Апокалипсата поминала во петокот

Пред 66 години, списанието „Science“ објави рецензирана студија со која се потврдува она што денес многумина го знаат: загрижувачки дел од академската литература е бесмислено дрдорење на елитни интелектуалци, дури и кога научниците продолжуваат да ги третираат рецензирани истражувања како да се свети списи.

Во 1960 година, професори на Универзитетот во Илиноис објавија труд од 4 страници во кој предвидуваат дека човечката популација може да порасне толку многу што сите ќе изгинеме како глобална толпа на 13 ноември 2026 година.

Еве, четврти ден од тогаш, уште планетава некако нè собира. 

Авторите го наполнија трудот со десетици диференцијални равенки и додадоа 26 референци на крајот.

„Нашите пра-правнуци нема да умрат од глад“, заклучија професорите. „Тие ќе бидат згмечени до смрт“.

Има и понови примери.

Во јули 2022 година, истото списание објави два рецензирани труда во кои се тврдеше дека ковид пандемијата започнала во декември 2019 година на пазар за храна во Вухан.

Но, подоцна недвосмислено се потврди дека вирусот веќе инфицирал луѓе неколку недели пред појавата на пазарот во декември. Тоа го знаеме од молекуларниот часовник на вирусот, кој ја користи стапката на генетски мутации во вирусот за да процени кога започнала епидемијата. Според таа мерка, епидемијата започнала во октомври, не во ноември а сигурно не во декември.

За тоа каде бил пред декември, можеби ќе дознаеме некој ден. 

17 ноември 2026 - 11:51