Шума почнала да испушта јаглерод диоксид

Шумите се драгоцен и непроценлив регулатор на воздухот бидејќи го складираат јаглеродот во своите корени, стебла и гранки. Но, тропска шума во Австралија, поради екстремните температури и сувите услови, го сменила моделот на своето функционирање па повеќе испушта отколку што складира јаглерод.  

Австралиските тропски дождовни шуми во Квинсленд станаа првите во светот што се префрлија од апсорбент на јаглерод во извор на емисии поради сè поекстремните температури и посувите услови. Промената, која се однесува на стеблата и гранките на дрвјата (не и на кореновиот систем), започнал пред околу 25 години, според ново истражување објавено во Nature темелено на податоци од 50 години.

Дрвјата складираат јаглерод додека растат а го ослободуваат кога се распаѓаат, умираат или горат. 

Пред околу 25 години, стеблата и гранките на дрвјата во тие шуми почнaле да стануваат нето емитер.

„Ова е првата тропска шума од ваков вид што покажува ваква промена“, вели авторот д-р Хана Карл од Универзитетот во Западен Сиднеј.

Останува да се види дали тропските шуми на Австралија се предвесник за други тропски шуми на глобално ниво за што се потребни понатамошни истражувања. Ако е така, наодите би можеле да имаат значајни импликации за глобалните климатски модели, јаглеродните буџети и климатските политики. 

На глобално ниво уделот на јаглерод диоксид апсорбиран од шумите, дрвјата и растенијата бил доста стабилен во текот на изминатите 20 до 30 години. Но, ако слични промени - од резервоар до извор - се забележат во други дождовни шуми, климатските проекции можеби го потценуваат глобалното затоплување во иднина.

Што е лоша вест.

18 октомври 2025 - 19:30