Прекрасен гол на Матеј Гаштаров во Конференциска лига

Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров (20) постигна преубав погодок за Црвена звезда на гостувањето кај белгиски Гент за конечни 1-1 и му донесе бод на белградскиот тим. Гаштаров речиси цел натпревар играше на неприродна позиција за него - стопер, а во финишот доби слобода напред и после соло продор даде сјаен гол.

 

26 ноември 2026 - 22:54