Балканштина

Косовскиот кошмар се враќа како зафрканција

Косовска реклама за KFC. Добро. Ама, како луѓе кои нема што не виделе лошо на интернет, не можеше мелодијата искористена во неа, да не нè потсети на еден дамнешен текстуален и аудио злостор кој го имаме објавено пред точно десет години. Ќе поверувавме дека сосема сме го заборавиле. Не бре брате, се упекла песната во нас, само чекаше некој да ја разбуди. Сега пак со недели ќе нè прогонува Арменд Мифтари.

Медиумското его на Вучиќ

Српскиот претседател деновиве имаше уште едно непријатно интервју на РТС. Тој човек не трпи непријатни прашања, не е навикнат некој да го прекинува со потпрашања (пошто Јована Јеремиќ го остава да зборува колку што сака), знае дека е на интервју а сепак гледа во камера и инсистира неговиот збор да е последен. Дури и кога новинарката ја одјави емисијата, тој имаше што да додаде.

Врањанец и вештачка интелигенција

Средбите на глобалната ВИ и локалните ликови допрва ќе раѓаат драгоцени ситуации. Човек од село во околина на Врање треба да патува со авион ама му е фуфка. Му објасниле дека постои вештачка интелигенција која може да му одговори на сите дилеми кои ги има и дека со неа може да разговара како со човек. А врањанецот воспитан човек па првото прашање до ЧетГПТ му е: Нели спиеш?

Реклама во реклама, како кобасица во мелено

Супер реклама, не заради приказната, цаката во неа или реализацијата туку по тоа што максимално се искористени ВКУСОВИТЕ на локалниот пазар. Започнува со еден новитет во лесковачката скара кој се вика шаржер (кобасици во мелено месо). Се префрламе на плескавица полнета со дуван чварки а потоа видеото неочекувано менува жанр, како во „From Dusk Till Dаwn“ 

Бугарските матури не се уморија па не се уморија

Од бугарските матури се имавме шокирано и ние и нашата публика уште во првата година од нашиот сајт, во далечната 2012 година, кога ги објавивме, добивме 15.000 реакции и тоа допре и до Бугарија, дека Македонија се мајтапи со нивните абитуриентки. Бидејќи чувствуваме информативна одговорност кон оваа урнебесна кич-традиција, погледнете еден детал од денешната опрема на бугарските матури.

Кавгата околу орелот

Макс Амини, американски стенд-ап комичар со иранско потекло, пробува на публиката да ѝ ја долови „тежината“ на оној „орелски“ поздрав кој Албанците го прават со рацете (памтете Ахмети кога во вежбаше на стари години?), и како тоа го доживуваат Србите. Ко за беља, од публика се јавува Србинка, за да го поправи Амини, тоест да го потврди неговото мислење дека сето тоа гневење е непотребно. 

Верата е однесувањето

Не ми требаат политичари на џума, вели мудриот човек, ако доаѓаат за мене, подобро да не доаѓаат. Џума, постење... тоа се обреди за благодарност кон Бога. А верата е нешто друго, верата е како се однесува човекот. Што ако едниот комшија ми се вика Мухамед а другиот Марко, ако Мухамед ме малтретира и ми фрла ѓубре во двор, за разлика од Марко кој е прекрасен човек. Кој ми е поблизок?