На тркала

Девојката со точакот

Еве едно дупло уживање: и во вештините на девојката и во преубавиот, питом и мирен австриски пејсаж. Кај нас малава не би имала ни шанси вака да се навежба, пошто навреме ќе ја реши некое брзо збогатено залетано говедо со бесна кола.

Како да се допазиш од вакви?

Нa патот Изола- Копер (Словенија), возило врти во погрешен правец и на него налетува друго возило. Оваа што врти имала 60 години, во неа удира возило управувано од 50 годишна жена. Едно лице е потешко а друго полесно повредено. Најјако е што оваа што е крива, најпрописно даде жмигавец дека ќе оди лево.

Не ти се врзувам, па не знам шо да е

Репортажа од далечната 1984 година, за отпорот во Америка против тогаш новата обврска за задолжително врзување појаси во автомобил. Одлука која сигурно спаси многу животи но истовремено им даде идеја на државите дека имаат право колку сакаат да упаѓаат во нашите животи и одлуки.

Стево кога?

Прогресивната и разбудена Александрија Окасио Кортез сакала да ја трампа својата Тесла за друга кола пошто му е лута на Маск. Го заболе. После Ердоган и Нетанјаху, и претседателката на Унгарија, Каталин Новак, се провозе со Сајбертракот на Илон Маск. Стево дур дојде на ред, тоа ќумбето на Марс ќе се вози.

Како изгледа сообраќаен колапс во Данска

Во Данска автомобилите отсекогаш се сметале за луксуз па уште првите возила во далечната 1924 биле оданочувани со 20%. Денес данокот знае да биде и 150%. Ве занима како тоа изгледа во шпицот? Пазете уште нешто, на ниеден да не му текне да ја напушти лентата и да фати да ги прешишка другиве. И некој мисли дека „само уште Бугарите во устав“ и ќе станеме Европа? 

Ладо мори душманке

Претседателот на најголемата руска банка Сбербанк, Герман Греф, седнува пред легија новинари и фоторепортери почесно да ја запали новата Лада Аура. А Лада ко Лада, како што ја знаете, не пали од прва, ни на времето, ни сега.

Легендата на стероиди

Наскоро ќе навршат 70 години откако Застава од Крагуевац го извади првото Фиќо, по лиценца на италијански Фиат. На патишта Фиќото лесно се познаваше по штичето кое го држи капакот од моторот, за да не прокува. Кога го возиш, треба само да подгледнуваш во ретровизор, сепак да не почнало да чури од проклета Стража. Во брзиномер немаше потреба многу да се гледа. Е, овде има.  

Тесла е супер. Или е дизел?

Се исфрлавме од нервоза додека го гледавме клипов. На бензиска станица, од Тесла излегуваат две девојки и наидуваат на проблем - каде се става бензин во колата. По некое време еден проба да им објасни, пошто таа не знае ни што вози, дечко и ѝ ја позајмил колата. Мислите го послушаа? Каков ќутек лежи во тој нејзиниот дечко, не е свесен!

Полициско слепило

Група моторџии бесно возат низ град. МИнуваат на црвено, сите, освен еден. Погодете кај кого застана полицијата? Па уште му ја кажува причината: Те застснав зашто турираш ко сељак.

Женска солидарност, два примера

Колку и да знаат да бидат накострешени едни против други (види: Онлајн феминизмот како ексклузивен Клуб на злобни девојки), жени знаат и мрежно да играат кога им треба помош. А во некои ситуации често им треба помош, на пример, околу паркирање. 

Маврово - Дебар - Велешта

„Сакам да умрам мирно и во сон како дедо ми, а не врескајќи како патниците во неговиот автобус“- Вил Роџерс

Можело „Mad Max“ и за помалку пари

Последниот „Мед Макс“ (Road Fury) кошташе околу 180 милиони долари. Негде такви сцени се реконструираат за ич пари. Само што за тој филм Шарлиз Терон заработи 10 милиони долари. Овие овде ликови заработија право да им ги мачкаат гребаниците со ракија.

Електрични коли не димат, така?

Тоа што електричните возила немаат ауспух, не значи дека сме ги елиминирале емисиите, туку дека само сме ги преместиле на некое друго место. За да се произведе батерија со енергија колку еден барел нафта, потребни се 100 до 300 барели нафта. Една минута (молк) за електричните возила.

Зошто Кинезите толку возат точаци

Комплексна е таа тема и немаме намера сеопфатно да ја објасниме. Само да ви покажеме една од причините: како изгледа полагање за возачки за автомобил.

 

Камионџија на денот

Снимката е од Пакистан, а неименуваниот камионџија влегува во својата опожарена цистерна и дури и под претпоставка дека ќе експлодира успева да ја извади надвор од бензиската пумпа и надвор од населеното место, и сето тоа со нула жртви.

Вие стално вака товарате?

Највпечатливо е што нема ниту еден трзај во видеото (двајца возачи, камерман, кој и да има наоколу) дека нешто погрешно се случува.

Од кал да е, Бугати да е

Дечки од Виетнам посветуваат 365 дена за да направат свој Бугати Широн со помош на глинени калапи. Се наредија зналци дека кола од глина ќе се распука како вазна на првата тумба и дека ќе треба вагон бензин за да го движиш тоа кабасто глинено чудо. Полека.

Златен скопски хаос

Од рубриката „размазени сте затоа што немате видено полошо“, сообраќајот во Виетнам од птичја перспектива. Не дај Боже да да дојде време ние вака да се разбираме во сообраќај, ќе треба НАТО да интервенира на секоја една раскрсница низ градов.

Секој маж треба да го знае ова

Си го возиш камионот и одеднаш - цап! - му пука осовината! Ништо де. Викаш пар другарчиња и викаш, фатете малку да ја вадиме, ќе ја носиме кај човек што има машини и електроди. Чиста работа. 20 минутно видео.

И вие паркирате дома, и тој паркира дома

Сме виделе тесни премини за кола во тоа глупите новоградби (во Кисела вода, на пример), ама ваква рационализација на бројот на чекори потребни од кола да стигнете до дома, немаме видено. Единствен начин да му ја украдеш колата на стариов е прво да му провалиш дома. 

Најважното видео што ќе го изгледате денес

Се работи за видното поле на камионџија, и ова е многу важно да го погледнат: пешаци, велосипедисти, луѓе на електрични скутери, луѓе на веспи и останати категории. Бонус категорија, возачи на коли кои возат многу залепени пред или зад камионот.

Лохдаун

Конечно на инаку килавата видеотека на Прајм на Амазон стигнува нешто возбудливо. Пандемиска епизода на Гранд тур, со Џереми Кларксон. Триото стварно ги знае сите финти за да ве задржи пред екран, дури и да немате фетиш на коли.

Како гори електричен тротинет?

Не да гори, пржи. Притоа, изгледа како да ги компензира сите штетни гасови кои не сте ги пуштиле во атмоферата кога сте го возеле него наместо некој стар дизелаш. Ова е некој Хрват, огорчен што тротинетот му изгори пред очи, ама па и малку среќен што не му бил оставен во кола.

Кентаки има кружен тек

Во некоја припиздина во рурално Кентаки, имало крстопат на кој се случувале бааги сообраќајни незгоди. За да го решат тоа, ставиле кружен тек. Ене ги, уште вртат.