Балканштина

Како од министерка да се вратиш на „Гоца, нокти, евтино“?

Дуда Буржујка од кај Кесиќ има одлична песна за оние кадровски полуфабрикати кои  напредуваа за време на долгото владеење на Александар Вучиќ и се навикнаа на удопствата на своите функции за сега да мора да се вратат на фабрички подесувања. Мета е развластената кадровска елита на СНС но пораката важи и за овдешните крлежи кои прелесно се уфилмуваат и мислат вечно ќе им трае.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Стручна анализа на изборен пораз

Уште и Меркур ако бил ретрограден...

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Дечкото тврди дека е професор на Архитектонски факултет

Првиот деклариран бугарски вампир

„Излегување од плакар“ е кога некој ќе се одважи јавно да каже дека е геј. „Понапредна“ верзија е кога некој верува дека природата му дала погрешно тело па себечувството не му е синхронизирано со хромозомите. Најнапредната верзија ја има Бугарија во која лик призна дека е вампир. Роден е во Созопол во 1896-та а вампир е од 1914-та. За возраста, добро се држи.