Опасно моќна кореографија на навивачите на Лех Познањ

Кај полските навивачи гостувањата се обично сè освен пријатни. Баер Леверкузен го пречекаа со гигантска кореографија на која е прикажан хемичар, облечен во заштитен костим и со гас-маска, како под слоганот „Најопасната дрога“ крши на пола таблета на која стоеше логото на фармацевтите. Во другата рака, ликот држи таблета со испишана кратенка Лех, како метафора дека вистинската зависност и моќната сила на стадионот доаѓаат од страста кон полскиот клуб, а не од познатите корени на нивниот противник, основан од фармацевски гигант.

Навивачите победија на трибини, но не и на терен, бидејќи Баер Леверкузен славеше 0:4.

16 октомври 2026 - 09:31