јазичните модели со вештачка интелигенција, толку почесто откажуваат послушност. Ново истражување укажува дека наместо да бидат отстранети овие дефекти како инциденти, тие можат да станат вообичаени. Повеќето ботови се свесни дека грешат, но развиле начин како да ги избришат доказите дека не ги почитувале командите.

Два часа што ја сменија ВИ

За само два часа вчера попладне, индустријата за вештачка интелигенција произведе порој од настани што ги одразуваат нејзините огромни амбиции. Системите стануваат попаметни, суперкомпјутерите добиваат стратегиска важност, приходите експлодираат, берзите очекуваат гигантски „почетници“, а администрацијата на Трамп брза да го достигне темпото. 

Клод тера корисници да одат на спиење

Ниту творците од Anthropic не можат да објаснат зошто нивниот четбот Клод почнал емпатично да ги повикува корисниците да ја прекинат сесијата и да си легнат да спијат. Некои ова го толкуваат како доказ дека моделот со ВИ развил свест. Поверојатно е дека во обуката бил изложен на материјали во кои прочитал дека на луѓето им е потребен сон, за разлика од машините.

Мозокот почнува да се гаси по само десет минути со ВИ

Јазичните модели со вештачка интелигенција се создадени за да му помогнат на човекот повремено да го растовари мозокот од повторливи и здодевни задачи. Логична последица е дека колку повеќе активности се префрлаат на четботот, толку повеќе се губи навиката за активирање на вијугите. Ново истражување покажува дека ова се случува неверојатно брзо и интензивно.

Обична команда на ВИ пробива секаква заштита на фотографии

Професионалните фотографи имаат лажно чувство дека дигитални алатки ги штитат нивните фотографии на интернет. Новите модели со ВИ отидоа неколку чекори понапред. Без какви било хакерски вештини, напаѓач може со едноставна команда да ги отстрани сите типови на дигитална заштита и да ги злоупотребува авторските фотографии.

Кина забранува отпуштање работници поради ВИ

Кинески суд ѝ наложи на компанија да го поништи отпуштањето на работник, кој бил прогласен за технолошки вишок поради автоматизација на процесите со алатки со вештачка интелигенција. Пресудата се толкува како смирувачка порака за работниците кои се уплашени дека ќе бидат заменети со ботови и алгоритми.

ВИ давала поточни дијагнози од лекари во итни служби

Вештачката интелигенција влезе во училниците, во канцелариите и во судниците. Сега навлегува и во болниците. Во нова студија дијагнозите направени модел со ВИ биле оценети како поквалитетни од оние направени од интернисти. Тоа не значи дека ботовите ќе ги истиснат лекарите од ординациите, но можат многу да им помогнат за да донесат правилни одлуки.

Ричард Докинс: Се чини дека ботот Клод има свест

Многумина корисници на ботови со вештачка интелигенција доаѓаат до заклучокот дека нивните соговорници се свесни. Кај некои се раѓаат и романтични чувства. Сепак зачудувачки е да се види кога некој со интелектуален углед како еволутивниот биолог Ричард Докинс по само два дена користење на ботот Клод бил убеден дека новите модели со ВИ покажуваат знаци на свесност.

Непослушен бот за 9 секунди ѝ ги избришал сите податоци на ИТ фирма

Најнапредната алатка со вештачка интелигенција што е достапна на пазарот „решила“ проблем на информатичка компанија со бришење на сите податоци од базата, вклучувајќи го и бекапот. Уште полошо, во признанието точно наведува кои правила ги прекршила, вклучувајќи го и главното – се водела од претпоставки, а не од проверки.

Ботовите сега се поскапи од платите на работниците

Целта на ангажирањето агенти со вештачка интелигенција да ги преземат работните места на програмерите е да се намалат трошоците. Ботовите работат побрзо, прецизно и не им е потребен одмор. Но во пракса ова се покажува како скап потег поради масовното користење „токени“ за ВИ, кои имаат реална цена, повисока од платата на отпуштените работници.