Навивачи

30.000 грла ечеа на Пољуд во чест на Мишо Ковач

Градот Сплит, Хајдук, Торцида и Хрватската музичка унија организаа спектакуларно испраќање на легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач, кој почина на 31 октомври на 86 годишна возраст. Присуствуваа и неговото семејство, колеги музичари, пријатели и државни претставници, меѓу кои и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Хрватската влада го прогласи тој ден за Ден на национално сочувство.

На Шиц по четири седишта му чуваат за Вардар, и Червар му крева рака

Ристо Шиц е навивачка икона на Вардар, кој секогаш го има на трибини, а не пропушта натпревар ниту на ракометната репрезентација. Вели дека кога игра Вардар, не се случило да качи температура. Четири седишта му чуваат позади гол, а поздрав од клупа му прати и Лино Червар пред дербито против Пелистер. Легенда.

Спектаклот Бока - Ривер на Бомбонера

После многу дуели, борба, игра на нерви и остри фаули со два црвени картони, Бока Јуниорс славеше 1-0 во аргентинското Суперкласико на својата Бомбонера во 15. коло од Клаузура.

Навивачите на Вардар со огномет ги буделе ракометарите на Пелистер

Големо ракометно дерби се игра денес во Скопје. РК Вардар 1961 го пречекува Пелистер од 17.45 часот во салата „Јане Сандански“. Навивачите на Вардар доцна синоќа среде ноќ пред хотелот каде престојува Пелистер направиле огромна бучава со огномети, петарди и песни.

Џенова има атмосфера што треба да се доживее

Стадионот „Луиџи Ферарис“ во Џенова ја има една од најубавите атмосфери во Италија, без разлика дали Сампдорија и Џенова играат во прва, во втора лига, во еврокупови, без разлика дали се борат за опстанок или се борат за горниот дел од табелата.

Заедничка кореографија за Вардар

Големото македонско ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е закажано за во недела, со почеток во 17:45 часот. Домаќините најавуваат гигантска кореографија низ цела сала.

„Сенф-бомби“ на Алијанц Арената

Повеќе од 12.000 навивачи на Магдебург отпатуваа на гостувањето во Минхен во Купот на Германија кое Баерн го доби со 6:1. Гостите направија инцидент со нова и прилично бизарна димензија. Ги гаѓаа домашните навивачи се чаши и пакувања полни со сенф.

Каква карта, братот од дома си гледа како Флитвуд го исфрла Арсенал

Флитвуд е четвртолигаш, во долниот дел од табелата, кој му приреди шок на Арсенал во Лига Купот. На малиов ептен му се погоди.

Не одат дома, ама на гости грмат - 10.000 тифози на Лацио во Сасуоло

Лацио е најголемото изненадување во фудбалска Европа. Со крпен состав, со тренер од калибарот на Џенаро Гатузо, со навивачи скарани со претседателот на клубот Лотито, Лацијалите играат неверојатно - имаат 8 победи и 1 нерешена на 9 средби во новата сезона од Серија А. Синоќа славеа 2-6 кај Сасуоло.

Ќе види ли бербер навивачов на Манчестер?

Френк Илет упорно го тера предизвикот наречен „Не се шишам додека Манчестер Јунајтед не врзе 5 победи по ред“. Две години му трае сагата или 750 дена. Манчестер Јунајтед нема победа на последните 8 натпревари. Ќе биде.

Делии во врвна форма против Баерн Минхен 1991-та

Олд скул VHS снимка од 1991-ва. Годината кога Црвена Ѕвезда стана европски шампион, а со нив богами и навивачите. Кадриве се од полуфиналето против Баерн Минхен. Многу моќно.

Контате така?

Навивачи на ПСЖ или можеби само парижани и евентуално симпатизери на ПСЖ, со нов аутфит ја следеа мега пресметката од ЛШ против Барселона. Со здравје да се носи, што да кажеме друго :).

Барселона ќе го пријави ПСЖ за морничавата кореографија

Пред почетокот на натпреварот меѓу ПСЖ и Барселона (4-2) во 3. коло од Лига на шампиони, навивачите на парискиот состав кренаа не баш пријатна кореографа - ликот на серискиот убиец од хорор филмот „Тексашки масакр со моторна пила“ како со моторна пила го сече грбот на Барселона. За повизуелно „шоу“ запалија и неколку прскалки кои како да фрлаат искри од моторната пила. Се очекува УЕФА да го казни ПСЖ за ваквата кореографија плус за некои навредливи пароли и скандирања и за употреба на пиротехника.

Мизерна ноќ за навивачите на Јувентус - дебакл дома, палеа свои шалови

Јувентус од година во година паѓа во сè поголем резултатски очај од кој како да нема излез. По заминувањето на Ањели од клубот, Јуве стана просечен италијански клуб. Синоќа Лацио на Гатузо ги згроми 0-3 а можеше да им даде уште толку гола.

Аргентинците имаат уникатна страст за фудбал

Сан Лоренцо губи 0:2 од Бока Јуниорс, а надвор истура дожд. Каква стреа, каков резултат. Погледнете ја оваа поддршка. Нешто невидено.

Торцида ги нападнала навивачите на Ајакс во такси и им одзела транспаренти

Како што пренесуваат навивачките страни на друштвените мрежи, синоќа после натпреварот Хајдук - Ајакс во Сплит, група навивачи на Хајдук го сопреле насилно такси возилото со кое се возеле двајца навивачи на Ајакс кои биле нападнати, претепани и им биле одземени ранците во кои чувале важни знамиња од групите: F-Side, Ultras Amsterdam и Paddy. Навивачите на Ајакс уште при доаѓањето во Сплит рекле дека навивачката група има доушници меѓу таксистите кои ги местат гостинските навивачи во опасни зони.

Опасно моќна кореографија на навивачите на Лех Познањ

Кај полските навивачи гостувањата се обично сè освен пријатни. Баер Леверкузен го пречекаа со гигантска кореографија на која е прикажан хемичар, облечен во заштитен костим и со гас-маска, како под слоганот „Најопасната дрога“ крши на пола таблета на која стоеше логото на фармацевтите. Во другата рака, ликот држи таблета со испишана кратенка Лех, како метафора дека вистинската зависност и моќната сила на стадионот доаѓаат од страста кон полскиот клуб, а не од познатите корени на нивниот противник, основан од фармацевски гигант.

Сплитска полиција спречила судир меѓу навивачи на Хајдук и Ајакс

Неколку стотини навивачи на Хајдук синоќа на сплитската Рива тргнале во потрага по стотина навивачи на холандски Ајакс во пресрет на фудбалскиот натпревар на овие два клуба во Конференциска лига. Хрватските медиуми пренесуваат дека само што стигнале едни до други, полицијата одлучно влегла и ги раздвоила двете страни. И поделила прописен ќотек.

Посебната емоција на тифозите на Рома за Жозе Мурињо

Жозе Мурињо во сезоната 2021/2022 на Рома ѝ го донесе првиот голем трофеј во еврокуповите откако освоија Конференциска лига по триумф во финалето против холандски Феенорд. Синоќа се врати на „Олимпико“ во Рим, во улога на ривал со Реал Мадрид и чудесно победи 3-4 после историски пресврт.

Играта на зборови и занимливите пароли на дербито Ливерпул - Манчестер Сити

Иронијата на судбината сакаше првиот меч на Манчестер Сити после пресудата на судот дека се виновни по сите 114 точки од обвиненијата, да биде токму против Ливерпул. На „Енфилд Роуд“ се одигра големото дерби кое мина во знакот на паролите од двете страни. Гостите убедливо славеа 0-3.

Овие од Галатасарај правеле дубара со бучавата?

Турските стадиони важат за жежок терен за кој и да дојде кај нив. Атмосферата секогаш е бучна. Ама сега се појавија пар видеа од стадионот „Али Сами Јен“ на Галатасарај каде пред веќе испразнети трибини се слуша силна бучава и свирежи како некој да ги пушта преку звучници. Некој Јутјубер, навивач на Барселона снимил празен стадион и чудна бучава синоќа после дуелот Галатасарај - Барселона.

Барса во Истанбул се соочи со лудило пред хотел

Галатасарај вечерва ја пречекува Барселона во 2. коло од ЛШ. Кој знае дали око склопиле избраниците на Флик со ваков вознемирувачки пречек на Турците во 2:30 по полноќ.

Ова не се купува со пари

Ракометарите на Вардар го забележаа третиот пораз во Лигата на шампионите, овојпат од Висла Плок со 26-32. Тешко им одеше на вардарци против гранитната одбрана на полскиот тим која на крајот ја направи разликата. Но, она што го добија од трибините е непроценливо. Гласно бодрење има пред, за време и по завршувањето на мечот.

Ако некој знае да намириса профитери, навивач знае

Во Аргентина Лионел Меси беше празнично испратен во репрезентативна пензија. Со многу емоции, солзи, носталгија за прекрасното време поминато во најомилениот дрес. Ама навивачите во Аргентина се толку гневни на тамошната фудбалска федерација (АФА) која заработува грдни пари преку успесите на репрезентацијата. Првиот човек на АФА Клаудио Тапиа го сметаат за профитер и преварант и често го навредуваат.