Разно

Манаки остават спомени

Постојат и поголеми фестивали на кинематографери во светот (како на пример оној во Полуњ, Полска), но ако меѓу нив има натпревар, „Браќа Манаки“ убедливо ќе им ја зема титулата Мис Шарм. Посветеноста на организаторите, лежерноста на Широк сокак, педантно дотераните битолчанки и господски дистанцираните битолчани, прават на гостите од странство да не им се оди дома. Така се случи човекот на Кристофер Нолан да свири блуз пред Офицерскиот.

Чудна жена беше Мери Кеј

Мери Кej Брас од Масачусетс уште пред долги години добива Фулбрајтова стипендија за да ја развива својата музичка љубопитност за различни култури и нивниот фолклор. Го основа меѓугенерацискиот хор Greenfield Harmony и еве ги нив, 80 гласа како ја пејат „Чудна жена беше вера.“ Ќеиф. 

На Скопје некогаш толку малку му треба

Фатил некој да ги „реновира“ балканските градови па му дошол ред и на Скопје. Не се работи за ГОЛЕМИ проекти, за онакви кои се поврзуваат со идентитетот и духот на градот туку за мали, обични парчиња Скопје кои лесно можат да се средат а покрај кои минуваме секојдневно. Тротоар да се спастри, нешто зелено да се посади, фасада да се бојадиса... Ама не, нула имаме ние чувство за детали.

Дарко Лешоски: Зошто уште го правите ова? До кога?!

Дека во вашите кладилници имате вакви девојки со полугол газ кои нè чекаат? Дали имате и самите или дали познавате некој кој има сестра или ќерка? Дали сте толку глупи ко курац или мислите дека ние сме глупи ко курац? 

Холивуд игра како што Македонија му пее

Што ми е мило ем драго македонска музика во холивудски филм да чујам. Ја има во ланскиот филм на Ендрју Петерсон, The Rivals of Amziah King, со Метју Меконахи и Курт Расел. Филмот има солидна 7,1 ИМДБ оценка а музиката уште подобра, пошто наша. Ја изведуваат ангелски гласови од Китка. „Оф леле, леле либе ле, срцево ми го џанам изгоре“.

Рурално, само рурално

Францускиот фотограф Огист Леон во 1913 година ја посетува Македонија како дел од проектот  „Архиви на планетата“ на богатиот банкар и филантроп Албер Кан. Целта на проектот била да се зачува во боја изгледот на светот и човечките култури на почетокот на 20 век, пред тие да исчезнат. Скопје, Охрид, Битола, Смилево, Опеница, Бунарџик... Македонци, Албанци, Турци, Грци, Власи, Роми... Уште сме истите на истите простори и никако да навикнеме на тоа. 

Пропагандната машина за бришење на Македонија

На секоја објава, на секое видео, секој пат кога Македонија ќе се појави некаде онлајн, се пали пропагандната машинерија. „Македонците не постојат.“ „Јазикот е бугарски.“ „Александар бил Грк.“ Коментари, уредувања на Википедија статии, платени наративи што се повторуваат сè додека некому не зазвучат како вистина.

Што ќе направиш ти за Македонија?

Ајде ние еднаш да го прашаме инвеститорот: Што ќе направиш ти за Македонија? Не колку милиони ќе потрошиш, туку колку струја ќе платиш (што мислите, кога ќе почнат тие центри да влечат струја, кој ќе го плаќа увозот на истата?), колку вода ќе оставиш, колку трајни работни места ќе создадеш, колку инфраструктура ќе финансираш? И колку од создадената вредност ќе остане тука?

Техеран до Ѓорче Петров

Денес одам да пријавам нарушување јавен ред и мир во полициската во Ѓорче. Му ги покажувам снимките, јачина на звукот на појачалото, часот кога се случува. Ми вели за тоа појачало е надлежна Општина Сарај, ќе мора да одите да пријавите во полициската во Глумово. Држава или параспурија?

Ме фати страв од готичарки. Не знам што да правам?

Шетајќи во 2 саат по полноќ, ми дојде одлична оптимистичка идеја за да си ја скратам досадата: појдов на бурек и одлучив да го јадам истиот некаде во парк. Арно ама, немаше светла и беше речиси сè темно; снемав апетит, го оставив бурекот и се чукнав у гради кога видов како група на екстровертни готичарки дојдоа слушајќи хеви метал на нивниот звучник.

Не баш силно светнал БДП

„Луѓе, какви 35 години!“, ќе каже Џамбазов на почетокот на спотот по повод 35 години од независноста на Македонија, како најава за караванот „Силно светнал ден“. Убаво му доаѓа на човек да се потсети на промоцијата на македонските пари, голот на Шаќири, кошаркарите во Литванија, Тоше... сето тоа со „Насмеј се и главата горе“, на Ана и Игор Дурловски. Само што, тие 35 години не беа скроз за смеење. А главата (главно) беше горе зашто ако беше поднаведната, ќе си го видевме џебот.   

Братислав Димитров: Најпоследна одбрана на ајварот

Има ли поубав и поздрав мирис на оган, чад и пржени пиперки додека госпоѓата есен ги слика своите импресионистички платна по нашите дворови, а ние пиеме лути ракии и рујни вина, мезиме разни салати, се смееме, се кикотиме и се грголиме со нашите комшии, мајки, татковци, браќа и сестри, баби и дедовци, внучиња и спомени од нашето детство, а после јадеме кулинарски атомски бомби, затоа што е глупаво да умреш здрав.

Јас сум таа мрзливата

Тој: Ако ѝ раскинам, шансите се огромни дека ќе останам сам. Ако не раскинам, очигледно ќе треба да живеам со инфантилна, мрзоволна жема со нула амбиции која не сака да биде ни мајка. Таа: Намасте.

Македонија до Масачусетс

Изведува хорот на Гринфилд, Масачусетс.

БЈР Матрикс

Брус Ли не тепаше, Брус Ли страдаше. А страдаше затоа што беше принуден да ги тепа овие неразбраните! Како што може да ви каже секој локален „почитувач на делото на Ингмар Бергман”, токму тоа на Бруса најтешко му паѓаше. Пошто беше јак ко вол ама благороден ко шарпланинец.

Како рокенролот остана инфантилен

Погледнете ги Гиле и Аница Добра и ќе сфатите за што зборува Урош Ѓуриќ. За разлика од некои светски ветерани на рокенролот (Иги Поп, Дилан, Спрингстин...), добар дел од долговечните рокери од овие простори тематски не созреаја со своите години туку продолжија да рециклираат мотиви од својата младост, што знае да звучи и да изгледа баш гротескно. За разлика од една богиња Шемса, на пример.