Стразбур го декласираше Мајнц со 4:0 во реванш четвртфиналето од КЛ, резултат кој го носи во полуфинале после поразот од 2:0. Надием Амири не можеше да го поднесе славјето на домаќините со корнер знаменцето и предизвика групна тепачка. За агресијата доби црвен.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е во официјална посета на ФФМ, заедно со Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации и Денис Бастари, раководител за развој на националните асоцијации. Меѓу подароците, доби и шарпланинец.
Лотито во 2020-та, ненадејно плати 20 милиони евра за напаѓачот од Фенербахче, Ведат Муриќи. Навивачите на Лацио го сметаа за најголема превара од играч. Остана сезона и пол и за 49 натпревари постигна 2 гола. Во Мајорка е веќе четири и пол сезони и оваа му е врвот. 21 погодок на 30 натпревари, само 2 помалку од Мбапе и 6 повеќе од Јамал. По двата комада против Рајо изминатиот викенд му скандираа: „Златна топка“, а овој им гестикулираше да не се чакнати. Има 32 гола на 68 средби за Косово. Се препороди.
Главна тема во бразилската јавност е дали селекторот Карло Анчелоти да го повика Нејмар на Светско првенство 2026 летово. Анчелоти не го стави на список фудбалерот на Сантос за последниот собир а прашање е дали ќе го вика за Мундијалот. Италијанецот се консултирал и со Лула, претседателот на Бразил.
Баерн и Реал приредија фудбалска претстава за сите пари и со сите нишани. Со куп голчишта, картони, груба игра, црвени, ВАР...Рудигер му влезе намерно на Станишиќ и тоа во акцијата кога Мбапе даде гол за 2:3. Играта продолжи.
Прштеа фрустрации и нервоза кај фудбалерите на Реал Мадрид по загубениот реванш со Баерн Минхен на кој дури 3 пати водеа и имаа резултат кој ги води во полуфинале на Лига на шампиони. После мечот Арда Ѓулер доби црвен картон зошто им се пушти на судиите а Џуд Белингем со сета сила го рогна ВАР мониторот кој можеше да падне и да се оштети.
Популарната „салатара“, еден од најсимпатичните трофеи кои се доделуваат за шампион во германската Бундеслига, веќе немал простор за на него да се изгравира името на новиот првак. Нема проблем, нашле решение кај еден кујунџија од Бремен кој направил нов, поголем и поширок.
Во четвртфиналето од Конкакаф Купот на шампиони, Сиетл Сандерс со 3-1 го совлада Тигрес УАНЛ од Мексико. Стрелец на вториот погодок за домаќините беше македонскиот репрезентативец Дени Мусовски, а на овој натпревар гостинскиот играч Диего Лаинез имал глума на сезоната.
Во голема нервоза помина синоќешниот реванш од четвртфиналето на Лига на шампиони. Прштеше сè од фаули, прекршоци, тензија. Винисиус во еден момент го оттурна и фаулираше Кимих ама не доби ниту жолт картон. За што се бунеше цел натпревар никому не му е јасно.
Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал се последни полуфиналисти откако вечерва успешно ги одиграа реваншите со Реал Мадрид и Спортинг Лисабон. Баварците губеа дури три пати, три пати се враќаа и на крај славеа 4-3 на преполната „Алијанц Арена“.
Арда Ѓулер постигна гол уште во 36-та секунда од реваншот Баерн Минхен - Реал Мадрид по кардинална, незапаметена грешка на голманот Мануел Нојер кој му ја подари топката пред празен гол. Сјајниот Турчин потоа постигна преубав гол од слободен удар. Баерн израмнуваше а до полувреме Мбапе го донесе Реал во водство 2-3!
На македонските портали се рашири информација дека играчите на Вардар се спремаат за штрајк, бидејќи аргентинските фудбалери биле единствените кои целосно и без доцнење земале плата. Извршениот директор на клубот, Миленко Неделковски ги демантира тие тврдења со Фејсбук статус.
Бразилски Сантош ремизираше 1-1 против Депортиво Реколета во рамките на 2. коло на Копа Судамерикана (пандан на Лига Европа во Јужна Америка). Нејмар постигна гол за бод а овој резултат ги разочарал навивачите со кои некогашната ѕвезда на Барселона и ПСЖ влезе во конфликт.
Јури Месијас од екипата на Валета е стрелец на гол-кандидат за наградата „Ференц Пушкаш“ на крајот од оваа сезона. Тој против Гзира Јунајтед постигнал страшно голчиште од средина на игралиштето.
На дуелот меѓу екипите на Национална Банка и Ал Мокавлун во египетската Премиер лига, во 77' минута домаќинот израмнил но судијата чекал три минути да види ВАР и да се консултира со ВАР собата дали имало офсајд. Откако досудил дека голот е чист фудбалерот Уфа го бакнал во главата. На крај Национална Банка славела 2-1.
На 5 кола до крајот на германскиот шампионат, Баерн има +12 пред Дортмунд, што значи дека му преостанува уште математички да ја осигура титулата. Каде ќе се изгравира нивното име кога просторот на трофејот е полн со прваци?
ПСЖ релативно лесно се справи со Ливерпул и го елиминираше со две победи од по 2:0. Реваншот можеше да биде многу поинтересен и да влезе во неизвесност. Ван Дајк в раце го имаше водството од 1:0 во првиот дел. Маркињос спаси чист гол и збесна од радост.
Барселона има зошто да ја жали пропуштената шанса за полуфинале во ЛШ. Имаше 0:2 до 24 минута, 71% посед на топка и 15 шутеви од кои 8 во рамки на гол. Араухо во 97-ма минута промаши чиста шанса за продолженија.
Барселона го совлада Атлетико Мадрид 1-2 на гости но не успеа да го надомести поразот од 0-2 на домашен терен во четвртфинале на Лига на шампиони. Тимот на Диего Симеоне оди понатаму. Синоќа после мечот еден од најрадосните беше Антоан Гризман кој по крајот на сезонава го напушта Атлетико Мадрид и ќе се сели да игра во Орландо во МЛС лигата во САД.
Анди Наџар се вика царот на денот, кој има 33 години и игра на позиција десен бек во селекцијата на Хондурас и клубот Нешвил од МЛС. Пазете му ја транзицијава. Офкаа коментаторите. Штета за финишот.
Сите ние кои игравме фудбал во маало во 90-те го знаеме многу добро муабетот, па дури и сериозно си го сфаќавте, а тој гласи вака: Не седи на топката, јајце ќе стане :).
Фудбалерите на Атлетико и Барселона водеа војна на Метрополитано за пласман во полуфинале. Гави по еден воздушен дуел со лакт му го раскрвари лицето на Руџери, но многу поопасен изгледаше ударот на голманот Мусо кој со крампони му влезе во фаца на Фермин Лопез. Им се отвори многу работа на лекарите.