Забава

Запознајте го нашиот нов матичен лекар

Доктор Велибор Цаниќ отворено порачува дека возрасен организам може дневно да преработи само 180 милилитри алкохол. Но, доктор Цаниќ е доволно хуман па оваа доза је претвора во нам познати форми. Ракија од 40 проценти е всушност 60 проценти вода, ви текнува? За пивопии: десет шишиња на ден, како ви звучи?

Туристички "Hunger Games"

Никогаш нема да ги разбереме овие луѓе. Ќе дадат вагон пари и ќе се злопатат со транспортни и предизвици, за во летниот шпиц да го прават ова: рано наутро, подготвени на низок старт, во очекување на официјалниот старт на денот: трка за фаќање лежалка покрај базенот. Дента ќе се сликнат како уживаат. А со трчањево никако да се пофалат.

Вегзоризам

Еден поинаков егзорцизаам, кога растителните демони панично го напуштија измаченото тело на една млада и кревка девојка која после 10 години, првпат пробува стек. Душата ѝ дојде на место, насмевката ѝ се врати, тетоважите ѝ се разиграа. „Голем е, се плашам,“ вели таа пред да загризе. „Тоа што јаде месо и мисли дека е голем, оваа девојка ја прави идеална,“ коментира сеирџија.  

Како изгледаа Европејците во Белата куќа?

Реално, не знаеме. Имаше доста фотографии (од кои највпечатливи беа оние на кои Трамп ги имаше наредено пред себе „фаците“ како пионерчиња), но немаше видео од она што се случувало зад затворени врати. А мора да било сочно. Ништо страшно, затоа ги имаме Топ листа надреалиста кои пред скоро 40 години предвидоа, покажаа или предупредија како изгледа тоа.     

Твикс, од здравите

Секому му е јасно дека оние близнаци се вкусни, ама полни со шеќер, еден од најомразените елементи на денешната исхрана. Како истиот тој Твикс, на наједноставен начин да ги задржи шеќерите и вкусот, ама на луѓето да им изгледа дека купуваат нешто здраво, нешто што ја обвновува енергијата и мускулите и е збогатено со витамин Б? Со промислен редизајн на опаковката. А притоа ништо нема да излажете.  

Пазете ја оваа финта

Убаво е кога видеото и аудиото од едно парче се однесуават на иста работа. Ама, не секогаш. Овде звукот е додаден само за да можете на раат да го гледате видеото (одново и одново, ако сакате), без да предизвикате сомнеж и дигање веѓи кај женскиот дел од домата. Па нека мисли „ќе ме умре со тоа фудбалот.“

Сакаме вака!

Акција на турски надлежни служби за расчистување на тротоарите на кои, како и кај нас, како кој стигне става табла, знак, знаме, гајби, столчиња, маси... Го прават тоа прилично ефикасно, без непотребни детали од типот „каде е газдата“, „да видиме дозвола“ (знаат дека немаат дозвола) и слично. Одат по тротоар и фрлаат во камионче сè на што ќе наидат. Тамам.

Сепак постои надеж

Искрени муабети меѓу млад црнец и стар, штрбав, олдскул американски расист. Има некоја симпатија и ведрина меѓу нив иако стариот е жилет. Младиов го прашува што ќе помислат неговите комшии ако видат дека се вози со него? Веројатно ќе помислат дека те држам како заложник. А она „сепак постои надеж“, се мисли на надеж за разбирачка меѓу луѓето? Не, друго е. 

Едноставноста на машката среќа

Бил Бур тврди дека жените се љубоморни на мажите затоа што можат да бидат задоволни со едноставни работи. Пиво и утакмица, на пример. За разлика од нив кои постојано се растргнати на безброј ментални фронтови. Видете ја следнава сцена. Кога дечкиве ќе се вратат дома, како да им објаснат на своите сакани што толку јако правеле со пријателите та се живи среќни и окезени? 

Најдете другар и ставете по стотче

Бескрајни се можностите за машка забава, покачен адреналин, кладби и коефициенти. Оваа трка не само што ја изгледавме цела, не само што попат се напнавме од неколкуте пресврти туку и пар пати го враќавме финишот, за да бидеме сигурно кој зема второ а кој трето место.

Утепа ли се, Урсула?

Урсула фон дер Фајзер држи политички говоранции во Финска, фалејќи ја земјата колку е демократска. Некој од рајата почнува да се буни. Таа го забележува и му порачува дека треба да е среќен што живее во земја со слобода на говорот, без рестрикции. Ако бил во Москва, одма ќе го уапселе. Како го кажува Урсула тоа, доаѓаат цајкани и го собираат ликот. Ха! Истече ѝ уље!

Го правите тоа за себе и тоа на сите им е јасно

Ви изгледа ли нормално да почнете телефонски да се јавувате по пријатели и роднини за да им кажете дека сте горди на своето синче/ќеркиче и ја користите таа прилика да им честитате роденден на оние кои се светлина во вашиот живот? Не?? Е па, што тогаш пишувате исти такви Фејсбук статуси кога синчето/ќеркичето и онака немаат Фејсбук акаунт? Види наслов. 

Либералите во 2025 година

Ништо нема девалвирано последниве години колку поимите либерализам, прогресивност, будност... Некогаш тие се носеа гордо како беџ и беа криптонит за скаменетите идеи на конзервативните пуританци. Малку по малку, ништо од оригиналното полнење на тие поими не остана и денес да ти е срам да кажеш дека си либерален, пошто под тоа се подразбира да мислиш  дека математиката е расистичка.

Луѓе, знаете дека е фајронт?

Додека се бавиме со нашите аналогни дилеми, да потсетиме што веќе циркулира наоколу и како функционира тоа. Дип Мајнд на Гугл го има извадено VEO 3, модел развиен на вештачка интелигенција за генерирање видео содржини од фотографии. Сосе звук, напредни анимации, специфични кинематографски техники.... Наравоучение: Фаќајте да учите некој занает.

Нешто ќе те питам ЧетГПТ, право да ми кажеш

Факат имаме пријател кој пред да седне со ЧетГПТ за нешто поозбилно, прво му поставуваа серија прашања на тема како да стане богат, пребогат, брзо, преку ноќ, без да се мачи, со нула инвестиции и нула ризик. Логиката му е, што го знаеш, може некој ден стварно ќе каже нешто! Не му се смееме. Се имаме ние смеено на многу глупи идеи па после испаднало дека ние сме глупите.   

Најмногу му помагаш кога не му помагаш

Ако не може од прва само да јаде, му ставаш храна во устата. Ако не може од прва да облече патики, му ги облекуваш (со години). Ако не може само да напише домашна, му ја пишуваш домашната (со години). И така натаму, и така натаму. Добро, може така. Ама може и понаку. 

Меџик и синчето

Кошаркарската легенда кој цели 33 години успешно живее имајќи ХИВ, Меџик Џонсон, е милијардер. Една пол, две, три милијарди долари... има различни проценки на неговото богатство. Се шпекулира дека 65 годишниот Џонсон има решено сето свое богаство да го донира на фондации кои се бават со истражување на АИДС. А има син. Е, баш затоа.  

Глупи генијалци

Кога генијалниот Боби Фишер викаше дека не ги сака колегите шахисти бидејќи ги смета за ограничени и фокусирани на меморизирање потези и комбинации, го препишувавме тоа на неговата екстравагантна пруирода. Глејде сега ова.  Хикару Накамура, Каруана и Аронјан одговараат на базични прашања од општа култура, отприлика за петто одделение. Ка-ме-ња! Да не знаеш знак за јаглерод диоксид, да мислиш дека Мона Лиза ја насликал Пикасо!?

Генерација и казна

Татко никако да му објасни на своето дете дека во негово време, кога тој бил мал, најголема казна било да не те пуштат да излезеш надвор, тоест дека мора да седиш дома. На малиот никако не му е јасно во што е казната тоа што треба да седиш дома. За него, вистинската казна би било да го тераат да излезе надвор.

Шибај Кина, не нè чекај

Се возиш со кинески воз кој пичи 350 на саат. Покрај тебе има QR код кој ти отвора листа на ресторани од кои можеш да нарачаш храна. И? И веќе на следната станица, ти ја носат нарачката до седиштето на кое седиш! Со мал твист, на сличен начин можеме да ги искористиме перформансите на македонската железница. Нарачуваш младо вино  и веќе на следната станица те чека - одлежано вино. Always Look on the Bright Side of Life.

Англија ги шури оние кои брзаат

На дечко во Англија бербер му бара 36,5 фунти за шишање. Многу, брате. Решава да не седне на берберската столица туку за 15 фунти да фати авион на Рајан Ер и да замине во стариот крај, во Мароко. Лета три саати и таму се шиша за 1, 6 фунти. Ем се виде со неговите. Сосе сите трошоци за пат, поевтино отколку во Англија. Парадоксот е во тоа - што се врати.

Два смо света различита

Видео компилација број 1: Маж пред и после откако ќе си ја види жената/ саканата. Видео компилација број 2: Жена пред и после откако ќе си го види мажот/ саканиот. Има ли разлика? Има, колку меѓу ден и ноќ, меѓу небо и земја, меѓу мажи и жени.

Газдарица на денот

Ромеро Брито е бразилски уметник кој прави и продава прилично скапи џиџи-миџија во кои комбинира кубизам и поп-арт. Ама, бил во некој ресторан и прилично дрско и понижувачки го третирал персоналот. За тоа дознава газдарицата, го наоѓа уметникот и купува негово парче од 5.000 долари, само за да му го искрши пред нос! Сега Брито има пет бона во џеб ама па сите го знаат дека е сељачиште.

Не џабе е сама

Дечково со јак француски акцент махерски ги симнал карактеристиките на оние жени/женски кои толку долго биле соло што станале неспособни да влезат и издржат во врска. Тие ја сакаат идејата да бидат во врска, ама мора ли тој баш и физички да биде присутен? Во нивниот живот, таква женска ти дава улога на посетител на некој музеј. Башка што веќе три години таа спие дијагонално на својот кревет.