Забава

Во јазичниот свет на сикс-севен

Едно средно школо го поканува да одржи говор полиголотот Шаома (зборува преку 60 јазици), кој се досетува говорот да го одржи на јазикот што го разбира средношколската публика, кој, нормално, го научил од ТикТок. Овие во несвест паднаа, како да дошол вонземјанин кој го зборува нивниот јазик. А ако верувате дека го разбирате сленгот на генерацијата Алфа, вие сте делулу.

Драги млади луѓе

Никој не ве предупредува колку пропаѓањето е тивко. Никогаш не доаѓа со сирени или ненадеен колапс. Се појавува маскирано како утеха. Пристигнува во поканите што бевте премногу слаби за да ги одбиете, дисциплината што ја одложивте до „следниот понеделник“. Држете до стандарди кога сите околу вас избираат кратенки. Фокус наместо евтин допамин. Лесниот пат дава моментално задоволство, но наплаќа камата засекогаш. 

Пијачката како храна, лек, плата и религија

Пред 10 милиони години мајмуни дознаваат за ефектите од скапано и ферментирано овошје. Пред 13.000 години, луѓе во пештери почнуваат да ферментираат зрна пред да дознаат како се одгледуваат. Пред 12.000 години во Турција ја прават првата огромна пивара. Пред 9.000 години веќе имаат рецепти. Пред 5.000 години, цела цивилизација е на алкохолен погон. И уште не се најде чаре за мамурлук.

Џобс, џубре

Во 1975 година, Атари побарале од Стив Џобс и Стив Возниак да изработат чипови за новата игра Breakout. Џобс не го знаел тоа, Возниак, кој во тоа време работел за Хјулит-Пакарт знаел што треба и после 4 дена неспиење, дошле до производот. Атари презадоволни. Џобс му рекол на другарот дека добиле 700 долари и ферски му дал половина од тоа - 350. А добил 5.000 долари. 

Македонски инфлуенсери, сè ви е простено

Украина мава по Москва, Русија мава по Киев па во таква атмосфера, Москва им препорача на странците да го напуштат градот. Во знак на пркос ем непокор, норвешкиот амбасадор во Украина порача „Остануваме во Киев!“ а норвешкиот инфлуенсер Кјетил Крогстад објави мотивационо видео од норвешко-руската граница. Паника во Кремљ.

Инвестиција за стари години

Во 1950-тите години, човекот купил нешто за 52 стари фунти што по куповна моќ според британскиот индекс на потрошувачки цени, денеска би вредело околу 2.200 фунти. Но, не го продал со децении, со надеж дека еден ден ќе вреди мало богатство. Замислете како му е кога дознава дека за неговиот таен адут за мирни пензионерски денеска би добил 200-300 фунти.

Хари остана без патерица

Распуштениот принц Хари бил викнат да одржи предавање за опасностите од вештачката интелигенција. Се држеше одлично и мислата му течеше мазно сè додека работеше идиотот (телепромптерот) од кој ги читаше мудрите мисли и поуки кои некој му ги има напишано. Штом идиотот се закочи и Хари беше препуштен на своето знаење и интелигенција - веќе не ни зуцна.

Елитно ментално

Париската модна недела е една од најпрестижните модна недела во светот (заедно со оние во Њујорк, Лондон и Милано). Актуелното издание во Париз се одржува од 28 септември до 6 октомври 2026 година а во првите редови на публиката секогаш се наоѓаат оние кои најмногу имаат што да покажат.  

Мора ли перформанси да личат на психијатриски оддели?

Една страсно лупи компири, друг дреме на клупа додека под него се мигољи друга сподоба, трет вежба кардио и ги мониторира параметрите, тука е и црна вдовица со чадор следена од бели зомбија.... Само го нема Рендел Патрик Макмерфи (Џек Николсон) да ги натера да пробаат да избегаат од гнездото.

Леонард Коен, шегаџија

Последен човек од кого би очекувале да го видиме во комична стендап точка е поетскиот бард  на сериозните емоции, Леонард Коен. Ама еве го и тоа, во неговиот роден Монтреал. И тоа добар! Луда сцена, а тој мртов сериозен. Уште да го видиме Васко Ефтов како си молчи и онда све сме виделе.   

На смртта ѝ најдоа занимација

Тажна е судбината на оние кои ќе ги земе смртта, но и нејзината судба не е многу подобра. Осудена на вечна осаменост; никој нејќе да ја сретне а и кога ќе ја сретне, готово е со тоа дружење. Сè додека нејзините потенцијали не ги откриваат оние кои заработуваат од краткотрајноста. За на крај да го заклучaт она што го знаеја и Топаловиќи: Само смртта е сигурен бизнис.

Индиско решавање телекомуникациски проблеми

Луѓето од едно село во Утар Прадеш две години се жалеле до нивниот телеком оператор дека услугата им е шкарт. Плаќале за 5G но и интернетот и разговорите стално им сецкале. По долго инсистирање, компанијата пратила човек да ја испита ситуацијата. Овие сега не им го враќаат додека не им се решат проблемите. Немаме појма за кој оператор се работи ама ене го во магента маица.

После ова, ќе олабавите со Trip Advisor

Во Лондон постојат преку 18.000 ресторани. Дечко успева за само седум месеци да стигне до првото место на најкористениот водич за такви работи, Трип Авајзор. Тоа време не го користел за смислување на менито, избор на намирниците, подобрување на храната, услугата, ентериерот. Затоа што ништо од тоа немало! Просто, ресторанот не постоел. И колку повеќе одбивал резервации, толку повеќе се кревал рејтингот.

Претседателот кој трпи тежина

Сме виделе и слични вакви па да го видиме и него. Претседателот на Монголија дига 100 кила на бенч. Да потсетиме: Румен Радев се вртеше на шипка за тресење килими а Александар Вучиќ не можеше да си дозволи да му попушти на еден клинец па му залупа банана. Туку, ќе видиме ли видео како Силјановска прави 10 клот-фркет за неполна минута?

Летечкиот килим не е спорен

На Икс се појави видео со објаснување дека настанот се случува на небото над Иран каде човек на летечки килим срушил американски авион од типот Ф-15. За среќа, на Икс постојат „забелешки од заедницата“ кои знаат да фрлат драгоцена дополнителна светлина врз некое тврдење. 

Како се вика најобратно од далтонист?

Еден наш пријател кому не му верувавме дека е далтонист, му покажавме од оние онлајн тестови (кои се користат и за возачка) со шарен круг во кој е впишана бројка. Кога го прашавме што гледа, одговори: Капричиоза! Од друга страна, 11 годишно девојче од Германија, за секунди најде кај е грешката во круг полн со шарени точки. На едно место фалела плавата!

Со тркалање до Господ

Некој блесав Индиец решил да дојде до својот хиндуистички храм оддалечен пет километри, со тркалање преку душеци кои му ги постилаат 4-5 други луѓе, уште поглупи од него. А зад него озвучено камионче пред кое весели моми со танц го слават тркалањето на овој, кој, додека стигне до храмот, нема да знае кај му е газот а кај му е Вишну.  

Кого ќе зезаш, ако не мајка после операција

Старата имала операција на рачниот зглоб. Уште додека е шашардисана од опивката, во посета ѝ доаѓа ќерка ѝ па и кажува дека не можеле да ја нејзината спасат дланка но затоа ѝ ја зашиле нејзината, што не е голем проблем бидејќи и онака е левата. По што ќе милно ќе ја погали со новото, пластично раче. Изразот на лицето на мајката е прајслес.   

Пацерот и државникот

Ако на едниот крај е Бах а на другиот Десингерица, во стилот на политичко владеење, на краевите се Ши Џинпин и Доналд Трамп. Едниот игра шах, другиот е е егоцентричен покераш кому сите му ги гледаат картите ама тој верува дека подобро блефира од другите. Едниот владее тивко и со дисциплина. Другиот со галама и импровизација.

Сонот на секој аздисан балкански политичар

Рампал Џи Махараџ 18 години работел како инженер во државниот оддел за иригација, додека не му текнало да проба поинаку. Се прогласи за потомок на Кабир (мистик и поет од 15 век), луѓе му поверуваа и им стана гуру. Денес патува во климатизирана стаклена просторија, чат-пат ќе ги извади нозете надвор, за да можат овие слепциве да му ги допрат или целиваат. 

Вистинскиот газда на Фаличниот пансион

Популарната хумористична серија со монтипајтоновецот Џон Клиз како главен лик и газда на пансионот е инспирирана од вистински хотел и вистински газда кој имал таков табиет. Познавачите на скопската кафанска сцена, тој профил не може а да не ги асоцира на уникатниот и неповторлив Васе Амзо, легендата на Сарај (денес во Ѓорче).

Старост лудост

Доналд Трамп има 80 години. Неговото богатство тежи преку шест милијарди долари. Претседател е на Соединетите Американски Држави. Командант е на најголемата армија на светот и има извршни команди за употреба на нејзиното нуклеарно оружје. Како таков, излезе на прес конференција за да се пофали дека станал број 1 на ТикТок. На Тик факинг Ток! И дека Тејлор Свифт е далеку зад него. Живееме во Зоната на самракот. 

Корејско куќа-посо

Сите ние сме „кутрите мали хрчки,“ заглавени во секојдневното верглање кое и се забрзува колку повеќе сакаш да излезеш од лентата. Еден Кореец документирал една година од својот живот со помош на регистрирањето на неговите движења на мапите на Гугл. Хрчак. Чат-пат ќе скршне од вообичаената рута, ама и тоа е по некоја работа. Туга.

Режисерските упатства на Фелини

Кога стигнал во Рим за да го глуми ликот на Тоби Дебит во хоророт „Духовите на мртвите“ на Федерико Фелини, на британскиот актер Теренс Стамп му биле потребни насоки од режисерот, побарал тој да му долови во каква состојба се наоѓа ликот кој треба да го глуми. Маестро Фелини му го доловил тоа описно, да поописно не може да биде.