Фудбал

Италија има нов фудбалски дијамант: Франческо Пио Еспозито

На само 21-годишна возраст, Еспозито се наметнува како светла иднина во националниот тим. Младиот напаѓач на Интер ги напаѓа историските рекорди на италијанскиот фудбал.

ФИФА добива нов претседател, легендата поддржана од УЕФА?

77-годишниот Арсен Венгер би можел да се врати во големиот фудбал и тоа во неочекувана улога. Осум години откако замина од својот Арсенал, легендарниот тренер би можел да се кандидира на изборите за претседател на ФИФА. Негов противкандидат би можел да биде Џани Инфантино - човек кој пред седум години го повика Венгер да соработуваат.

Грција ги изненади патниците до Лисабон со култниот дрес од 2004 година

Адидас, Грчката фудбалска федерација и авиокомпанијата „Ејџијан ерлајнс“, направија јак маркетиншки потез за време на летот од Атина до Лисабон.

Магија во Тирана на Ернест Мучи

Првата вечер од 5. коло во Лига на нации почна со доста атрактивни голчишта. Арда Гулер се отвори ептен од слободен удар, ама и Ернест Мучи од Албанија не е ништо полош. Албанците ја добија Финска со 2:0 и ја сочуваат лидерската позиција во својата група од Ц конкуренцијата.

Голманот од кого смртно настрада центарфор не излегува од дома

25-годишниот голман на шпанскиот второлигаш Андроа, Жезус Овоно по трагичниот настан воопшто не ја напуштил куќата, се наоѓа во очајна состојба а стручно му помагаат клупски психолози и лекари. Сакал да разговара со семејството на фудбалерот кој почина по еден убиствен старт на голманот на сред терен.

Ремек дело на Гулер од слободен удар

За гол број 1 на вечерта во Лига на нации, дефинитивно го прогласуваме голчиштето на Арда Гулер, кое на социјалните мрежи веднаш почнаа да го споредуваат со некои слободни удари на Меси. Страшно јако им ја опали уште во 10 минута. Но, Белгија брзо се врати и со головите на Де Брујн и Де Келетар во 27` и 30` минута стигна до пресврт и победа од 1:2. Турците остануваат на 0 бодови.

Голем јубилеј за Хари Кејн: капитенот со гол прослави рекорден настап за Англија

Во 5-то, претпоследно коло од Лига на Нации Англија пак ја совлада Хрватска, овојпат покоректно со 2-1 после дебаклот 0-7 на Рујевица пред повеќе од еден месец. Морган Роџерс го отвори резултатот на Вембли, Петар Сучиќ израмни, а капитенот Хари Кејн во 64' минута од пенал и донесе победа на Англија. Кејн беше и славеник зошто стана играч со најмногу настапи за Гордиот Албион.

Италија со моќен пресврт ја урна Франција по пауза од 64 години

Италија одигра партија за паметење пред своите навивачи и со убедливи 3:1 ја совлада Франција во дербито од 5. коло во Лигата на нации.

Легендарниот Марио Жардел кој поминал низ канџите на кокаинот и алкохолот

Легендарниот бразилски центарфор кој во еден момент беше можеби најдобар шпиц на светот, во отворено интервју за Газета дело Спорт раскажува за својата неверојатна кариера и како тоа што селекторот на Бразил Сколари не го повикал бил повод да падне во тешка состојба и да посегне по разни супстанци.

Шест години од македонската фудбалска бајка

Во денови кога не оди воопшто на тема репрезентација во Лига на нации, фино е што денеска е 12 ноември. Историски датум за фудбалот во Македонија, за кој се надеваме дека нема да чекаме нови 30 години.

Луда завршница во европската кошарка: Париз го доби Фенер во последна секунда

Најлудиот натпревар досега сезонава во Евролига го одиграа Париз и Фенербахче. Во 11. коло Парижаните имаа осум поени предност на две минути до крај. После имаа пет поени плус и топка на 65 секунди до крај но направија серија глупости, промашија дури три зицери по ред и Фенербахче го одведе натпреварот со 92:92 во продолженија. Таму се играше кош за кош се до последната секунда и тројката на Надер Хифи за победа на Париз.

Англиски репрезентативец за Меси: „Играв против него на 39, каков ли бил на врвот“?

Морган Роџерс има 24 години, веќе подолго е стандарден англиски репрезентативец, беше главен во екипата на Астон Вила со која освои Лига Европа во 2026-та. Направи трансфер летово во Челси за астрономски 117 милиони  фунти што е апсолутен рекорд за англиски фудбалер на сите времиња. Летово на Светското првенство играше во полуфинале против Аргентина и сега кажува за Меси.

Да се прекрстиме во судијата на мечот во Глазгов

Михаил Оченаш е делегиран за главен судија на натпреварот меѓу Шкотска и Македонија. Со Господ напред.

Колку се сменети времињата - Мурињо пред 25 години прави лом играч на прес

Абдел Сабри денес има 52 години. На времето играше за Тирол, ПАОК, Бенфика, Маритимо, Естрела де Амадора. За Египет имаше 70 настапи и даде 11 гола. Кога Жозе Мурињо за првпат беше тренер на Бенфика пред точно 25 години, на денешен ден на една прес-конференција го направил пуздер неговиот играч Сабри.

Кралот Казу топ не го бие, заигра на 59 години, 8 месеци и 12 дена

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите на невозможното во светскиот фудбал. Кога дебитирал, Лео Меси уште не бил роден.

Навивач во инвалидска количка влета на теренот да прослави победа

Натпреварот од турската трета лига имал седум гола, луди пресврти и на крај триумф од 4:3 на домашниот клуб Ѓебзеспор над Инеѓол Кафкас. Победничкиот гол паднал дури во 90+5' минута во судиското продолжение. Херој на Ѓебзеспор бил Батухан Алтинташ, кој го дал победничкиот гол. А радоста ја споделил и еден навивач кој влетал на терен со инвалидска количка.

Метнете се на жените

Во Манчестер Јунајтед не е сè така очајно. Утеха? Женскиот клуб кој е во серија од 11 меча без пораз. Што да се каже дечки. Учете фудбал од нив.

50 метри од гол - зошто Брајтон сè почесто шутира од далечина?

Голот на 23-годишниот Парагваец од Брајтон Диего Гомез точно од пола терен против Кристал Палас е прогласен за гол на месец октомври. Но овој погодок привлекува внимание и на една необична тенденција во англиската Премиер лига. Екипите сè почесто се решаваат на удари од огромна далечина а во тој смисол и практично од пола терен.

Коментатор со кој прснавме до солзи

Не очекувавме дека ќе отиде толку далеку.

„No-look“ на годината

Комедијата на денот на која налетавме ни доаѓа од младински арапски натпревар. Прво бевме сомничави дали е ова вистина. Гугл ни тврди дека не е монтирано со ВИ. Како и да е, на малиов изгледа Балотели му е идол.

Реакции во Германија по прослава на голoви на германски репрезентативец

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Феликс Нмеча западнал во непријатна ситуација поради прослава на еден негов гол. Му скокнале од разни страни, а за целата работа се заинтересирал и селекторот на Германија Јирген Клоп.

Ламин Јамал сопрел случајни минувачи да им подели подароци

Врвната ѕвезда на Барселона и репрезентацијата на Шпанија Ламин Јамал во рамките на една интересна акција, сопирал случајни минувачи. Прашал едни деца каде има добар ресторан во близина каде на раат може да вечера. Им подарил и големи модерни слушалки.

Како со тројка да распалиш цела арена

Портланд Трејл Блејзерс имаат одличен старт на сезоната. Синоќа го совладаа и шампионот Оклахома Сити Тандер 123-103. Ветеранот Дамјан Лилард блескаше со 25 поени, 3 скока и 3 асистенции. Погоди и една тројка скоро од пола терен и „ја запали“ арената „Мода Центар“.

Во живо од тренинг-центарот на Манчестер Јунајтед

Мајкл Карик е на излезна врата од Манчестер. Се чека само официјална одлука. Тимот е во очај со само една победа после 10 кола и се наоѓа во зоната на испаѓање. По заминувањето на Фергусон во 2013-та, сменија 11 тренери и никој не успеа ниту да ги доближи до шампионскиот менталитет. Да видиме кој се пријавил на интервју за наследник на Карик.