На тркала

Даските што Голф значат

Со оглед на тоа што легендарната Голф Двојка беше лансирана во праисториската 1983 година, не е чудно до 2024 година да ја изеде 'рѓа. Газдата на овој комад имал баш таков проблем, особено со подот на Голфот кој веројатно бил скапан. После овој сервис гарантирано веќе никогаш нема да има проблеми со 'рѓа. Со црви, тоа е друга работа.

Роботакси во Кина

Кога последен пат се возевме со скопско такси, таксистот ни се жалеше дека цената е ниска и дека во Лондон, само за добар ден плаќаш пет фунти. Ама затоа истиот таксист, на секое застанување на семафор, се фаќаше за мобилен и играше вочкице. И додека кај нас една од последните иновации е пуштање „титка“, Кинезите отишле малку подалеку.

Другари, како бе вака?

Ова видео има три делови а може да носи до два заклучока. Првиот дел е што пробуваат од една зграда, со кола преку рампа да прелетаат до друга. Вториот дел е како потфатот маестрално им пропадна. Третиот дел е неверојатен хепиенд. Заклучоците? Заклучок број 1: Значи многу глуп народ! Заклучок број 2: Значи ова Русиве се неуништиви!

На точак ко господин човек

Одма да го кажеме п.с.-то на оваа статија: ако некој знае каде има да се купи пепељара за точак (за на гидан, со поклопец, фино лепо) одма да ни дојави бидејќи ние имаме барано и овде и по странства - наидувавме само на погледи, од чудења до гадења. Зошто бараме тоа? Затоа што сме спортски дух од ваков вид како овие шампиони на видеото, а не ни се фрлаат пикавци по град. Фала.

Како ние на ова не се сетивме?

Откако е смислен точакoт, за 200 години сите неговите делови доживеаа промени на многу подобро, освен седиштето кое се промени на многу полошо. Од удобнo и мекo седиштe со амортизери, полека се претвораше во сè потесно и потесно паркетче кое носи драма во поширокиот предел на опашот. Еве генијално решение за тој проблем, само што, какви баксузи сме ние, ќе бидеме први ќе си ги фатат јајцата во тоа процепот. 

Јангванг за сите пари

Дечкото го презентира автомобилот Јангванг, луксузниот бренд на кинескиот гигант за електрични автомобили BYD. И му станува јасно зошто кинеските коли ги нема на американскиот пазар (односно државата ги натоварува со брутални давачки). Затоа што ако ги има, целосно би доминирале на пазарот.

Мамо ма?

Тој е со мотор, мајка му со автомобил, се разделуваат и мајка му му вика да вози внимателно затоа што секакви идиоти има. Вози тој со моторот и си повторува дека мајка е во право, дека стварно секакви идиоти возат наоколу.... И, оп, ете ја пак мајка му!

Пит стоп е за шмизли

На почетокот на 20 век, кога се тркаше меѓу градови, механичарите се возеа во колата, за да можат на лице место „да ја чепнат“ ако треба. Откако е воведен пит стоп на кружните трки, екипите кои ги освежуваат болидите имаат постигнато фантастичен напредок во брзината. На другиот крај на светот (ако Холивуд е Боливуд, ова е Бормула 1) на некои екипи не им треба ни пит, ни стоп.

Брат, купи си Шаоми

Брендот кој го знаеме како меме за односот „цена-квалитет“ кај мобилни телефони, го претстави својот прв електричен автомобил, моделот SU7 и работите веднаш се разбуричкаа. Акциите на компанијата пораснаа за 16 посто и преку ноќ се направи ред за чекање од седум месеци (првиот ден имале нарачки за 90.000 коли). SU7 е 4.000 долари поевтин од конкурентната Тесла, Модел 3. 

Полска ода за скопскиот Санос

Полски ТВ прилог за она што таму уште го памтат како легенда на нивните патишта и друмови. Автобусите кои се правеа во Скопје, додека криминалот наречен „трансформација на општествениот капитал“ не реши поинаку. Во Полска имаме извезено неверојатни 3.500 автобуси (сега се фалат ако КУПАТ дваесет), кои со својот комфор и легендарна машинеријата (милион километри без ремонт) биле незамисливи за локалната конкуренција.

Застанување во пит-стоп, од 90-та до денес

Во 1990-та година, замена на четири гуми и дотур на гориво, во пит-стоп на трка на Формула 1, се правелo за девет секунди. Фасцинантна е тоа секундажа, сè додека не видите за колку се прави сето тоа денес. Пипка- трепка! Денес за девет секунди и ремонт ќе му направат и ќе го прашаат дали е за полирање.

Дрвен сајбер камион

И никој да не уплати Тесла Сајбертрак во цела 2024 година, години ќе требаат за да се исчисти сегашната листа на чекачи, ако Маск не најде начин до 2025 да го скалира волуменот на 250.000 возила, колку што се потребни компанијата да биде профитабилна. „Прототип е лесна работа ама производството е пеколот“. За нивна среќа, дрводелци се амбицирале само за прототип за кој им требале 100 дена а кошта 15.000 долари.

Електрични недвижнини крај патот

Оригиналниот наслов на овој клип беше „Електрично ѓубре покрај патот,“ но го ублаживме пошто ипак имаме другари кои купија вакви, со најдобри намери. Само што, автомобилските батерии на сериозно минусни температури се издишуваат како марули ставени во замрзнувач. Кога ќе падне бааги под нулата, вака овенати кмишат покрај патишта.

Кога на другите не им е денот

Има денови во кои, што и да направиш, ќе наебеш. Ама, има и денови во кои, што и да направиш, други ќе наебат. Еден сообраќаен пример од овие вториве денови. Мрднеш - губат.

Девојката со точакот

Еве едно дупло уживање: и во вештините на девојката и во преубавиот, питом и мирен австриски пејсаж. Кај нас малава не би имала ни шанси вака да се навежба, пошто навреме ќе ја реши некое брзо збогатено залетано говедо со бесна кола.

Како да се допазиш од вакви?

Нa патот Изола- Копер (Словенија), возило врти во погрешен правец и на него налетува друго возило. Оваа што врти имала 60 години, во неа удира возило управувано од 50 годишна жена. Едно лице е потешко а друго полесно повредено. Најјако е што оваа што е крива, најпрописно даде жмигавец дека ќе оди лево.

Не ти се врзувам, па не знам шо да е

Репортажа од далечната 1984 година, за отпорот во Америка против тогаш новата обврска за задолжително врзување појаси во автомобил. Одлука која сигурно спаси многу животи но истовремено им даде идеја на државите дека имаат право колку сакаат да упаѓаат во нашите животи и одлуки.

Стево кога?

Прогресивната и разбудена Александрија Окасио Кортез сакала да ја трампа својата Тесла за друга кола пошто му е лута на Маск. Го заболе. После Ердоган и Нетанјаху, и претседателката на Унгарија, Каталин Новак, се провозе со Сајбертракот на Илон Маск. Стево дур дојде на ред, тоа ќумбето на Марс ќе се вози.

Како изгледа сообраќаен колапс во Данска

Во Данска автомобилите отсекогаш се сметале за луксуз па уште првите возила во далечната 1924 биле оданочувани со 20%. Денес данокот знае да биде и 150%. Ве занима како тоа изгледа во шпицот? Пазете уште нешто, на ниеден да не му текне да ја напушти лентата и да фати да ги прешишка другиве. И некој мисли дека „само уште Бугарите во устав“ и ќе станеме Европа? 

Ладо мори душманке

Претседателот на најголемата руска банка Сбербанк, Герман Греф, седнува пред легија новинари и фоторепортери почесно да ја запали новата Лада Аура. А Лада ко Лада, како што ја знаете, не пали од прва, ни на времето, ни сега.

Легендата на стероиди

Наскоро ќе навршат 70 години откако Застава од Крагуевац го извади првото Фиќо, по лиценца на италијански Фиат. На патишта Фиќото лесно се познаваше по штичето кое го држи капакот од моторот, за да не прокува. Кога го возиш, треба само да подгледнуваш во ретровизор, сепак да не почнало да чури од проклета Стража. Во брзиномер немаше потреба многу да се гледа. Е, овде има.  

Тесла е супер. Или е дизел?

Се исфрлавме од нервоза додека го гледавме клипов. На бензиска станица, од Тесла излегуваат две девојки и наидуваат на проблем - каде се става бензин во колата. По некое време еден проба да им објасни, пошто таа не знае ни што вози, дечко и ѝ ја позајмил колата. Мислите го послушаа? Каков ќутек лежи во тој нејзиниот дечко, не е свесен!

Полициско слепило

Група моторџии бесно возат низ град. МИнуваат на црвено, сите, освен еден. Погодете кај кого застана полицијата? Па уште му ја кажува причината: Те застснав зашто турираш ко сељак.

Женска солидарност, два примера

Колку и да знаат да бидат накострешени едни против други (види: Онлајн феминизмот како ексклузивен Клуб на злобни девојки), жени знаат и мрежно да играат кога им треба помош. А во некои ситуации често им треба помош, на пример, околу паркирање.