Фудбал

Голот со кој Милан пак го урна Интер

Милан го совлада големиот градски ривал Интер со 1-0 со гол на еквадорскиот лев бек Первин Еступињан во 34' минута од големото дерби. Сега росонерите се на -7 зад лидерот Интер на 10 кола пред крајот на сезоната во Серија А. Нераѕурите во финишот имаа неколку шанси, имаше и некои контроверзни моменти во шеснаесетникот на Милан но на крај црвено-црните славеа голема победа.

Ни во македонска лига немаме видено вакво нешто

Мечов не е ниту во Краљево, ниту во Шишево. Зборуваме за прва чешка лига меѓу екипите на Бохемианс и Слован Братислава. Како беше она: Кој си ја најде, негова си е.

Дивјачко тепање меѓу Крузеиро и Атлетико, судијата ги реши со 23 црвени

Финалето од првенството во Бразил донесе жестока групна тепачка каква што одамна немало меѓу фудбалери. Сè започна во последните секунди од мечот кога домашниот играч Кристијан се нафрли врз голманот Еверсон, кој потоа го згази и го шутна. Потоа настана целосен хаос. Летаа боксови, клоци, удари со нога, а боксуваше и Хулк. Епилогот е 23 црвени картони.

Голчиште и пол со асистенција на ѓутуре

Јак гол падна во Швајцарија на средбата Лугано - Луцерн 1:3. Ај мајсторов океј, ги има вакви, што не е лесно, ама асистенов свесен ли е што направи?

Само Меси ги има овие лобчиња

Барселона - Арсенал на денешен ден пред точно 15 години. Кога Иниеста ја има топката, а Меси ја прима пред голман, резултат е ваков:

Кралот е жив: Реал Мадрид се спаси со гол во 90+4' минута

„Кралевите“ на ова незгодно гостување кај Селта Виго дојдоа без 10 повредени и суспендирани првотимци па тренерот Арбелоа поведе 7 младинци со екипата. Орелијан Чуамени го донесе Реал Мадрид во водство против Селта на гости во 11' минута а Борха Иглесијас израмни на 1-1 во 25' минута. На крајот во 90+4' минута Федерико Валверде постигна победнички гол за 1-2 и Реал Мадрид се врати на само -1 од лидерот Барселона која има и натпревар помалку.

Атрактивен гол со волеј на Елмас за Наполи

Конечно Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец веќе подолго време игра стандардно за Наполи кај тренерот Конте, а синоќа на дуелот против Торино конечно го скрши мразот и даде гол, прв сезонава по враќањето во Наполи. Во 25. коло од Серија А Елмас постигна погодок во 68' минута за 2-0. До крајот гостите го намалија резултатот на 2-1.

Ненадминлив карамбол

Сме виделе карамбол повеќе пати, ама вакво нешто како во втората лига во САД сте виделе ли?

Ван дер Сар брзински кажа кои се а кои не светска класа голмани

Легендарниот холандски голман и миленик на навивачите на Ајакс и Јувентус кој блескаше и во Манчестер Јунајтед, отворено одговори на прашања за тоа кои голмани се а кои не се при светскиот врв. Без затегање.

Бегството на Ашковски од Иран кој морал да ја плати слободата

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски имал тешко патешествие на патот од Техеран до Скопје долг 3.200 км. Се соочил со затворени аеродроми и долго и неизвесно копнено патување со многу проблеми, без виза, а на почеток и без пасош. Клучен играч кој му помогнал од почеток до крај бил Мердар, шоферот на албанскиот репрезентативец Јасир Асани.

Инвентивноста на Тотенхем од слободен удар

Тотенхем е во очај. Загуби дома од Кристал Палас 1:3 и сега е на -1 од зоната за испаѓање. На табелата со бодови само од вториот дел од сезоната се на дното со ниту еден триумф на 10 меча. Погледнете ги како ги користат слободните удари.

Побрз и од Болт: Фудбалер на Железничар Панчево во Топ5 најбрзи играчи

Фудбалерот на Железничар од Панчево Симао Педро достигнал неверојатна брза од 37 километри на час на натпревар против Спартак Суботица што е петто најбрзо време во фудбалска Европа измерено сезонава.

Трамп: Кој е појак, Меси или Пеле?

Обично дебатата за тоа кој е најдобар и на која веќе станавме уморни е меѓу Меси или Роналдо? Ама секој со своето, според годините, спомените и знаењето. Диего во гроб се превртува.

Трамп го пречека Интер Мајами и на Меси му зборуваше за Роналдо

Шампионот во МЛС лигата за првпат во историјата стигна до овој трофеј, Интер Мајами беше на гости во Белата Куќа кај претседателот на САД Доналд Трамп кој организираше прием за Меси и другарите.

Грузискиот Ван Бастен со гол на сезоната таму

Во 3. лига во Грузија падна најубавиот гол на сезоната. Ала Марко Ван Бастен од времето во Ајакс и Милан.

Бугарски голман направи смешен кикс

Локомотив Софија победи 3-1 против Добруџа во 24. коло од бугарската Прва лига. Конгоанецот Рајан Бидунга даде гол за домаќинот ама даде и автогол. Со глава ја врати топката до голманот Александар Љубенов кој направи голем кикс.

Ако Иран се повлече од Светско го жртвува и Мундијалот 2030?

На 100 дена до стартот, сè уште е нејасно дали Иран ќе игра на Светското првенство во САД. Земјата од која деновиве претрпува жестоки воздушни напади. ФИФА повикува на обединување.

Голман на Војводина одбрани 4 пенали

Третопласираниот тим во српската фудбалска Супер лига, Војводина синоќа во Купот на Србија едвај се спаси против второлигашот Трајал од Крушевац и победи на пенали. Интересно основниот дел заврши 1:1, домаќините промашија пенал во длабоко судиско продолжение а во пенал серијата голманот на Војводина Матија Гочманац одбранил дури 4 пенали на Трајал!

Летаа топки снег на тренинг на Баерн

Баерн Минхен минатата недела едвај го доби дербито на гости против големиот ривал Борусија Дортмунд 2-3 и се одвои +11 бода на табелата пред нив на табела. Баварците утре вечер играат натпревар од Бундеслига дома против Борусија Менхенгладбах а следната недела ги чека предизвик во Лига на шампиони против Аталанта на гости. До тогаш уживаат и се гаѓаат со топки снег на тренинг.

Евроголот со кој Њукасл го урна Манчестер Јунајтед со играч помалку

Њукасл играше со играч помалку цело второ полувреме откако на крајот од првиот дел беше исклучен Џејкоб Рамзи. На полувреме се отиде со резултат 1-1 по головите на Ентони Гордон од пенал и Каземиро и двата во судиско продолжение. Њукасл во 89' постигна прекрасен гол преку 22-годишниот Данец со африканско потекло Вилијам Осула за огромна победа и злато вредни 3 бода.

Откачен гол ала Роналдо, уште пооткачена прослава

Извесен Мирко Морети, генерација 2004-та, постигна гол во Серија Ц кој потсеќа на оние фамозни ножички на Роналдо во дрес на Реал против Јуве. Дечкото е роден за акробации. Погледнете му ја прославата. Од фудбал на гимнастика се префрли.

Се исплаши гол дека ќе дадеш а?

Парагваецот Роберт Моралес од мексиканскиот клуб Толука, сигурно влегува во топ 5 листа на најголеми промашувања за 2026-та. Ова со заврзани очи треба да го даде.

Велемајсторија на Нотингем Форест, Донарума во бунило

Манчестер Сити киксна против Нотингем Форест и пропушти можност да ја намали негативата со лидерот Арсенал. На два пати имаа предност, но гостите се изборија за израмнување и стигнаа до 2:2. Морган Гибс Вајт го понижи својот чувар со петица кроз нозе, на која наседна и Донарума. Убав гол даде и Елиот Андерсон.

Зијеш игра во татковината и дава супер голови

Во дербито на мароканскиот фудбал, Видад дома изгуби 1-2 од ФАР Рабат. Прекрасен гол за домаќините даде Хаким Зијеш, некогаш врвниот талент на Ајакс кој блескаше во Европа но рано се врати дома лани во 2025-та, носталгичен по Мароко и тамошниот фудбал.