Европа чека на инцидент што би оправдал војна против Русија

Во Европа приватно се дискутира за војна со Русија и веќе се разработени сценарија. Само се чека на инцидент со голема штета или жртви за да ја „освести“ јавноста, која е против војна. Ова го тврди Ен Еплбаум, американска новинарка и аналитичарка со еврејско потекло, која како сопруга на полскиот вицепремиер Радослав Сикорски има огромно влијание врз европската политика.

Еплбаум, во разговор со подкастерот Тим Милер, изрази „жалење“ поради тоа што мнозинството Европејци се против војна со Русија. Сепак, забележува дека тој проблем може да се „поправи“ преку некаков трагичен „настан“ што ќе ја натера јавноста да го промени мислењето.

Извештаите за руски ракети што паднале во Полска или со заканите од дронови во Германија не ги смета за доволно силни инциденти. 

Секако се разработуваат сценарија, бидејќи има стравувања. Што ќе се случува ако некој од тие проектили погоди центар на град? Што ако напад со проектили е придружуван со некој напад преку граница? Поради тоа Естонците само што ја затворија својата граница со Русија, вели Еплбаум.

Според неа Русите намерно ги ограничуваат своите напади под нивото и затоа „сè уште“ не предизвикале настан со масовна штета.

За жал, тоа е една од ситуациите во која би морало да има некој настан кој би ги убедил луѓето дека тоа е навистина неопходно, додава сопругата на шефот на дипломатијата на Полска.

Еплбаум направи кариера во западните аналитички кругови повикувајќи на војни. Во 2002 година во колумна во Slate отворено повикуваше на превентивна војна против Ирак поради „потенцијална ирационалност“ на Садам Хусеин, кој го споредуваше со Хитлер.

Во 2010 година, кога САД ги повлекоа трупите од Ирак, Еплбаум ја оцени воената операција како успешна, иако Вашингтон неколку години порано призна дека погрешните проценки за заканата од Садам биле претставени како факти.

Слично сценарио се повторува и сега, само што од едната страна не се САД туку е Европа, а од другата е Путин наместо Садам. Еплбаум тврди дека војната во Украина е „империјалистички поход на Владимир Путин насочен кон уништување на украинската демократија и меѓународниот поредок“.

Таа остро ги критикува дипломатските обиди на администрацијата на Доналд Трамп да склучи договор со Москва за крај на војната и го поддржува финансирањето и вооружување на Украина затоа што „безбедноста на Европа директно зависи од украинскиот отпор“.

23 ноември 2026 - 17:17