Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари
26 ноември 2026
- „Неприфатливо е европските аспирации на Албанија да се користат како средство за притисок врз земјата да прифаќа политики што придонесуваат за асимилација на македонското малцинство“.
- „Македонците во Албанија не смеат да станат колатерална штета во процесот на европска интеграција на Албанија“, рекол, претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, на состанокот со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран во Женева од Обединетите Нации.
- Стерјовски потенцирал дека малцинските права не смеат да бидат инструментализирани за геополитички цели и дека никому не смее да му биде наметнуван идентитет спротивен на неговото слободно право на самоопределување.
-
Го повикал Специјалниот известувач на ОН за малцински права, Николас Леврат, да посвети посебно внимание на положбата на македонското малцинство во Албанија, да ја посети земјата и да ги посети областите населени со Македонци.