Ако ова не е прослава за светска титула, тогаш што е? Од 94-та до сега само во Катар не стигнаа до топ 16, плус низ историјата имаат и две четвртфиналиња. Чуму до волку еуфорија за пласман во осминафинале?
Милиони Норвежани го живеат фудбалскиот сон. Толку долго очекуван успех на едно Светско првенство. На Мундијалот 2026 Халанд и другарите го победија Брегот на Слонова коска 2-1 и се пласираа во осминафиналето каде ќе се судрат со Бразил. Вечерашниот дуел се гледал во сите градови и села во Норвешка а на Националниот стадион каде се следело на големи видео бимови, 36.000 навивачи го направиле фамозното веслање „Ру“!
Никој не се сети да ја спомне Италија во последно време, четирикратниот светски првак, кој промашува три Мундијали по ред. Сепак нешто се појави и за нив додека трае Светското.
„К-15 отсекогаш го поддржуваат македонскиот тенис. Напред Лина“, пишува админот кој ја води страната на ненадминливото трио. Ги познавте тенисерите во скечот така? Лазар Магдинчев и Петар Русевски.
Бројот на жртви во Венецуела од серијата земјотреси стигна до 1.400, а околу 50.000 луѓе се водат како исчезначи. Погледнете како се гледа таму Мундијал.
Соединетите Американски Држави се шоу сами по себе, а камоли кога има Светско првенство. Клубовите, диската, пабовите и кафулињата се полни, шарени, королитни. Се точи пиво и се ужива. Ама еден Хрват ја утнал локацијата па кога сфатил....
Познатите мексикански бранови кои навивачите ги прават уште од Светското 1986 година, се неизоставен дел и од овој Мундијал. Синоќа на дуелот Канада - Јужна Африка (1-0 со гол во 90+2' минута) преку 60.000 гледачи правеа бранови. Ама на една жена ѝ преседнаа. Го изгуби мобилниот на долната трибина.
Аргентинските навивачи уживаат во САД летово. Светскиот првак игра маестрално по нотите на капитенот Лео Меси кој е прв стрелец на Мундијалот со дури 6 гола. На навивачите им останува само забава. И ја прават. Еден од нив изгубил новчаник па најдоа начин како да го пронајдат.
Мексико растура на Светското и со 3/3 оди во нокаут фаза. Цела држава е во транс и тоа не само луѓето. Видете го вие ова. Еден ден Светско со роботи ќе има.
Босанците држ недај, со слаба игра на старт, реми со Канада, па убедлив пораз од Швајцарија, се протнаа некако понатаму, со една победа над Катар или онолку колку требаше. Сообраќајот во Сараево колабираше.
Погледнете ги сцениве во Мексико Сити за третиот меч и трета победа на Мексико на СП. Според некои проценки, над 800.000 луѓе излегле на улица. Зборовите не можат да го опишат ова лудило. Мислиш финале играа синоќа.
Шкотските навивачи е милина да ги прими човек во град. Прават позитивна атмосфера, се двојат со традиционалните гајди кои им се препознатлив инструмент и облечени во килтови се секогаш интересни за локалните жители. Ги знаеме многу добро. Два пати ни беа на гости. Плус трошат еден куп пари за пиво. Од Фоксборо се преселија во Мајами. Повод? Бразил. Мечот се игра вечерва на полноќ по македонско време.
Еден од дебитантите на овој Мундијал е селекцијата на Јордан. Кој знае какво им е чувството? Веројатно ќе дознаеме некогаш. Вториот меч против Алжир кој го загубија со 2:1, по нивно време им се падна со петлите. Проблем? Погледнете колку се собраа.
Од Аргентина стигнува необична вест за чудно барање упатено до Соединетите Американски држави уште пред почетокот на Светското првенство во оваа земја, во Канада и Мексико од 11-ти јуни до 19-ти јули.
Вечерва од 19:00 часот Светскиот шампион Аргентина ќе игра во 2. коло од Мундијалот против Австрија. Аргентинците имаат 3 бода и се први на табела откако Лионел Меси одигра страшен натпревар и со хет-трик го реши Алжир (3:0). Сега сино-белите се префрлија во Далас. Таму се ори песна за Диего и Лео.
Во Македонија многумина добро се сеќаваат и едвај чекаат повторно да им дојдат шкотските навивачи. Биле во Скопје во неколку наврати. Секогаш насмеани, весели, пивнати, никогаш не прават проблеми и спремни се за добар британски хумор. Такви се и во САД на Светско првенство.
Барем така пејат илјадници Бразилци допатувани во Филаделфија каде вечерва по наше време после полноќ во 2:30 ќе играат против дебитантот Хаити. Кариоките во прво коло одиграа само 1-1 против Мароко и сега се под морање. Со победа и три бода ќе се пласираат во следна фаза. Во 3. коло против Шкотска ќе играат во Мајами, градот со најголема бразилска заедница во цел САД. Замислете што ќе биде таму.
Во дербито на групата А, очекувано имаше тврд дуел меѓу Мексико и Јужна Кореа. Славеа домаќините на стадионот во Гвадалахара пред повеќе од 45.000 гледачи. Стрелец на победничкиот гол за Мексиканците беше Луис Ромо после катастрофална грешка на корејскиот голман, а победата се славела до доцна во ноќта на главниот плоштад „Ангел на независноста“.