Пацерот и државникот

Ако на едниот крај е Бах а на другиот Десингерица, во стилот на политичко владеење, на краевите се Ши Џинпин и Доналд Трамп. Едниот игра шах, другиот е е егоцентричен покераш кому сите му ги гледаат картите ама тој верува дека подобро блефира од другите. Едниот владее тивко и со дисциплина. Другиот со галама и импровизација.

Вака ѝ се обраќа кинескиот претседател на домашната јавност:

Секое семејство очекува нивните деца да имаат добро образование, постарите да имаат добри услуги за нега на стари лица, а младите да имаат повеќе можности за развој.

Тие едноставни желби се копнежот за подобар живот. Треба заедно да работиме за постојано да го подобруваме нивото на општествена изградба и управување, да создаваме хармонична и инклузивна атмосфера и да ги решаваме големите и малите проблеми на обичните луѓе, за сите да имаат повеќе насмевки и да им биде потопло на срцето.

 

А Трамп ова го објави последно:

31 август 2026 - 15:33