Занимливости

Златна треска во Полска

Владата на Полска почна кампања со која им нуди високи награди на аматерските трагачи по богатства ако пронајдат вредни историски предмети. Се очекува за детектор за метал и за лопата да се фатат до 200.000 луѓе. Археолози предупредуваат дека златната треска може да предизвика измами и штета од над милијарда евра.

Дојде време да се укине престапната секунда

Глобалното тело за мерки реши да ја укине „престапната секунда“ со чие додавање се прилагодуваше официјалното глобално време со астрономското. Забрзаната ротација на Земјата  налагаше почесто поместување на времето на атомските часовници. Наместо секунда, се воведува „престапен час“, кој нема да ни биде проблем. Со него ќе се занимава некој по 1.000 години.

Тешко ќе може да се фати провалник со ДНК од воздух

Провалници и убијци прво мораа да ги прикриваат стапките, па отпечатоците од прстите, паднатите влакна, дури и микроскопските траги од ДНК оставени на површини на местото на злосторството. Засега не се загрозени од новите форензички методи кои овозможуваат да бидат откриени врз основа на траги од генетски материјал што го оставаат во воздухот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Германија дала 200 милиони евра за видео-игри за кои нема поим

Германската влада во изминатите седум години издвоила 221 милион евра за продукција на над 700 видео-игри, како обид да ја зајакне домашната гејминг индустрија. Но, никој во Берлин не води евиденција ни кои се игриците ни дали воопшто се достапни. Голем дел од парите се префрлаат на идеолошки проекти или на рекламирање приватни компании.

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Англичаните ќе јадат и банани што не потемнуваат 

Банани што не потемнуваат се првото овошје со генетски измени одобрено за законска продажба во Британија. Новата сорта банани создадени во лабораторија се поотпорни на стареење и на оштетување, што овозможува подолго да останат добри за јадење. Британските домаќинства секоја година фрлаат дури 1,4 милиони банани кои се добри за јадење, иако се потемнети.

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Јапонците престанаа да растат

Јапонија одамна губи население и забрзано старее. Нова причина за загриженост е податокот дека нацијата престанала да расте уште од крајот на минатиот век. Во исто време Кинезите и Корејците пораснале најмногу во светот. Како објаснување за разликата се посочува на исхраната со помалку калории, диетите на бремените жени и намалените часови на спиење.

Годините можат да се слушнат

Знаците на стареење не се видливи само на лицето, кожата или косата. Се чини дека трагите од стареењето ги носиме и во нашиот глас, а научниците сега сметаат дека начинот на кој зборуваме би можел да стане едноставен и неинвазивен показател за процесот на стареење. Само 30 секунди снимен говор даваат изненадувачки многу информации за возраста на една личност.

Сингапур им плаќа на луѓето да се фатат за книга

Сингапурските средношколци постигнаа најдобри резултати во светот на тестирањето за читање на ПИСА. Сепак, властите на богатиот град-држава воведуваат нови иницијативи за поттикнување на читањето. Им нудат симболични награди за да поминат барем 15 минути на ден со книга. „Навиките се градат бавно“, истакнува претседателот.

На старите светот останува

Првпат во историјата, во светот има повеќе луѓе постари од 65 години отколку деца на возраст под 5 години. Оваа демографска инверзија ќе продолжи да се продлабочува со децении поради глобалниот пад на наталитетот и зголемениот просечен животен век. Европа останува најстариот континент, но и бројот на Африканци над 65 години ќе се зголеми за четири пати до 2060 година.

МАГА 2.0: Ќе ја направиме Африка повторно голема?

Генералното собрание на ОН денеска треба да гласа за резолуција дали светот треба да се откаже од традиционалната Меркаторова карта на светот, на која Африка изгледа помала отколку што навистина е, а северните региони се преувеличено големи. За Африка ова е политички проблем, бидејќи сака повпечатлив израз за нејзините аспирации да има поголема улога во светот.

Во Италија отвориле школо за еден ученик

Замаени со евроинтеграции и толкување сигнали од Брисел, ние годинава како првпат да забележавме дека училниците ни се празнат. Додека не се „стекнат“ (дали е можно баш таков глуп збор да се избере?) со братче или сестриче, тие што останале заслужуваат полно внимание. Италија дава пример дека образованието е основно право и за децата од најизолирани места.

5.000 морнари во тајландскиот град на гревот

Тајландското одморалиште Патаја, кое сè уште го бие глас на глобална дестинација за секс-туризам, е избрано за првото место во кое на копно ќе стапнат 5.000 морнари од американскиот носач по речиси десет месеци на отворено море. Предупредени се да не пушат марихуана и да ги избегнуваат борделите, зашто се забранети со закон, а особено да не го навредуваат кралот.

Кој сака (да чека) да стане милионер

Има луѓе што фрлаат хард диск со илјадници биткоини на депонија и потоа молат да копаат по неа како археолози на сопствената глупавост. Има луѓе што си ja заборавиле лозинката и сега имаат само уште две утки пред богатството да им исчезне како Кајзер Созе. Ама, го има и Крис. Човек ќе се израдува и да си најде стотка во џеб од старо капутче, не па преку ноќ да стане милионер откако 12 години немал пристап до своите биткоини.

Ќе го замениме ли денот за ноќ поради топлото?

Александар Пушкин го опишуваше распуштениот живот на младиот Онегин во Санкт Петербург, човек кој речиси го заменил денот со ноќ а ноќта со ден. Ноќта била резервирана за балови, театри и задоволства, а денот бил време за спиење. Два века подоцна, можеби и ние ќе треба така, не поради луксузот на ноќниот живот, туку поради луксузот од неколку степени помалку.

Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.   

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Нашата планета станува сè потемна

Насловот не е некој метафоричен, поетски опис за очајната состојба на човештвото, моралот или нивото на македонските реклами на Инстаграм. Зборуваме за вистинска мерлива темнина што се шири низ површината на Земјата. Напредокот во животната средина буквално има неочекувана темна страна.

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Суеверни градоначалници го кочат растот на Кина

Кинеските локални заедници со суеверни градоначалници имаат послаби економски резултати за просечно 2% во споредба со другите општини, покажува нова студија. За да ги прилагодат урбанистичките планови кон правилата од фенг шуи, блокираат инвестиции, поништуваат градежни проекти, па дури и уриваат згради.

Подемот и падот на лажливиот професор од Кембриџ

Џејсон Ардеј стекна светска слава кога беше назначен за најмладиот црн професор во историјата на Универзитетот во Кембриџ. Сега поднесе оставка поради плагијат на докторатот. Факултетите се уловиле на неговата приказна дека научил да пишува на 18 години, а на 30 веќе докторирал, па го промовирале како успешен пример за „различност“ без да проверат дали можеби ги лажел.

Мексикански Бетмен врзува крадци по бандери

Самопрогласен борец против криминалот во мексиканската држава Халиско ги лови крадците на точаци и мотори и ги остава врзани за бандери, со натписот „крадец“ на нивните чела. Наместо да ги лови крадците, полицијата почна да го лови одмазникот, кој во заедницата доби статус на локален суперхерој. Никој не му го открил идентитетот.