Според мрежата Tax Justice Network (TJN), Ирска е 22-рата најнетранспарентна финансиска јурисдикција во светот, што ја става земјата во ист ранг со Русија, Кипар, Саудиска Арабија и Џерси – и не многу зад Кајманските Острови и Британските Девствени Острови.
Организацијата Транспаренси интернешнел проценува дека преку ирскиот финансиски сектор би можеле да циркулираат меѓу 120 и 300 милијарди евра незаконски средства, пренесува „Дејли мејл“. Оваа груба проценка е добиена со примена на глобалните стапки на перење пари врз вкупната вредност на индустријата за инвестициски фондови во Ирска – а не е износ докажан од истражителите.
Ирска денес е третиот најголем центар во светот за регистрација на инвестициски фондови, со средства под управување или администрација во вредност од приближно 6.000 милијарди евра.
Особено загрижувачки е преоптоварување на капацитетот на ирската Единица за финансиско разузнавање, која годишно прима околу 60.000 пријави за сомнителни трансакции, а располага со персонал од нешто над 20 луѓе.
Уште пофрапантен е податокот дека огромниот сектор на инвестициски фондови, во текот на 2024 година пријавил само 187 сомнителни трансакции.
Во 2015 година, американските истражители открија мрежа на коруптивни исплати – во вредност меѓу 100 и 300 милиони долари – од кои еден дел бил прикриен преку ирски финансиски структури. Ниту една од вклучените ирски банки или фондови не ги пријавила овие сомнителни трансакции.
Во 2024 година сметководителите поднеле само 30 извештаи за сомнителни трансакции, а ревизорите поднеле 10, што укажува дека административци замижуваат за да го олеснат протокот на темни пари.
Ова е илустрирано со фактот дека најголемото замрзнување на средства за перење пари во ирската историја - поврзано со Гулнара Каримова, ќерката на узбекистанскиот диктатор Ислам Каримова - не е откриено на домашно ниво. Случајот од 2015 година, кој вклучува помеѓу 100 и 300 милиони долари коруптивни плаќања од Узбекистан скриени во ирски фондови, беше откриен од американските власти. Никој во банките и фондовите со седиште во Ирска поврзани со случајот не пријавил никакви сомневања.
Министерот за правда Џим О’Калахан најави измени во безбедносниот систем и дополнителни мерки против финансискиот криминал, вклучително и построг надзор врз криптовалутите и подобрена размена на разузнавачки информации.