Кец у два

Кладеш ли се на робо-билијард?

Во САД станува сè популарно и има голем интерес да се тура паричка на робо-билијард. Некои букмејкерски куќи веќе сакале да го внесат во својата програма. 

Махериште на колото за 2,1 милиони денари

Фатил 7 фиксови во Лига на шампиони, меѓу кои две храбри двојки на Бенфика и ПСЖ. Вложил 15.000 денари, им земал 2,1 милион или 35.000 евра.

Махериште на колото кој погодил 16 натпревари во ЛШ

Астон Вила - Јувентус и Селтик - Клуб Бриж се единствените две средби од вторник/среда кои ги нема на тикет. Со 100че им земал 407.787 денари. 

Махериште на колото кој со сингл затвори кладилница

Не му треба ни билтен, ни Лига на шампиони, ниту пак игри на голови. Со интуиција ги искина.

Махеришта на колото за вкупно 2 милиони денари

Во Гостивар паднале понеделнички 850.000 денари. Во Дојран уште толку. Третиот он лајн фатил 400.000. Со здравје да си ги трошите.

Махер на колото со два точни резултати

Сурфавме да видиме кои се екипиве. Бразилска втора лига. Па уште 1000ка им ставил.

Дипломец на годината

Дипломирал паѓање, отсек кладење финска втора и трета лига во живо.

Малериште на колото поради проклет пенал во 94-та минута

Го фатил финалето од Лига Куп икс, ПСЖ икс 4.55 коефициент, ама и Караорман - Охрид Лихнидос, втора македонска лига. Ако е животов фер, од Загреб нека му пратат 509.062 денари.

Видовит махер на колото

Милан синоќа го победи Рен со 3:0 во плејофот од Лига Европа. Епа махеров точен резултат ја фатил и тоа лани ја уплатил на две ливчиња. Ја типувал системски „еден од два“, со идентичен тип и на гости, што значи и да не му излезе реваншот 0:3 пак е добитен.

Махериште на колото за 1,2 милиони денари

Одбрал четири пара, ги одиграл „дупла победа“, ги уплатил на две ливчиња по 500 денари, а за возврат добил 20.000 евра.

Малер на колото кој покажува голем талент за точни резултати

Ги игра Ирска, Исланд, Турција и Романија дека ќе победат 4:0. И ги фаќа сите четири. Ама резултатот 0:1 не му лежи и го буши на два тикета.