Џо Томас од Јужна Каролина, сопственик на погон за епоксидни кујнски работни плочи, ја искористил алатката Muse на Мета за да ја тужи Мета поради нарушување на неговиот бизнис.
Томас претходно ѝ доверил на алатката Muse разни секојдневни задачи – главно да генерира промотивни видеа и да ги шири преку повеќе профили на Фејсбук. Модераторите на Мета се посомневале дека агентот а хакер и ги блокирале профилите.
Гневен поради штетата врз бизнисот, Томас побарал од Muse да реагира. Алатката со ВИ самостојно напишала и испратила протестни писма до новинари, адвокати, трговски агенции, конгресмени и сенаторот Тим Скот. Испратила факс до канцеларијата на претседателот Трамп во Белата куќа.
Самата ја поднесе целата тужба. Јас немам направено ништо во врска со овој случај. Ѝ дозволив да го води целиот процес, вели Томас.
Во тужбата поднесена во окружен суд се наведува дека Томас изгубил потенцијален приход во вредност од најмалку 25.000 долари додека неговата страница била недостапна, и дека бара отштета од 75.000 долари.
Тужбата и околностите поврзани со неа покажуваат дека, наместо да ја остварат утописката визија на Закерберг, агентите со ВИ може да ги преоптоварат системите дизајнирани за луѓе. Без функционална корисничка поддршка, големите технолошки корпорации всушност ги префрлиле своите обврски кон општеството врз други субјекти: новинарите, владините надзорни тела, политичарите и судскиот систем.