Балканштина

Ако може вака, Скопје е веќе спремно

Пловдив беше Европска престолнина на културата во 2019 година, заедно со италијанска Матера. Имаа амбициозна програма „Заедно“ со над 320 проекти, околу 600 настани: изложби, театар, фестивали, концерти, улични уметности, проекти за интеграција (особено за ромската заедница во квартот Столипиново). Но, откако рефлекторите ќе се угасат а културата ќе си ги собере парталите, ќе останат само парталите. И Столипиново.

Сомелиер на денот

Младоженец на црковна венчавка не мора да биде автоматски збунет од ритуалите, јако запотен од топлото, со круна која го прави дополнително клемпав... Може и како овој фраер: отпи три пати од виното како што е редот, попот го праша дали е добро и овој даде одговор за сите пари!

Дали глуп човек може да слуша добра музика?

„Кажи ми што музика слушаш и ќе ти кажам колкав IQ имаш и колку книги имаш прочитано“, кажа босанскохерцеговскиот актер и писател Феѓа Штукан и ги протресе мрежите, со 400.00 прегледи за само два дена. Многумина се согласија со него но многумина тоа го доживеаа како помпезно и напувано квази елитистичко мислење.