Здравје

Мамурлак од горештини

Кога ќе удрат екстремните летни горештини, луѓето се пазат од сончаница и пијат вода, но треба да останат претпазливи и во следните неколку дена, откако температурите ќе почнат да опаѓаат. Додека телото не се опорави од стресот, страда од мамурлак од топлотен бран – вртоглавица, замор и исцрпеност. Во тој период треба да се избегнуваат физички активности и тешка храна.

Млади, не пушат, здраво се хранат, а почесто имаат рак на бели дробови

Исхраната богата со овошје, зеленчук и интегрални житарки долго време се смета за темел на одржувањето на здравјето и намалувањето на ризикот од болести, вклучително и рак. Сепак, ново истражување покажува дека млади Американци кои здраво се хранат и не пушат имаат натпросечна веројатност да развијат рак на белите дробови.

„Растителното месо“ има повеќе адитиви од вистинското

Милиони луѓе се префрлаат на растителни замени на месото и на млечните производи за да се хранат „поздраво“. Нова студија открива дека алтернативите се полни со гуми, емулгатори и стабилизатори за да го имитираат вкусот и текстурата на месото и млекото што треба да ги заменат. Не се нужно штетни за здравјето, но немаат никаква предност во однос на природните.

Британија потрошила 10 милијарди фунти на неупотреблива опрема за ковид

Несоодветни или неупотребливи биле две третини од сите средства за лична заштита на персоналот во британските болници за време на пандемијата, заклучи независна комисија за ковид. Кога почнала пандемијата, магацините биле празни. При итните набавки приоритет имале добавувачи што се поврзани со владата. Се кроеле импровизирани мантили од ќеси за ѓубре.

За половина век се преполовил тестостеронот кај мажите

Денешните мажи просечно немаат ни половина од тестостеронот што го имале мажите во 1979 година, покажува ново истражување. Отсуството на машките хормони се поврзува со намалената плодност, со падот на расположението, енергијата, метаболизмот, мускулната маса, густината на коските, па и со сè поизразената женственост на денешните мажи.

Во ЕУ со години се прска со пестицид со лажен извештај за безбедност

Земјоделско средство за уништување на габи пред две децении било одобрено од ЕУ како безбедно врз основа на погрешни заклучоци од истражување кое било спонзорирано од производителот. Дури сега, во студија спроведена со идентични методи, е потврдено дека фунгицидот може да предизвика трајни последици за развојот на мозокот.

Канада поставува граница на еутаназијата

Парламентарна комисија во Канада ја отфрли иницијативата да им се овозможи асистирана еутаназија на пациенти кои страдаат од депресија или шизофренија и кои во налет на болеста може да решат да си го одземат животот. „Влада која нуди смрт како излез од проблемите што ги наметнува општеството воопшто не е хумана, туку е спротивното“, заклучува комисијата.

Врховниот суд ги заштити трујачите со хербициди од тужби на болни од рак

Врховниот суд на САД  им дозволи на агро-хемиските гиганти да не објавуваат предупредувања на своите хербициди дека се токсични и може да предизвикаат рак. Ако федералната агенција не бара такви етикети, сојузните држави немаат право да покренуваат процеси. „Информациите што се спротивни на заклучоците на EPA се по дефиниција неточни“, наведува судот.

Лабораторија во САД прикрива инциденти со опасни вируси

Виролозите и раководителите на лабораторија во Монтана во која се истражуваат смртоносни вируси се однесуваат како каубои - не ги почитуваат строгите протоколи и прикриваат инциденти што се закана за јавното здравје наместо да кренат тревога. Виролог носел вируси во авион. Заразен мајмун каснал вработен. Прашање на време кога ќе се случи катастрофа.

Фармацевтски гигант штелувал истражување за да продава ризичен лек

Фармацевтскиот гигант Амген e фатен дека манипулирал податоци од клиничко испитување на лек од кој очекувал профит од милијарди долари. Четири години криел несакани ефекти од лекот Tavneos, со што предизвикал осум смртни случаи и загрозил животи на 70 пациенти. ФДА ја потврди измамата и има право да го повлече лекот, но сè уште не го користи тоа овластување.

Откриени потписите на шизофренијата и биполарното растројство во мозокот

Со иновативен начин на проучување на човечкиот мозок, научници открија дека ментални состојби како шизофренијата и биполарното растројство оставаат уникатни електро-физиолошки потписи во мозочните мрежи. Откритието може да помогне за попрецизно дијагностицирање на менталните состојби и за дизајнирање персонални третмани за лекување.

10.000 чекори на ден е мит

Нова студија во која учествувале и истражувачи од Харвард го доведува во прашање широко прифатениот стандард од 10.000 чекори дневно, при што експертите заклучуваат дека „нема „подобар“ или „најдобар“ модел“ за постигнување здравствени придобивки преку одење. Четири илјади чекори, не мора секој ден, таман.  

Прва вакцина создадена од вештачка интелигенција

Истражувачи од Кембриџ ја претставија првата вакцина целосно дизајнирана од вештачка интелигенција, за заштита од сите видови коронавируси, вклучувајќи ги варијантите на ковид. Тестирана е на луѓе и покажала скромни ефекти, но без несакани појави. Тимот веќе користи ВИ за развој на универзална вакцина за сезонски грип, за птичји грип и за ебола.

Милиони жени ќе избегнат хемотерапија

Милиони девојки и жени со рак на дојка би можеле безбедно да ја избегнат хемотерапијата, откако научниците развиле ДНК тест кој може да направи разлика помеѓу оние пациенти кои ќе имаат корист од третманот и оние на кои таа терапија нема да им помогне. Меѓународната студија покажа дека дури над две третини би можеле да бидат поштедени од несаканите ефекти од хемотерапијата и да се лекуваат само со хормонска терапија.

Ракот напаѓа од пестицидите во лозјата

Бројот на нови случаи на рак во Франција се дуплирал од 1990 година. Најтешко се погодени винарските региони, во кои потрошувачката на пестициди е највисока во Европа. Винското грозје се прска 18 пати годишно. Во тој период концентрацијата на разни отровни состојки во воздухот во околните домови се зголемува понекогаш и стократно. 

Тексас отвора клиника за поништување на промена на пол кај малолетници

Најголемата детска болница во САД ќе ги запре хормонските и другите третмани за промена на пол кај малолетници и ќе ја отвори првата специјална клиника за поништување на медицинските третмани за „потврдување на полот“. Ќе плати отштета поради лажно книжење на интервенциите и ќе им обезбеди бесплатни услуги на пациентите што сакаат да си го вратат првичниот пол.

Најдоа нешто добро и од бракот

Блазе на ергените, ама оженетите имаат значително помала веројатност да развијат рак во текот на животот, покажува студија во која биле анализирани евиденции за 4 милиони луѓе во САД. Мажите кои никогаш не стапиле во брак имале 68% поголема веројатност да развијат рак во споредба со оженетите. Кај жените разликата е уште поголема – 85%.

Калифорнија забранува вештачки камен во кујните

Широко користени поради нивниот елегантен изглед и значително пониската цена на производство во споредба со природните материјали, работните плочи од вештачки камен се основен елемент во модерните домови. Но, под полираните површини се крие опасна белодробна болест – силикозата, за која нема лек и често пати има фатални последици.

6% од смртните случаи во Холандија се од еутаназија

Со еутаназија лани им бил згаснат животот на 10.341 жител на Холандија, што е околу 6% од вкупниот број смртни случаи. Оваа бројка се зголемува од година на година и не е ограничена само на луѓе што страдаат од неизлечиви болести. 174 лица избрале да умрат со еутаназија поради ментални болести, а 278 поради „други причини“, често пати без оправдување.

Срцето повикува на будност во врска со мелатонинот

Мелатонинот е природен хормон кој организмот го произведува ноќе а чии лабораториски синтетизирани верзии често се користат како помош за заспивање. Консензуално се смета за здрав за срцето. Сепак, една обемна нова студија сугерира дека редовните долгорочни корисници се соочуваат со поголем ризик од срцева слабост, хоспитализација, а со текот на времето, пу-пу, скраја да е.

Агенциите на Бајден со години го криеле ризикот од бустерите на Фајзер

Здравствените агенции во времето на Џо Бајден криеле од јавноста важни податоци за ризикот од бустер-вакцините против ковид-19, заклучија истражители од Сенатот откако прегледале околу 2.000 страници со доверливи документи. ФДА и ЦДЦ со години знаеле за врската на бустерите од Фајзер со ризик од мозочен удар кај пациентите на возраст над 65 години.

Нема доброволци за нови вакцини за ковид

Помина времето кога хистеријата за ковидот наметната преку медиумите им овозможуваше на фармацевтските гиганти да прават профити од милијарди долари од вакцините. Откако беa разоткриени манипулациите со имунизацијата, воведени се построги критериуми, а и луѓето одбиваат да бидат лабораториски заморчиња за експериментални вакцини.

Повеќе од 1.000 смртни случаи се на душа на мерките против ковид

Ограничувањата што британската влада во времето на пандемијата ги воведе како мерки за спасување животи, всушност предизвикале повеќе од 1.000 смртни случаи од состојби кои не се поврзани со коронавирусот. Луѓето биле доведени во заблуда и биле обесхрабрени да се прегледуваат и да бараат медицинска помош, дури и кога им бил загрозен животот.

Ја имаме првата ЧетГПТ вакцина за рак

Решен да го спаси своето куче болно од рак, на кое не му помогнале операција и хемотерапија, Австралиец со помош од ЧетГПТ развил формула за вакцина со mRNA. По две дози, туморите се намалиле и кучето живнало. За експертите, ова е пример како технологијата може да го олесни и да го „демократизира“ дизајнирањето персонализирани третмани против рак.