
Добро е познато дека покојната легенда од Моторхед, Леми Килмистер, сакаше да испие по некоја и беше великодушен за да викне друштво.
Рики Ворвик – фронтмен на „The Almighty“ и „Black Star Riders“ се присетува дека обидот да се држи чекор со оваа незапирлива рок-ен-рол фигура бил сериозен, ако не и опасен предизвик.
Олмајти првпат се појавија на британската музичка сцена кон крајот на 80-тите години, Рики Ворвик не криел дека Мотохед биле еден од клучните музички влијанија за бендот, а Леми – еден од неговите херои.
Како што се испостави, и Леми ги сакал „The Almighty“.
„Кога почнавме да доаѓаме во Лондон, често налетувавме на Леми на местата каде што тој излегуваше, како на пример во клубот Сент Мориц во Сохо. Од самиот почеток беше прекрасен кон мене; многу пријателски настроен, многу забавен и секогаш даваше многу совети.“
Во 1991 година, им се укажува можност да бидат предгрупа на Мотохед на турнејата за албумот „1916“; огромна работа за бендот.
Леми и Ворвик се договориле да се видат во Лос Анџелес.
„Стигнав во хотелот, Леми ми беше оставил порака сместен сум во соба таа-и-таа, дојди горе. Беше околу три попладне и бев тотално прекршен од временската разлика, но отидов и тропнав на вратата. Внатре - лудница и журка во полн ек.“
Низ чадот се виделе со Леми, овој го викнал, му направил огромна „линија“ од што и да е, му наполнил цела чаша Џек Даниелс со Кока Кола, му дал слушалки и му рекол да го слушне новиот албум.
„Станувам еуфоричен, новиот албум на Мотохед грми, Леми не прекинува да ми дотура пијачка. Пробувам да оставам впечаток дека сè е под контрола, но како што албумот се ближи кон крајот, собата почнува да ми се врти и си велам: „Ова не е на арно“.
Ворвик станал, но, нозете му откажале, паѓа директно на чашата која му сече веѓа. Истовремено почнува да повраќа. И така, лежи тој во локва крв и повраќаници, кога одеднаш осеќа остар здив блиску до лицето.
Леми е. Му вика:
'Ворвик, ти си обичен шупак, никогаш нема да успееш!“.
Ја одработуваат турнејата, Леми и другите од Морторхед биле беспрекорно добри со нив а Леми и Ворвик остануваат пријатели.
Види и:
Леми трајно ќе заврши во стриптиз клуб
Кога една црква зазвуче на Свети Леми
Кога Леми ќе грабне песна од Литл Ричард
