Пред точно половина век, лондонска група дрипци објавија сингл. Не беше тоа првиот панк сингл на светот. Претходно на островот The Damned го објавија New Rose а во Америка Рамонс го пуштија Блицкриг Боп ама ова беше нуклеарката која ги поремети политичките и општествени конвенции, како и мастурбирачкото самозадоволство на инструменталните виртуози од 70-тите години.