Дистописката приказна започнува во декември 2022 година. Како одговор на една објава на Фејсбук од член на Швајцарскиот национален совет, Брунишолц, мајстор за поправка на дувачки инструменти од Бургдорф, напишал:
„Ако после 200 години ископате LGBTQI луѓе, врз основа на нивните скелети ќе најдете само а) мажи и б) жени. Сè друго е ментална болест промовирана преку наставната програма“.
Не поминало долго време кога полицијата му тропнала на врата па во станица го испрашувале за „намерата“ на неговиот коментар. Потоа дошло писмо од обвинителот, во кое го информирале дека е обвинет за „говор на омраза“. Бил осуден и казнет со 500 швајцарски франци.
Поднел жалба на оваа пресуда, но безуспешно. Во декември, пресудата му била потврдена и требало да плати дополнителни 600 швајцарски франци за судски трошоци.
Не сакајќи да троши повеќе време и пари на овој смешен атак врз неговата слобода на говор, не продолжил со жалбите. Но, бидејќи одбива да ги плати казните и судските трошоци, ќе оди зад решетки на десет дена.

Уште поглупо е објаснувањето на пресудата во кое се вели дека:
„LGBTQI значи значи лезбејска, геј, би, трансродова, квир и интерсексуална личност, и затоа означува различни сексуални ориентации“.
Л, Г, Б, се сексуални ориентации, Т(рансородов) не е сексуална ориентација туку родов идентитет. Швајцарскиот закон штити сексуални ориентации а не родови идентитети, потсетува Спајкд.