Дарко Лешоски: Зошто уште го правите ова? До кога?!

Дека во вашите кладилници имате вакви девојки со полугол газ кои нè чекаат? Дали имате и самите или дали познавате некој кој има сестра или ќерка? Дали сте толку глупи ко курац или мислите дека ние сме глупи ко курац? 

Зошто уште го правите ова? До кога?! Која е пораката која сте сакале да ја испратите?

Дека во вашите кладилници имате вакви девојки со полугол газ кои нè чекаат? За што нè чекаат? Што ќе правиме? Која е цената на тоа кое треба да го правиме? Која е пораката која сте сакале да ја испратите? - пак уште еднаш.

Дали сте свесни дека просечно интелигентен и просечно добар и лош човек каков што сам се сметам може само со една обична ќибритка да ви ја осветли потсвеста и да ве соочи со “снимка”, некој вид скен на истата? А на таа потсвест местото и е во камено доба или во некој утилитарен систем за кој нема место во државата во која јас сакам да живеам.

Дали имате и самите или дали познавате некој кој има сестра или ќерка?

Дали сте толку глупи ко курац или мислите дека ние сме глупи ко курац?

И не, не сум и не се сметам себеси за феминист, а господин како што оставам да ме викаат само по шалтери и по банки - знам дека сум! Затоа дур сум жив ќе реагирам на “боратлук” и на мизерија.

И не треба да реагираат на вакви простаклуци ниту феминистки ниту жени воопшто, ами ние, моја драга господо неандерталци.

Ние!

Убава вечер!

Дарко Лешоски

П.С: Свака час за надредниот знак на “è” од “следете нè” , всушност тоа е и најдоброто нешто од цела реклама, почитувањето на правописот е за поздрав!

******

Бавчата на Дарко на Оффнет е овде

18 септември 2026 - 10:33