(Само) Дино Мерлин би рекол: Шилегов, врати се!
22 ноември 2026
- Откако остана без настап на сплитската „Рива“, Дино Мерлин би можел да се соочи со уште едно откажување. Овој пат, неизвесна е судбината на неговиот нововогодишен концерт во црногорски Бар, закажан за 1 јануари 2027 година, поради високите трошоци за организација.
- Мерлин требаше да настапи на 30 декември во Сплит но по бројните реакции за цената на настапот, градоначалникот Томислав Шута објави дека Сплит нема да го потпише договорот.
- Подоцна тимот на Мерлин објави дека понудената и прифатена цена за ангажманот била 140.000 евра бруто. За Бар се спомнуваат вкупни трошоци од 300.000 евра.