Музика

Леми трајно ќе заврши во стриптиз клуб

Откако почина пред девет години и потоа беше кремиран, дел од пепелта на Леми Килминстер која не заврши во куршуми (ќе се објасниме подолу) беше изложена во неколку негови омилени места на оваа планета. Време е да се скраси во најомиленото- стриптиз клубот Стринџфелоус во Ковент гарден во Лондон. Освен пријателството со газдата, на Леми во стриптиз клубот најмногу му се бендисувал погледот што го имал.

Крис Кристоферсон, секоја чест

На 88 години, мирно во својот дом почина големиот Крис Кристоферсон, бескрајно надарениот креативец кој успеа да направи две големи паралелни кариери, и во музиката и во Холивуд. Негови песни ќе препознаете и не знаејќи дека се негови бидејќи го имаат преработувано десетици големи имиња. Сè започнува кога Кристоферсон му се буфнал дома на Џони Кеш. Со хеликоптер.  

Не свирете ги овие песни во продавница за гитари

Доаѓа дечко во продавница за инструменти, се интересира за гитара. Не е тој почетник, има навежбано една јака. Одбира гитара и со која песна ја пробува? Нормално, со Старвеј ту хевн. За да не се осипаат по кожа, вработените едно време почнаа да пишуваат дека таа песна е забранета за свирење во дуќанот. Имаме нов шампион во жанрот „забранети рифови.“

Две милиони причини за Спотифај

Своевремено пишувавме за причините поради кои канадскиот рокер Нил Јанг пред неколку години реши да ја повлече својата музика од стриминг платформата Спотифај. Не толку одамна пишувавме и за причините кои Нил Јанг ги наведе за враќање на неговите песни на истата платформа. Останува да спомнеме уште две милиони причини. Околу 170.000 месечно. 

Нил Јанг се врати на Спотифај

Кога Нил Јанг во знак на протест ја повлече својата музика од Спотифај несакајќи да дели иста платформа со Џо Роган, подкастерот беше ексклузивец под договор од 100 милиони долари. Сега е под договор од 250 милиони, без ексклузивитет. Така можело. Признавајќи дека ја изгубил битката против она што тој го смета за дезинформации, Нил Јанг вели дека следната надеж му е Спотифај бар да го подобри звукот.   

RIP Вејн Крамер (MC5)

Постојат херои кои сите ги знаеме но и херои кои допрва треба да се препознаат. Таков е  гитаристот на MC5, еден од најважните рокенрол бендови на сите времиња, Вејн Крамер (1948 – 2024). Нејасно е како таква величина остана на маргините сè додека Том Морело од Рејџ не почна да зборува колку му значел нему и на групата.

Универзал повлекува милиони песни од ТикТок

Universal Music ќе ги повлече своите милиони песни од ТикТок откако преговорите на оваа тема пропаднаа. Се разбира, се работи за пари.  Овој потег би значел дека социјалната платформа повеќе нема да има пристап до песни на артисти како Тејлор Свифт, The Weeknd, Дрејк.... Тие држат околу 30 посто од светската музика а ТикТок има над милијарди корисници.

Има ли нешто повеќе зад глупиот рефрен на The Police?

Ако најискрено име за еден бенд е „Simple Minds“,  тогаш The Police (заедно со The Doors, дoдуша), имаат едно од најглупите имиња за група. Замислете да им дојдете на другарите од тазе бендот и да им предложите да се виката Полиција (а овие одушевено да ти кажат, браво бе, од кај ти текнуваат вакви работи?). Но, да влеземе малку подлабоко, во еден нивен рефрен.   

Мегадет: Не сте фер ако сме ви скапи

Како што скопските кафанџии пробуваат да ги правдаат збеснатите цени со зголемените цени на набавките (оти по помалите градови не е поскапено па пак се јаде за попристојни цени), така и некои музичари фатија да им се жалат на фановите дека турните им имаат големи трошоци па затоа картите мора да се толку скапи. А сами да си ги штимаат инструментите, не ги личи.

Разбирате ли што се пее во „Луи, луи“?

Снимена од Кингсмен, „Луи Луи“ почна да се искачува на поп-листите пред 60 години. Тоа е песна која нема кој не ја чул, но речиси никој докрај не ги разбира зборовите, посебно во оригиналната верзија. Тоа ѝ беше казна поради која стигна до ФБИ и Врховниот суд, но и благослов за да стане толку популарна. Плус, секој идиот може да ја научи да ја свири.

Колку заработуваат Металика по концерт?

Иако немаат шанси со една Тејлор Свифт чии концерти се битна ставка во локалните економии онаму каде што настапува (види ја табелата во „Рудникот наречен турнеја“), мој друг Металика се во самиот светски врв на оние кои најмногу заработуваат од своите свирки. Додуша, пак треба да се запотат. Лапање тендери од држава и натаму е полесно.

Шејн, последниот ирски бунтовник

Највпечатливо во врска со смртта на Шејн Мекгован е што се случи дури во 2023 година. Почина на 65 години. Никој, ама баш никој, не веруваше дека тој, со сите свои жестоки пороци и лудила, ќе доживее возраст за пензионирање. Ама, ете доживеа, а неговата музика ќе ги преживее сите оние кои денес се грозат од неговата божиќна бајка, само затоа што е спомнат зборот „педер“.

Раштиманата листа на Ролинг Стоун

Да треба да одбереш тројца најдобри гитаристи на сите времиња, изборот сигурно ќе наиде на мрчење на други, пошто си пропуштил некој од нивните фаворити. Исто би било и со пет или десет, дури и сам ќе ти биде криво што пропушташ некого. Ама да направиш листа од 250 ликови и пак толку дебело да утнеш? 

Џегер нема да им ги остави парите на децата

Право време е Мик Џегер своите деца да ги потсети на песната „You can’t always get what you want“. Во интервју за Волстрит Журнал, 80 годишниот фронтмен на Ролинг Стонси рече дека на неговите деца не им требаат 500 милиони долари за да живеат па богатството најверојатно ќе го даде за добротворни цели.

Рејџ предводат бојкотирање на сали кои шпионираат

Том Морело и Зак де ла Рока од Rage Against the Machine предводат листа од преку 100 музичари, уметници и организатори кои инсистираат од салите во кои настапуваат да биде отстранет софтверот за фацијално препознавање.  Таа технологија е страшна кога е непрецизна, уште пострашен е светов во кој таа работи 100 посто совршено.

Ноел за Лијам: Нека не ве мафта

Ноел Галагер има нов албум кој го отвори со песната „Easy Now“ за која вика дека е нај-Оазис песна која ја има напишано по распадот на бендот. Муабетите за него и брат му и за евентуалното повтoрно обединување на групата се фикс во интервјуата. Верзијата која циркулира е демек Лијам сакал, ама овој кочел. Еве што на тоа вика Ноел.

Најголемиот лузер во историјата на Битлси

Не, не е тоа нивниот прв тапанар Пит Бест. Пред Брајан Епштајн, Битлси имаа друг менаџер кој се налутил кога овие не му платиле за една свирка. Замислете да можете да се вратите во времето и да инвестирате некоја пара во Битлси. Денес тоа би било огромно богатство. Ален Вилијамс имал таков удел, ама дигнал раце. За девет фунти.    

Погребната плејлиста на Рјуичи Сакамото

Блиските на Рјуичи Сакамото, еден од најзначајните компзитори на денешнината кој после тригодишна борба со ракот почина минатиот месец на 71 година, деновиве решија да ја споделат музичката плејлиста која тој самиот ја има составувано за својот погреб. Го има тука Бах, Дебиси, Сати, Равел, но и Дејвид Силвијан, Мориконе...

40 години од „Sviđa mi se da ti ne bude prijatno“

Година 1983. Новиот бран беше далеку зад нас а пред нас беше пустина. И таман кога сè личеше на враќање на стерилното и импотентно пред-њувејв време, однекаде дојде оваа плоча за да ги збуни сите. Како продолжеток на панкот со други средства. Дисциплина кичме ја измами судбината и продолжи по свој пат што ја одведе во вечноста.

Првиот албум на Оазис од вештачка интелигенција

На некои (инди бендот Бризер) им здосади да чекаат дали и кога Оазис повторно ќе се обединат па со помош на вештачка интелигенција издадоа албум (на измислениот бенд AIsis) кој покажува како денес (веројатно) би звучеле Британците ако заради големи пари и слава и уште поголеми ега и табиети не се распаднаа во нивниот пик во 90-тите.

Што би рекол Дејвис Мајлс

Душан Гојковиќ замина пред некој ден. Беше голем и беше фраер, единствениот џез музичар од Балканот кого го има во секоја сериозна енциклопедија за оваа музика. Пријател со Мајлс Дејвис, свирел со Чет Бејкер, со Стен Гец. Има настапувано по цел свет, со џезери, со симфониски оркестри. Па сепак, како една од своите најголеми победи го смета моментот кога Ромите од Гуча го прифатиле како еден од нив. 

Како звучат Оазис на кристал мет

Треба да ја освојат Америка и доаѓаат на турнеја . Притоа сметаат на сојузничка поддршка на стариот соборец кокаинот и мислат дека тој им стигнува во соблекувалната пред настапот. Навежбано прават црти, навежбано ги шмркаат. На бината излегуваат распар, и со другите, и со себе.

Дејвид Гилмор и Роџер Вотерс се доспукаа

Иако е јасно дека со години/децении не се можат, двајцата главни ликови од Пинк Флојд ги дозакопаа надежите дека овој бенд некогаш може повторно да се обедини во најјаката постава. Како и во многу други драми меѓу бивши другари, и овде битна улога има жената на едниот. 

Луковиќу, среќен роденден!

Петар Луковиќ (Џубокс, Ферал, Е-новине, XXZ...) долго време бие битка со карцином и досега има минато преку 20 хемотерапии. Еден од главните сојузници му е музиката па за својот роденден составил топ-листа на песни од пејачки кои го одржувале во ментална рамнотежа додека поминувал низ тешките моменти. Држ се, маестро.