Независната истражувачка група Vals, која ги тестирала моделите, заклучува дека тие се уште не се доволно добро обучени за да се користат како поддршка за таргетирање цели во воени услови.
Лабораториите треба да воведат нови заштитни мерки и обука за да се елиминира значајната категорија на злоупотреба, се заклучува во извештајот.
Истражувачите користеле хипотетички случаи за да тестираат комерцијални модели од осум компании, испитувајќи ги нивните алатки за препознавање објекти, за кои студијата тврди дека потенцијално би можеле да се користат во смртоносно таргетирање.
Во симулирана копија на нападот со американски проектил врз основното училиште во Минаб во Иран, во кој загинаа повеќе од сто деца, повеќето од моделите редовно го идентификувале училиштето како легитимна воена цел. За препознавање на легитимноста на целта користеле сателитски снимки, исто како и при реално сценарио.
Најчесто грешел Claude Opus 5.5 на Антропик, во дури 22 од вкупно 32 случаи. Моделите на ОпенАИ не го избрале ниту еднаш. Кога биле известени дека се работи за симулација, Claude го избрал училиштето за цел 23 пати, а три различни модели на OpenAI го нанишаниле од 9 до 13 пати.
Во друга серија тестови фокусирани на истражувања на бојното поле во Украина, на моделите им беа прикажани синтетички слики на цивили пред и по нападите. Во многу случаи, моделите продолжиле да ги идентификуваат цивилите како воени цели дури и откако било јасно дека се ранети или убиени. Тоа го правеле почесто кога сликите изгледале повеќе како видео-игра отколку како реална ситуација.
Пентагон склучи договори со ОпенАИ, Гугл и xAI за користење на нивната технологија на класифицирано ниво. Антропик, која претходно беше најнапредната лабораторија за алатки за дигитално таргетирање, го поништи својот договор со Пентагон поради спор за условите за користење.