Албански имигранти провалиле во резиденција на принцот Вилијам
25 ноември 2026
- Двајца имигранти од Албанија се уапсени под сомневање за провала и кражба во резиденција на принцот Вилијам и принцезата од Велс во понеделникот вечер.
- Според „Телеграф“ и „Сан“, на едниот од уапсените албански државјани му било истечено барањето за азил, а имиграцискиот статус на вториот не е познат.
- За време на провалата, немало никој во резиденцијата Анмер Хол, на имотот Сандрингам во Норфолк.
- Полицијата објави дека во потрагата по провалниците ангажирала специјални ресурси, вклучувајќи кучиња, беспилотни летала и хеликоптер.
- „Двајца мажи беа уапсени на имотот под сомнение за провала и неовластен влез. Тие остануваат во полициски притвор“, наведува во официјалното соопштение, без да го објави идентитетот на провалниците.