Вести

Соседите одбиваат да му ја затворат задната порта на Иран

Државниот секретар Рубио изјави дека САД немаат потреба да го бомбардираат Иран, туку економски ќе го исцрпуваат со современа форма на средновековна опсада. За таа цел е формирана работна група „Железна порта“. Операцијата, сепак, зависи од соседите на Иран, кои имаат сопствени интереси и се противат на американската иницијатива за затворање на обрачот.

Љубовта на Берлин и Јурасика Парка

Германскиот лекар Пол Бранденбург неодамна беше уапсен во Берлин поради објави на социјалните мрежи кои наводно го „навредуваат“ градоначалникот во заминување, Каи Вегнер. Во објавите се критикуваат врските на Вегнер – како и на берлинската влада – со „Јурасика Парка“, осуден педофил и „дрег-кралица“. А „Јурасика“ двапати е осудуван за поседување или ширење детска порнографија.

Сибирски шаман ќе жртвува 60 камили за победа на Путин

Рускиот „врховен шаман“ Артур Цибиков планира да жртвува 60 камили во маратонски ритуал за да му помогне на Владимир Путин да победи во војната во Украина. Секој месец ќе им принесува по пет жртви на древните славјански богови, со надеж дека ќе ја прифатат прошката и ќе им помогнат на руските сили да победат во војната што ја водат речиси пет години.

Речник

Партијата на Мерц бара црн список за критичари на климатски политики

Пратеници од владејачката ЦДУ во Баден-Виртемберг побараа од покраинската влада да објавува список со имиња на лица и организации кои шират содржини оквалификувани како „климатски дезинформации“. На црниот список би биле и оние што ја критикуваат ефикасноста и цената на владините мерки за борба против климатските промени.

Нова инвазија на мигранти врз Шпанија

По шокот од јули, кога во енклавата Сеута за само два дена упаднаа над 50.000 мигранти од Мароко, Шпанија е изложена на тивка, но масовна инвазија врз Канарските Острови. Во текот на ноември таму со чамци пристигнале повеќе од 6.600 мигранти. Локалните лидери ја обвинуваат владата во Мадрид дека нема политика за мигрантите и не ги заштитува границите на Шпанија.

Зошто Латиносите му свртеа грб на Трамп

Клучниот фактор за изборниот пораз на републиканците беше губењето на поддршката од Латиносите. Оваа заедница реагираше на лошо спроведената акција против миграцијата, што не значи дека ги прифаќа идеите на демократите. Во голема мера го посакуваат истото што и повеќето Американци: добра плата, семејна куќа, квалитетни училишта и јавна безбедност.

Британските шпиони изгубиле илјадници УСБ стикови

Британската служба за дигитално шпионирање изгубила илјадници мемориски стикови со чувствтителни податоци за надгледувани лица. Невини луѓе биле идентификувани како терористи. МИ5 лажела пред суд за протекување податоци. Наместо да преземат одговорност и да одговараат за инцидентите, службите бараат уште пошироки овластувања за надзор.

Гејтс: Глобална катастрофа ќе го освести светот за ВИ

Бил Гејтс ја плаши светската јавност со нови предвидувања за ужасни катастрофи предизвикани од злонамерни групи „вооружени“ со ВИ. Инсистира владите низ светот да ја преземат контролата врз развојот на новата технологија и да воведат строги мерки, исто како за авиосообраќајот и лековите, за да спречат инциденти со повеќе жртви отколку пандемијата на ковид.

Nvidia продавала чипови на фантомски кинески фирми

САД имале основа да се сомневаат во активности на Nvidia на пазарот во Кина уште пред Јенсен Хуанг да признае дека имал вонбрачна афера со жена ангажирана да шпионира за Пекинг. Чипови на Nvidia за вештачка интелигенција биле доставувани до десетици фантомски компании поврзани со фондови кои биле под санкции како ризик за националната безбедност на САД.

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Проституција, марихуана, кокаин.Така изгледа развојното портфолио на албанските банди во Англија кои денес апсолутно доминираат на црниот пазар вреден милијарди фунти. Работат тивко, важат за ефикасни партнери кои држат до дадената беса а во нивните крвно поврзани ќелии полицијата тешко се инфилтрира. Но, тие пари некаде мора да се исперат и тоа ја бранува Албанија. 

Верувањето во магии опстојува во модерниот свет

Луѓе наклонети кон науката и секуларното расудување отфрлаат „божји чуда“, но честопати веруваат во магии, суеверија, духови и клетви. Современиот пресврт кон рационалноста не ја елиминира фасцинацијата на луѓето од натприродното, туку само ја ослободува верата од институционалните ограничувања и авторитети, покажуваат резултати од ново истражување.

Европа треба да се вклучи во трговските синџири на Кина

Европските производители се во заблуда кога мислат дека можат да се натпреваруваат со кинеските. Ќе мораат да ја сменат стратегијата и, наместо да се тркаат, да бараат место за себе во кинеските глобални синџири за снабдување. Во спротивно ќе продолжат да бележат загуби и да отпуштаат работници, предупредува Јенс Ескелунд, шефот на Трговската комора на ЕУ во Пекинг.

Професор со лажна диплома предавал за „лажни вести“

Скандалите со престижните универзитети кои не ги проверуваат квалификациите на „угледните“ професори што ги ангажираат се проширија на Ирска. Професорот по новинарство Том Фел, кој бил цитиран и ангажиран како експертски советник во кампањи против ширење лажни вести и дезинформации, со години лажел дека докторирал.

Владата на Туск ќе замрзнува имоти без судска одлука?

Само неколку дена по неуспешниот обид на владата Туск да ја преземе контролата врз судството, полските пратеници усвоија закон кој на владата ѝ дава право без судски одлуки да замрзнува сметки на граѓани и компании за кои ќе процени дека се закана за националните интереси. Опозицијата стравува од злоупотреба на законот против политички противници.

Иран ја пребродува бурата, но Саудиска Арабија тоне

Додека САД и Израел почнаа војна за да го променат режимот во Техеран, ја разнишаа власта на својот главен партнер во регионот. Саудискиот престолонаследник е загрозен од финансиска криза, демографски фактори, воени порази и отпорот кон либерализацијата. Прашање е само дали ќе биде отстранет од други членови на династијата Сауд, или кралство целосно ќе се распадне? 

Се изгуби ли поентата на Парискиот климатски договор?

Уште од потпишувањето на Парискиот договор во 2015 година, владите низ светот се обрзаа да го ограничат глобалното затоплување. Откако Трамп ги повлече САД од договорот, развиените земји престанаа да ги исполнуваат целите, а конференциите се претворија во бирократски лавиринти. Последната надеж се амбициите на Кина да продава соларни панели и коли на струја.

Oбединувањето ќе ја чини Ирска десетици милијарди евра годишно

Двете владејачки партии во Даблин претставија анализи за трошоците од обединувањето на Ирска. Процесот на интеграција би требало да трае 25 години. Само во првата година, цената би можела да варира од 3,2 до 25 милијарди евра, во зависност од усвоениот модел и од договорот на Лондон и Даблин кој ќе плаќа за пензиите и долговите.

Кина сеирџиски задоволна од изборите во САД

По неодамнешните американски избори, кинескиот државен медиум „Глобал тајмс“ објави напис во кој го слави претстојниот крај на демократијата со оценка дека ‚митот‘ за демократијата од западен тип ја губи својата привлечност, дури и на самиот Запад. Кина не е единствената земја што во избореите во САД виде најава за своја долгорочна победа. Иран, на пример.

Европа не собра доволно пари за воена помош за Украина

Европските земји мошне веројатно нема да ја исполнат целта до крајот на оваа година да ѝ испратат воена поддршка на Украина од 70 милијарди евра. Им недостасуваат 7 милијарди. Се очекуваат дополнителни ветувања на новата рунда разговори идната недела, но дипломати во Брисел предупредуваат дека тие можеби нема да бидат доволно.

Владеењето на правото еродира во 26 европски земји

Владеењето на правото на европскиот континент е влезено во рецесија и резултатите кои ги мерат потребните параметри се во пад во 26 од 40 европски земји. Од 143 земји на глобално ниво, Албанија е на 91-ва а Србија на 95-та позиција. Ние сме на 65 место а две места подобра е европејска Бугарија.  

Гулабот размислува како вештачка интелигенција

Мозокот на гулабот функционира на сличен начин како и вештачката интелигенција на базично ниво. Ова го покажа нова студија во која психолози од Универзитетот во Ајова го испитале функционирањето на мозокот на гулабот, откривајќи дека има сличности со вештачката интелигенција.

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

И дата-центрите изгубија на изборите во САД

Милијардерите од Силициумската долина се дупли губитници на изборите во САД. Не само што им „изгореа“ стотиците милиони долари што ги вложија во кампањите на републиканските кандидати, туку и на локално ниво им беа блокирани проекти за изградба на центри за податоци од кои долгорочно очекуваа приходи од милијарди долари.

Германија сака со златото и армијата на Полска да војува со Русија?

Слично како што нацистичка Германија ѝ го заплени златото и моќниот воено-индустриски комплекс на Чехословачка пред Втората светска војна, битката за Уставниот суд во Варшава отвора сомневања дека денешна Германија планира да ги преземе златните резерви на Полска и да ја стави под своја контрола нејзината армија во пресрет на можна војна со Русија до 2030 година.