Девет години МВР трага по човекот кој украде 150 кебапи
25 ноември 2026
- Изразот „само оној со ќебапите остана во затвор“, кој се користи во политичкиот фолклор во Македонија, не ја одразува вистината.
-
Петре Караманов од Велес, осуден за кражба на ќебапи, после првиот слободен викенд што му беше дозволен во 2017 година, не се врати во затвор.
-
Девет години велешанецот неуспешно се бара со централна и меѓународна потерница.
-
Дури и кога го ограбил ресторанот во близина на автобуската станица во Велес, од каде што ги украл ќебапите, тој отслужувал затворска казна за друго кривично дело. Според неофицијални информации од Велешкиот суд, мерки му биле изречени уште кога бил малолетник.
-
Иако овој случај во јавноста бил претставен како неправда против граѓанин, судската одлука не била само за 150 ќебапи, пишува Фактор.