Дел од пепелта на Леми Килминстер, лидерот на групата Моторхед, последниве години беше изложувана во неколку, нему драги места - Реинбоу барот, неговата омилена биртија за запивање во Лос Анџелес, во британската концертна хала Рок Сити и на Хелфест во Франција.
По негова желба, дел од пепелта заврши во куршуми поделени како подароци на драги лица (види: Има правда: Леми заврши како куршум). Куршум имаат добиено Даф МекКеган од GNR, Рики Рахтман, водител на популарното хеви-метал шоу на MTV во 90-тите години, Headbangers Ball, Роб Халфорт од Џудас прист, тенисерот Пет Кеш, како и Хетвилд од Металика, кој пепелта ја има смешано со боја и направено тетоважа.
По неколкугодишно акање, пепелта на Леми трајно ќе заврши во лондонскиот стриптиз клуб на Питер Стринџфелоу, кој почина во 2018 година.
„Овој клуб секогаш имаше посебно место во срцето на Леми. Тој го сакаше рокенрол духот кој Питер го донесе во клубот, го сакаше опуштеното опкружување и секако, го сакаше погледот што го има. Знам дека му е драго што се врати во уживањето во ова место,“ кажа менаџерот на Моторхед, Тод Сингерман.
*********
Види и:
Кога Леми ќе грабне песна од Литл Ричард