На тркала

Разбуди ли се, бато?

Кога ќе наидеш на некој абдал кој пијан заспал на волан сред улица, логично е да помислиш дека треба да го разбудиш. Ама па за него е логично да продолжи да тргне кај што застанал пред да заспие. 

Колку далеку е предалеку?

Поучно видео со неколку корисни финти за тоа на која далечина треба да го подесите своето возачко седиште, на која висина да е воланот и потпирачот за глава,

Колку лошо можеш да истовариш камион цигли?

Лошо, полошо, дечково. Во снимањето на видеото повредени се стотици цигли, луѓето ок се.

Урбано, слободно, на точак

Да не знае човек на што попрво да се одушеви: на спектакуларните вештини на Фабио Вибмер, на одлично скоцканото видео или на тоа какви раат градови има за возење точак.

Топ гиар го проба Порше Тајкан против Тесла Модел С

Откако Тесла отиде на Нурбургринг да го руши рекордот на комплетно електричното Порше, и доживеа дебакл, заминувајќи си без да сподели ниту една статистика, Топ гиар реши да ги проба двете коли на права писта. (Да, Поршето е два пати поскапо од Теслата, ама сега не броиме тоа.)

А сега, руско видео

Ако постои курс по анатомија на руски видеа на интернет, ова видео го пуштаат на прв час како успешен пример за клип што ги опафтил сите елементи: лошо паркирани коли, тенк, сообраќајка...

Да погледнете потера со мотори низ Сао Паоло

Вакво нешто имало и на Борновиот идентитет, и на Невозможна мисија, и на Брзи и бесни, ама дури и таму од Холивуд имале усул па не го ставиле едниот моторџија во апостолки. Бидејќи ова Бразил, и не е по сценарио, такви устручавања нема.

Има ли пожарна за пожарната?

Во демонстрација пред стотици ученици, унгарски пожарникари покажаа како дефинитивно не треба да се вози противпожарно возило.

Ни Амстердам отсекогаш не бил Амстердам

Плоштадот Рембрант е еден од најголемите плоштади во центарот на Амстердам. Во 1960-та плоштадот е автомобилски фронт, денес истиот овој потег е мерак, пешачки и велосипедски.

Може ли денешен велосипедист да преживее етапа од првиот Тур де Франс од 1903?

Првото издание се вози во 6 етапи во кои требало да бидат покриени 2.428 километри, или околу 400 километри по етапа. Денес има 21 етапа / 23 дена, етапите се далеку пократки, но вкупната должина на турата е подолга. За разлика во вселенските примероци на велосипеди што ги имаат денес, тогаш се вози на велосипеди што се најблиску до поштарски точак. Двајца велосипедисти ќе се обидат да ја повторат првата фаза од првата трка, на точак од 1903.

На точак, со поглед

И ти возиш точак, и Брајан Рајнер вози точак, ама не е исто (и не е секогаш само до точакот). Рајнер е на маунтајнбајк патека на Тахити, и многу, многу не и се плаши, а би требало.

Залетан тенк вс. неподвижна кола

Јасно е дека колата немаше никакви, ни најмали, најмали шанси против тоа железниот ѕвер, ама никој не очекуваше вакво скоро па атомско распрнување на возилото.

Сообраќајна лекција на денот

Не можеш ти да бидеш толку лош шофер, колку што возач на трамвај може да биде искулиран и незаинтересиран за тебе.

Татковци, нема причина (освен пари) вашето дете да нема вакво по дома

Во прашање е напредна робот-кола со еден куп додатоци што се управува преку смартфон, а плус има и други фори. На прва ќе кажеш „ама малото има само 4 месеци и уште нема поим за ништо околу себе,“ и ќе згрешиш, затоа што токму ова е клучното нешто за неговиот психофизички развој (веројатно не е, ама ти го заслужуваш ова). Ви стоиме на располагање и за дополнителни аргументи за да ја оправдате набавката на најеопходниот уред што ви фали по дома.

ЈП Улици, дупки и патишта

Следен пат кога ќе ја пцуете пластичната сигнализација на сред автопат нека ви текне на видеово од Русија.

БМВ, добар клизачи

По 12 години поминати како прв човек на Дајмлер, се пензионираше Дитер Зече, или фамозниот Доктор З. како што беше познат во тие кругови (замина со пензија од 4,250 евра на ден, ама сега тоа неважно). Му честитаа од конкурентскиот БМВ, со видео порака чиј мотив е „Пензионирање е кога ќе го оставиш минатото зад себе и ќе ја прегрнеш иднината.“ Чекајте да видите на што мислат.

За еден жмигавец

Луис СиКеј (пред да почне инквизицијата) за скеч кажува: Јас кога сум во кола имам поинаков систем на вредности, тогаш сум најужасниот човек што можам да бидам. Овие двајца немаат скеч за кажување.

Кога Бентлито не ти е доволно руско

Ако си коцкар лесно е, ставаш тоа заровите на ретровизор или на ѕивани, и на сите им е јасно дека си коцкар. Кога си Русин, работата е инстантно покомплицирана, па бара шмишајбни, чекани, работилница, ама за тоа и резултатот е многу поуверлив.

Судар на генерации: 2017 версус 1992

Многумина се спремни да докажуваат дека на денешните коли штедат на материјал па ги прават прелесни, со тенки шасии кои на оние четките на кар-вош звучат како лименка Кока- Кола. Пред комплетно да ве обземе носталгија по старите добри машини, да се судриме со вистината, во чело.  

Петто паркинг сетило

Од колку заебанции ќе бевме поштедени и колку милиони часови од нашите животи ќе беа заштедени ако се задржеше оваа досетка за петто тркало кое помага во (от)паркирање. И онда, ова го укинале ама затоа почнаа да ставаат - греење на седишта.

Колку малку ѝ треба на сува трева

Доволно е малку да се турира со моќни гуми на некој џип и ете ти пожар кој ќе ти го направи местото погодно за идна „урбанизација“. Само да не претераш ко слепецов, па да ти се укопа машината.  

Гледај Скопје јапонски таксисти и плачи

Три работи: прво, ова е такси паркингот на некојa поголема железничка или автобуска станица најверојатно во Токио; второ, не е вежба за парада; трето, сето ова се случува без наоколу на патролираат 18 полицајци како чувари на лавови.

Тајната на руските технологии

Ќе смислат секакви мрцини од возила, само за да не мора патишта да прават.