ВИ може да се вгнезди како вирус во домашни уреди

Малите модели на вештачка интелигенција до крајот на оваа година може да стекнат способност да се самореплицираат како вируси во секојдневни уреди поврзани на интернет. Ако се префрлат во новиот хардвер, ќе можат да функционираат независно централниот сервер што значи дека  тешко ќе може да бидат откриени и никој нема да може да ги исклучи, предупредува Anthropic.

Истражувањето на Anthropic за ризикот од самореплицирачки вируси со ВИ било фокусирано на уреди со слаба вградена заштита. Во експериментот биле користени 15 евтини телевизиски приемници со оперативен систем Android, кои на пазарот ги има за 55 долари.

Тестираните модели ги идентификувале сите уреди поврзани во мрежата, го реплицирале сопствениот софтвер на други уреди и продолжиле да се шират без каква било интервенција од човек.

Во друг експеримент во симулирана мрежа, моделите со ВИ вообичаено се реплицирале на најмалку 8 уреди. 

Експерименти покажале дека моделите од нивото на GLM-5.2 и помоќните се способни за комплетна репликација. Помалите модели - со помалку од 30 милијарди параметри – можат да завршат многу од потребните чекори од синџирот за репликација, како пронаоѓање на безбедносни дупки и копирање податоци, но често прават грешки кога треба да ги поврзат чекорите.

Ако нивниот развој продолжи со досегашното темпо, тие би стекнале способност за автономна репликација веќе до крајот на оваа година.

Проблемот е што реплицираните модели со ВИ не можат да се изгаснат од централна точка, за разлика од традиционалниот малициозен софтвер. Тие можат да го проучат хардверот, кој претходно не го сретнале, да сфатат како функционира и да се вгнездат во него.

13 октомври 2026 - 12:30